Zaphod Beeblebrox
Поранешен покул Божино
Скопје Гори 2011 бомба: Hurts во Македонија!!!
Почитувајќи ја желбата на публиката, во Скопје во 2011, да види нешто ново, свежо, актуелно и квалитетно, нешто чие време не e само сега одма, туку и нешто чие време допрва следи уште повеќе. Авалон продукција го обезбеди доаѓањето на последната голема британска атракција, реално извонредните и навистина многу популарни HURTS.
Датум 26-ти мај, локација Скопско Кале - open air. Еден ден пред Скопје, Авалон продукција ги носи Hurts во Белград на 25-ти мај во Белградска Арена! Повеќе детали за Hurts во Скопје и воопшто за евентот, наскоро.
Hurts - Theo Hutchcraft (24)-вокал и Adam Anderson (26)-клавијатури, се дефинитивно најновото, најбараното и најпродаваното музичко чудо на 2010 година. Ова манчестерско дуо од првото свое појавување на музичката сцена, претставува, спрема зборовите на многу музички критичари, а што е уште по важно спрема рекордниот број на фанови во многу кусо време, најдоброто нешто што се појавило на музичката сцена во 2010-та година. Се започува со поставувањето на нивниот нискобуџетен спот (20 фунти) за песната Wonderful Life на Youtube, 17 милиони прегледи на спотот е дефинитивен доказ дека приказната започнува.
Добро знаеме дека многу музички приказни започнале од Манчестер, но ниту една со толку голема брзина не се движела во музичкиот свет. На 6-ти септември 2010-та година Hurts го издаваат својот деби албум Happiness и моментално влегуваат во топ 10 во повеќе од 15 земји, а во 5 држави стигнуваат и до прво место со продадени преку 400 000 примероци во првите 12 недели. Во кратко време од албумот излегуваат дури 3 синглови, а веќе има најава за излегувањето на четврт сингл на 28-ми февруари. Секако за напомена е и фактот што на својот прв албум Hurts успеваат да направат и соработка со Kylie Minoque, која без двоумење ја прифаќа понудената соработка од тотално непознатиот бенд. 2011-та е секако година на Hurts, секојдневно потврдуваат учество на најголемите светски фестивали како Coachella, Isle of Wight, а секако е мало чудо што за прв пат на 26-ти мај Hurts ни пристигнуваат и во Македонија.
www.informationhurts.com
www.facebook.com/hurts
www.youtube.com/videohurts
Ваша,
Авалон Продукција
http://www.avalon.com.mk/NOV/
Има и на Кајгана Порталот
Едит бај Др.-АГАН
Почитувани, Ве информираме дека финално е затворен line up-от за Скопје Гори 2011,кој ќе се одржи на 26 Мај на Скопско Кале, како и тоа дека се познати сите детали околу влезниците.
Како што веќе ве информиравме headline-ри се Британците Hurts,a потврдени се и следните бендови: електронската европска атракција Gramophodzije, извонредниот белградски реге состав S.A.R.S., хрватските Surf рокери Bambi Molesters и нашите Чалгија Саунд Систем.
Како што можете да приметите интенцијата на фестивалот е оваа година да има свежи и актуелни имиња!
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 14 Март,по цена од 900ден. преку билет системот www.kupikartizase.com

Добро знаеме дека многу музички приказни започнале од Манчестер, но ниту една со толку голема брзина не се движела во музичкиот свет. На 6-ти септември 2010-та година Hurts го издаваат својот деби албум Happiness и моментално влегуваат во топ 10 во повеќе од 15 земји, а во 5 држави стигнуваат и до прво место со продадени преку 400 000 примероци во првите 12 недели. Во кратко време од албумот излегуваат дури 3 синглови, а веќе има најава за излегувањето на четврт сингл на 28-ми февруари. Секако за напомена е и фактот што на својот прв албум Hurts успеваат да направат и соработка со Kylie Minoque, која без двоумење ја прифаќа понудената соработка од тотално непознатиот бенд. 2011-та е секако година на Hurts, секојдневно потврдуваат учество на најголемите светски фестивали како Coachella, Isle of Wight.
Gramophonedzie – Марко Миличевиќ- Белград. Mоментално најуспешен српски музичар, a во светот актуелен со својот хит “Why Don’t You”. Марко Миличевиќ својата музичка кариера ја започнува во 2000-та година кога бил избран како стипендист во Red Bull Music Academy во Ирска. Претходно има завршено студии по Музички Дизајн на Белградскиот Универзитет и започнува со продукција на музика за бројни реклами, филмови како и музичката тема за големото телевизиско реално шоу “Big Brother” за цел Балкан. Последните четири години Марко, под псевдонимот Gramophonedzie, потпишува песни за голем број на независни издавачки куќи, како Gotta Keep Faith, Yazuka, Guesthouse, DiskoZoo, Oxyd and Shak Digital. Синглот “Why Don’t You” стана една од најголемите клубски хитови на 2009 година и доби широка клубска поддршка од Erick Morillo и Steve Angello до Dennis Ferrer и Louie Vega. Исто така доби и голема поддршка од радио станиците од Европа, а од Giles Peterson е прогласена за број 1 песна за 2009-та.“Why Don’t You” беше хит број 12 на топ листите во Британија веднаш по објавувањето и остана во првите 20 неколку недели. “Why Don’t You” исто така надмина над 5,000,000 погледи на YouTube и ужива голема популарност во етерот како на TV така и на радиостаниците.
Elemental - Бендот е формиран во 1998 година и од тогаш има издадено пет студиски албуми, со препознатлив звук на единствена мешавина од рап, фанк, соул, џез и рок. Секако најголемата сила на бендот е во нивните текстови кои се секогаш daring, реалистични и изразено искрени.
Во текот на годините Elemental се наградувани со безброј награди, меѓу кои секако за напомена е "Сребрена Плоча" за албумот "Vertigo" од страна на дваесет музички критичари е прогласен за најдобар албум во 2010-та година. Во последниве неколку години, Elemental имаат преку 300 концерти што доволно зборува за нивната популарност, а оваа година покрај настапот на Скопје Гори 2011, веке е договорен и нивниот настап и на најголемиот хрватски фестивал T-mobile IN music.
S.A.R.S-Бендот го основаа во Март 2006-та година во Белград, Александар Луковиќ-Лукас и Драган Ковачевиќ-Жабац. Во фузија на музички правци и идеи од кои потекнуваат настанува единствен звук и стил на бендот.
Денешната постава на S.A.R.S ја сочинуваат: Жаре-Вокал, Лукац-Гитара, Ѓоле-Бас, Тихи-Тапани, Бора-клавијатури и хармоника, Перо-Тромбон и сакс и Сања-пратечки вокал.
Кон крајот на 2007 во RLZ студиото во Ресник ја снимаат својата прва песна со наслов Буѓав Лебац и ја ставаат на интернет. Првиот сингл на S.A.R.S многу брзо постанува голем хит во Србија и на бившите Југословенски простори. Успехот и прифатеноста на оваа песна е посебен социолошки и културолошки феномен. Особено ако се земе во предвид дека се работи за потполно анонимен бенд без парична поддршка и класична медиска промоција.
Кон крајот на 2008 година добиваат понуда да снимаат албум за националната издавачка куќа PGP RTS. Првиот албум со продуцентска помош на Ѓорѓе Миленковиќ (Skaj Vikler), е завршен за неколку месеци и објавен е во Март 2009-та година. Меѓу гостите на овој албум се појавуваат, помеѓу останатите, Немања Којиќ Којот (Eyesburn), Александар Сале Седлар Богоев, Владан Рајовиќ (Канда, Коџа i Небојша)
„Чалгија саунд систем“ е состав во чијшто фокус е чалгиската музика. Целта на составот е, од една страна, да го одржи чалгискот израз, проучувајќи го богатото наследство од мелодии и форми кои составот ги изведува доследно и верно на традицијата. Составот започна да работи во 2008 година, иако за првпат заедно настапија во мај 2006 година на завршниот концерт на школата за чалгија којашто во рамките на проектот „Бидичалги“ ја организираше оркестарот „Пеце Атанасоски“ во соработка со Профундус. Најдобар сведок за моќноста и универзалноста на чалгиската музика, како и за искреноста на изразот на составот, е големиот број настапи на групата на различни манифестации и фестивали на којшто публиката никогаш не останува рамнодушна.
извор