Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Текстот со внимание ќе го прочитам. Иако моите информљации за Ајнштајн не го ставаат меѓу деистите, би отишол најдалеку со агностицизам (и тоа секуларен), но сепак ќе му обрнам должно внимание.

Ниту јас не занемарувам ниту едно претходно откритие, уште помалку поради религиозните ставови на нивниот автор/креатор. Она што јас го спорам со Лурц е (1) трендот на атеизација на академската и научната фела кои, нели, се луѓето кои ги прават сите поместувања на човештвото напред. Мислам дека за ова нема што да се спори, нели, и (2) врската помеѓу религиозноста и благосостојбата на еден народ/држава. И едното и другото, јас го поткрепувам со валидни статистички податоци кои се резултат на сериозни и издржани научни истражувања (не се анкети по идеолошки засегнати сајтови или групи) и, се надевам, разбирливи и логични аргументи. Доколку останатите воајери на темава се согласуваат со мене, тогаш ја сум среќна коцка и моево време тука не е залудно изгубено.

--- надополнето ---



Епа, Мики, нема секој капацитет и подготвеност да раазбере све што ќе прочита...
Од старт нема да ти се допаѓа што е пишувано од верник :) но ... сепак е интересен. Ајнштајн неколку пати има изјавено дека го вреѓаат со тоа што го сврстуваат како атеист. Би се сложил дека е агностик, но тоа е страшно тешка тема за која има пишувано многу книги па не би сакал да тврдам или побивам.
Точка 1 - не е тоа тренд само на академската и научна фела, тоа е генерално тренд кај сите луѓе.
Точка 2 - незнам, не сум читал ништо на таа тема така да нема да коментирам.

--- надополнето ---

На почеток на темата има поставено 5-6 прашања кои барем јас како одговори ги сретнав. Атеистите, оние малку кои така се изјаснија дадоа одговор, посебно паметам дека Дибек го стори тоа. Дали некому се допаѓа или не тоа е друга работа, но тие разлики ја оптегнаа темата во правец дали постои бог, па која религија е најдобра, па кој има повеќе мозок ... не велам да ја умртвите темата, но многу е застранета, има неколку квалитетни подтеми тука :)

АЛЕРТ!!! Дибек, исчисти си го сандачето, јавува грешки форумов пошто ти е полно PHP Error ме фрсна зошто не си зачистил :)

--- надополнето ---

Вала јок...Ама еве, јаде од почеток....

Значи, си бил еднаш еден сингуларитет, во кој (као...) била збиена целата материја од Вселенава. И по некој најневеројатен случај, така збиената маса, пукнала и почнала нејзината ифлација. И во таквата инфлаторна рана Вселена, која почнала постепено да се лади, со местимични концентрации од материјата, се формирале прото-галаксиите, а во нивни рамки, се формирани сите денес познати честички.

И така натаму...

И ја имаме денешната слика за Вселената, која содржи наводно, 100 милј. галаксии, групирани во галактички јата, а секоја од нив содржи просечно по 100 милј, ѕвезди. Некои од тие ѕвезди имаат планети кои се „вртат„ околу ѕвездите по строго одредени еклиптики.

Така во макро-светот.

Во мирко-светот, имаме атоми, каде електроните се „вртат„ по стрго одредени орбити и орбитали, околу атомските јадра.

И сега, мојата мака е следна: што, по ѓаволите, се случило, па во така механички уредената Вселена, настанал живот!???

--- надополнето ---



Го делам ова мислење, имајќи ја на ум „отвореноста„ на твојот ум кон духовните категории...
Ајде од почеток ... прочитај што се ти е одговорено и не запнувај со глупави прашања. Ако некој е атеист не значи дека е луд физичар или филозоф да ти одговори што ќе ти падне на памет.
Значи твоето прашање/мака не е прашање кое е поставено со цел да добиеш одговор, туку прашање така извртено за да не добиеп одговор. Поентата ако не добиеш одговор би била дека Бог постои? Не ... едно со друго нема апсолутно никаква врска.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Што е „..неколку пати одговорено...„?

