Па добро де не е осудена уште ама беше во притвор. Имало докази кои зборуваат за нејзините незаконски дела и затоа и било одредено притвор.
Промовиран „Прирачник за примена на мерката притвор“
Скопје, 27 февруари (МИА) - Во Македонија мерката притвор се изрекува премногу често, трае долго, во голем број случаи јавното обвинителство во барањето за нејзино одредување не дава образложение на основите, што пак првостепените судови вообичаено некритички го прифаќаат и многу малку одредуваат алтернативни мерки, покажала анализата на околу 600 случаи на изречени мерки притвор направена од Набљудувачката мисија на ОБСЕ во земјава.
Со цел да се надмине лошата пракса Здружението на судии со поддршка на ОБСЕ изготвило „Прирачник за изрекување притвор“, што денеска беше презентиран пред поголем број судии, обвинители, адвокати..., а треба да им помогне на судовите во земјава да работат согласно меѓународните стандарди кога се приведуваат осомничени.
Судијата Маргарита Цаца Николовска, која е еден од изготвувачите на Прирачникот смета дека притоворот е мерка која треба да се изрече, доколку не постојат други алтернативни мерки. Таа додава дека голем дел од податоците во анализата укажуваат дека мерката не секогаш правилно се применува, но како што рече, што е уште поважно од решенијата не може да се утврди кои се аргументите за утврдената мерка, бидејќи е презентиран само законски текст.
- Европската конвенција за човекови права точно определува во кои исклучоци правото на слободата и на сигурност може да се ограничи, меѓудругото и примената на мерката притвор. Таа не бара само презентирање на законски одредби, туку на аргументи, докази и причини зошто е мерката изречена, додаде Цаца Николовска.
Професорката Гордана Бужаровска Лажетиќ, која исто така е еден од авторите, смета дека основото прашање е зошто не заживеале алтернативните мерки, дали е проблем во законските решенија или во нивната правна примена.
- Во прирачникот формулиравме препораки кога определена мерка може да се примени, кое се финесите, што значи куќен притвор, забрана за напуштање на живеалиштето, ветување дека нема тоа да го направи, кои се модалитетите кои можат да придонесат обвинителот пред се да предложи мерка за обезбедување присуство, а судот да ја индивидуализира согласно на личноста и стореното дело, рече таа.
Бужаровска Лажетиќ истакна дека не помалку важен е и фактот на финансиките импликации, кои на годишно ниво изнесуваат 950 илјади евра за имплементирање на мерката, без надоместоци на штета за неосновано изрекување мерка притвор.
- Мерката е скапа, нехумана, сурова, ја погодува презумпцијата на невиност, бидејќи му се изрекува на де јуре невино лице и треба да се сведе на крајни граници. Да се определи сразмерност на нејзиното определување, траење и крајниот исход на постапката, рече професорката Бужаровска Лажетиќ.
Министерот за правда Михајло Маневсски по промоцијата на Прирачникот, изјави дека тој ќе биде од исклучителна важност за судиите и јавните обвинители и оти дел од препораките и заклучоци од анализата веќе се вградени во новиот закон за кривична постапка, кој е изготвен.
„Прирачникот за примена на мерката притвор“ е поддржан и од Канцеларијата за развој на прекуморски обвинителства, помош и обука при Американското Министерство за правда.
--- надополнето ---
Абе ти можеш слободно во што сакаш да се сомневаш и да мислиш, тоа си е твое право!
Е сега ако нешто не ти е јасно, прво прочитај го прирачникот, па ќе ти објасне батко ти!