- Член од
- 5 август 2009
- Мислења
- 1.295
- Поени од реакции
- 484
Од старт нема да ти се допаѓа што е пишувано од верник но ... сепак е интересен. Ајнштајн неколку пати има изјавено дека го вреѓаат со тоа што го сврстуваат како атеист. Би се сложил дека е агностик, но тоа е страшно тешка тема за која има пишувано многу книги па не би сакал да тврдам или побивам.Текстот со внимание ќе го прочитам. Иако моите информљации за Ајнштајн не го ставаат меѓу деистите, би отишол најдалеку со агностицизам (и тоа секуларен), но сепак ќе му обрнам должно внимание.
Ниту јас не занемарувам ниту едно претходно откритие, уште помалку поради религиозните ставови на нивниот автор/креатор. Она што јас го спорам со Лурц е (1) трендот на атеизација на академската и научната фела кои, нели, се луѓето кои ги прават сите поместувања на човештвото напред. Мислам дека за ова нема што да се спори, нели, и (2) врската помеѓу религиозноста и благосостојбата на еден народ/држава. И едното и другото, јас го поткрепувам со валидни статистички податоци кои се резултат на сериозни и издржани научни истражувања (не се анкети по идеолошки засегнати сајтови или групи) и, се надевам, разбирливи и логични аргументи. Доколку останатите воајери на темава се согласуваат со мене, тогаш ја сум среќна коцка и моево време тука не е залудно изгубено.
--- надополнето ---
Епа, Мики, нема секој капацитет и подготвеност да раазбере све што ќе прочита...
Точка 1 - не е тоа тренд само на академската и научна фела, тоа е генерално тренд кај сите луѓе.
Точка 2 - незнам, не сум читал ништо на таа тема така да нема да коментирам.
--- надополнето ---
На почеток на темата има поставено 5-6 прашања кои барем јас како одговори ги сретнав. Атеистите, оние малку кои така се изјаснија дадоа одговор, посебно паметам дека Дибек го стори тоа. Дали некому се допаѓа или не тоа е друга работа, но тие разлики ја оптегнаа темата во правец дали постои бог, па која религија е најдобра, па кој има повеќе мозок ... не велам да ја умртвите темата, но многу е застранета, има неколку квалитетни подтеми тука
АЛЕРТ!!! Дибек, исчисти си го сандачето, јавува грешки форумов пошто ти е полно PHP Error ме фрсна зошто не си зачистил
--- надополнето ---
Ајде од почеток ... прочитај што се ти е одговорено и не запнувај со глупави прашања. Ако некој е атеист не значи дека е луд физичар или филозоф да ти одговори што ќе ти падне на памет.Вала јок...Ама еве, јаде од почеток....
Значи, си бил еднаш еден сингуларитет, во кој (као...) била збиена целата материја од Вселенава. И по некој најневеројатен случај, така збиената маса, пукнала и почнала нејзината ифлација. И во таквата инфлаторна рана Вселена, која почнала постепено да се лади, со местимични концентрации од материјата, се формирале прото-галаксиите, а во нивни рамки, се формирани сите денес познати честички.
И така натаму...
И ја имаме денешната слика за Вселената, која содржи наводно, 100 милј. галаксии, групирани во галактички јата, а секоја од нив содржи просечно по 100 милј, ѕвезди. Некои од тие ѕвезди имаат планети кои се „вртат„ околу ѕвездите по строго одредени еклиптики.
Така во макро-светот.
Во мирко-светот, имаме атоми, каде електроните се „вртат„ по стрго одредени орбити и орбитали, околу атомските јадра.
И сега, мојата мака е следна: што, по ѓаволите, се случило, па во така механички уредената Вселена, настанал живот!???
--- надополнето ---
Го делам ова мислење, имајќи ја на ум „отвореноста„ на твојот ум кон духовните категории...
Значи твоето прашање/мака не е прашање кое е поставено со цел да добиеш одговор, туку прашање така извртено за да не добиеп одговор. Поентата ако не добиеш одговор би била дека Бог постои? Не ... едно со друго нема апсолутно никаква врска.