Ништо не е одговорено, освен ако папагалштината од типот „..не постои Бог...„ и „...она кое не постои, не се докажува...„ го сметаш за нечиј врвен интелектуален домет, разбираш...
Добро бе кој е тука папагал? Колку пати го повтори ова неточно твдрење??? Како што рекоа непостоење неможе директно да се докаже, зошто негација не се докажува на тој начин освен ако нема некои специфични својства екслузивни само за таа појава. На пример, постои доказ дека оженети ергени не постојат. По дефиниција, ерген не е оженет, па логички е ова вистина.

Кај Господ а воедно и сите божества не е така зошто сите се недефинирани и поимот Бог е толку "растегнат" што може да значи се и сешто. Еве ќе искористам прост пример, Сите верници пример викаат дека Господ ако постои мора да биде во плава боја, и сега да кажеме дека науката докаже дека нема теоретски шанси тој да биде во плава боја, тотално ја побива таа теза, дали верниците ќе кажат епа тој значи не постои? Не, ќе кажат чим не е плав тогаш мора да е црвен (или некоја друга боја) и така до бескрај. Хипотетичка ситуација која ја отсликува реалноста со прости зборови... Зошто факт е дека тие што сакаат да веруваат слепо ќе продолжат да се залажуваат без разлика дали науката им докаже или не.

Значи неможе директно да се докаже непостоење (ај ти докажи дека не постои невидлив слон со орелски крилја) а тој индиректниот не ви се допаѓа. Покажани ви се огромен број контрадикторности и нереални приказни во библијата (и секоја друга "света книга"), нелогичноста и апсурдноста на постоење на такво суштество и ред други работи. Џабе, не сакаш и не сакаат...

Зошто ти веруваш дека земјата е стара 6000 години (заеби диносауруси и други "измислици"), веруваш во змии што зборуваат, ребро што се претвара во жена, забранети овошја, одмарање на Господ на 7тиот ден и така натака. Е се додека не одлучиш сам да престанеш да веруваш во овие очигледни измишљотини џабе бараш докази од наука.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Абе, Боби, ако имаш некаков муабет - кажи го. Пошто навредите вон контекст ич не ме мотивираат.

И уште еднаш, по катаљонити пат, да пробам (знам дека е џабе, ама ај) Ако некој нешто докажува треба да докаже ДЕКА ПОСТОИ!!! Не можеш да докажуваш непостоење.

За моите аргументи зошто е невозможно и зошто е инфантилно да замислуваш Стар Бел Дедо на небото ќе треба да се навратиш низ темава. Нема да ти биде лесно, но ти ветувам дека ќе прочиташ многу интересни работи. Ако не ти се свиѓаат ;)

Мојата простотија ја пиеш ти и оние кои ја заслужиле. Останатите добиваат многу поинаков третман. Знаеш она: „На царот царевото...“

За глупостите мои, ќе треба да ги изолираш и контрааргументираш. Знам дека не е лесно, ама ајде, ќе те почекам...


Едноставно е бре дибек. Или кажи си дека не знаеш, или пак одговори на прашањето. Ако тврдиш нешто тогаш покажи ни врз основа на што го тврдиш тоа. Еве вака: Јас тврдам дека непостојат богови бидејќи/врз основа на/поради фактот....
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ајде од почеток ...
Е ајде де...

--- надополнето ---

... прочитај што се ти е одговорено и не запнувај со глупави прашања.
Види сеа, поставив прашања, па ако сметаш дека се претешки за Тебе, ич не се јавуј на форумов, квалификувајќи ги моите прашања за „глупави„.

