Чекај сега, пак морам да се сложувам со твоите идеи за името на Бог? Сигурно не знаеш повеќе од мене за името на Бог во кого верувам? А што велиш за сатаната, сатанизмот, добар е? Ни збор немаш кажано секојпат кога се споменува (конкретно претходниот ден мислам од нихилистот, а и од мене). Сатанизмот е добра, вредна за почит и заслужна религија?
Можеби, но многу долго време науката се држеше за оваа теорија. Ја имат образложено математички, со раснење на универзумот, развој...токму од водечките сајнс списанија, НАСА сајтови и познатите авторитети (Хокинг, Саган....). Инаку на едно место (мислам дека Хокинг) некој (на прашањето што било пред тој почеток) имаше одговорено дека не се занимава со тоа, но најверојатно физичките, хемиските закони и константи биле сосем поинакви.
Инаку не е филозофија туку теорија за настанок и развој на универзумот, досега најексплоатирана (иако последно време се пробиваат и други размислувања и тези).
Знаеш кој ја засновал? Сигурно ќе видиш на нет...свештено лице. Свештеник и научник-физичар.
Сеуште сметаш дека оние списоци (као списоци од концлогори) за умовите кои го водат светот-атеисти се ок? Би требало да сме опен-мајнд...за нови информации
Еве го заедно со г-динот Ајнштајн врз чиј труд се базираат многу теории