--- надополнето ---

Како што рекоа непостоење неможе директно да се докаже,
Добро бе човек, оваа работа со недокажувањето ја читам по катаљонитти пат...Аман веќе...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Зошто ти веруваш дека земјата е стара 6000 години
Сто пати напишав дека православната проценка е 8 000 стара Земја, а геолошките (не црковните!) проценки и испитувања се дека староста од Земјава е 10 000 г., што е многу блиску до црковната проценка.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Едноставно е бре дибек. Или кажи си дека не знаеш, или пак одговори на прашањето. Ако тврдиш нешто тогаш покажи ни врз основа на што го тврдиш тоа. Еве вака: Јас тврдам дека непостојат богови бидејќи/врз основа на/поради фактот....
Еееее, друже, нема ја твоето невнимание да го наградувам со лични напори да се повторувам. Имаш на оваа тема 1597 постови сосе овој последниов. Од тие, барем 200 се мои - може се и повеќе. Моите одговори се тука. Биди малку доблесен и пронајди ги сам. Не биди мрзлив и не чекај некој да ти ги преџвакува и објаснува сите работи.

Читај. Све си пиши убо.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Добро бе човек, оваа работа со недокажувањето ја читам по катаљонитти пат...Аман веќе...
Епа мислам дека е крајно време да ја апсолвираш. Ако не можеш да ја сфатиш, барем не се срами повторувајќи го истото глупо прашање.

...или, види вака: Останавте уште ти и Боби. Само уште вие двајца не го разбирате тоа со некокажувањето. Имаш фора уште еден... ама кога и Боби ќе сфати и ќе престане да напиња, тогаш, срдечно ти препорачувам да се правиш дека разбираш, за да не ти се потсмеваме толку.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Сто пати напишав дека православната проценка е 8 000 стара Земја, а геолошките (не црковните!) проценки и испитувања се дека староста од Земјава е 10 000 г., што е многу блиску до црковната проценка.
congratulations_retarded.jpg
Според геолозите Земјата е стара 4.5 милијарди години -.-
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Сто пати напишав дека православната проценка е 8 000 стара Земја, а геолошките (не црковните!) проценки и испитувања се дека староста од Земјава е 10 000 г., што е многу блиску до црковната проценка.
Грешиш за геолошките проценки. Остај што грешиш, туку и свесно лажеш, бидејќи знам дека си запознаен со научно прифатената геолошка старост на земјата која изнесува 4.7 милијарди години (ти текнува на милијарда, не?).

За свесно лажење, Мики, Јахве ќе ти дае црвен и „че вријаш, мореее!“
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Според геолозите Земјата е стара 4.5 милијарди години -.-
Ај во ред, еве, ќе земам дека Земјава е (као....) стара 4,5 милј. години и дека е тоа атеистичка вистина.

Ајде сега, пак ќе поставам едно глупаво прашање: со која научна метода се избројани/проценети тие мнооогу години!???
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Еееее, друже, нема ја твоето невнимание да го наградувам со лични напори да се повторувам. Имаш на оваа тема 1597 постови сосе овој последниов. Од тие, барем 200 се мои - може се и повеќе. Моите одговори се тука. Биди малку доблесен и пронајди ги сам. Не биди мрзлив и не чекај некој да ти ги преџвакува и објаснува сите работи.

Читај. Све си пиши убо.
И еве пак не ми одговори. Претходно не сум прочитал да дадеш некој одговор на ова. Да заклучам ли дека немаш одговор? Дека неможеш да ми кажеш врз основа на што го тврдиш тоа што го тврдиш?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
бидејќи знам дека си запознаен со научно прифатената геолошка старост на земјата која изнесува 4.7 милијарди години (ти текнува на милијарда, не?).
Погледни го погоре поставеното глупаво прашање за милијардите...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
И еве пак не ми одговори. Претходно не сум прочитал да дадеш некој одговор на ова. Да заклучам ли дека немаш одговор? Дека неможеш да ми кажеш врз основа на што го тврдиш тоа што го тврдиш?
Добро, бе, Боби, знаеш ли да читаш? Ти пишува низ темава. Збери малку ум и прочитај. Што ме замараш да се повторувам?

--- надополнето ---

Ај во ред, еве, ќе земам дека Земјава е (као....) стара 4,5 милј. години и дека е тоа атеистичка вистина.

Ајде сега, пак ќе поставам едно глупаво прашање: со која научна метода се избројани/проценети тие мнооогу години!???
http://en.wikipedia.org/wiki/Age_of_the_Earth
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom