Другари ако гледаме реално, заслуживме да изгубиме. Вината не можеме да ја бараме само во пеналот и во пеналот. Треба да се согласите дека тотално не надиграа. Игравме како да играчите немаат играно никогаш заедно, како да немаа креативност, како да игравме буквално без среден ред, за разлика од нас каде манчестер играше многу опуштено и го контролираше средниот дел од теренот. Да не се лажеме, загубивме заслужено и треба да им се честита.
Да почнеме со тренерот. Карло Анчелоти. Точно е дека лани кога дојде уште од првата сезона освои 2 трофеја што е за поздравување и со тоа ја изигравме најдобрата сезона во историјата на клубот освојувајќи го дабл-от, но понекогаш овој човек знае да направи нешто што ни самиот не знае зошто го направил тоа. Знае да направи потег сосема бесмислен. Па добро бе копиле едно италијанско смрдено, биваше да правиш измени во 70 - та минута? Како да не ти беа доволни 5 минути од вториот дел да увидиш дека ништо не функционира како што треба ни по 15-минутната пауза? Погрешна формација уште од старт, како што кажа давор (вори) формација 4-4-2 се игра ако имаш фантастичен плејмејкер налик на Снајдер (Снајдер-от од лани) или некој друг. Кој е кај нас класичен плејмејкер? Есиен можеби или Рамирез? Неее, нема кај нас таков, до пред некое време беше Лампард, но сега не е. Со сета почит кон легендава на Челзи, но мислам дека играчов по 2 месечната пауза на стартов од сезоната, не е веќе тој истиот играч, не е тој лампард кој што знае со 1 потег да реши меч. Како што кажа Давор комплетно се согласувам со него за се што кажа за лампард. Се мести 3 саата за удар, ги нема тие фантастични пасови. Дури не знае и перфектно да изведе корнер. Гледавте ли како ги изведуваше корнерите сиромашно? Да се вратиме на муабетот, значи Анечелоти погреши уште од старт. Каде погреши уште од старт, не знае ни измена да направи како што треба .. Па кој курац го држиш дрвото Босингва уште во игра, коој курац го вадиш Дрогба, единствениот играч кој што се залагаше на теренот, а не го извади Торес (Јоој господи, овој ќе биде и поголем Фејл од Шевченко. Дај бар мене да ме земеа во Челзи за 100 евра, барем ќе ме платат за помалце и нема да давам голови. Овој 50 милиона евра, а сега за сега е камен невиден. Не гледам ништо од оној Торес кој го бушеше Арсенал, Челзи, Манчестер Јунајтед во секое дерби во Премиер лига.). Жирков - Фејл. Подобро ќе беше Малуда да играше цел меч, бар знам дека е продорен, овој ни пас, ни продор, 0, компир. Го вади Босингва, го става Микел кој нема играно подолго време, а Есиен го става десен бек? А јооооооооооој ...
Да прокоментираме нешто и за играчите .. Одбраната и не можеше полошо да изреагира при примениот гол. Она копилено португалско све да му ебам, наместо да ја чека на волеј топката од воздух, ја гледа како му доаѓа на Гигс на нога и наместо да продолжи да трча кон него да го сопре, само го проследи со поглед. Директен кривец за голот - пу све да ти ебам женско у фамилија. Тери и Иванович како и секогаш срце оставаат на терен. Ешли Кол - камен, дупка, дрво .. Средината не мора да ја коментирам нели? Впрочем чекај, имавме ли средина на мечов? Anyone? Нападот како што и реков претходно, Торес премногу премногу премногу статичен, не знае да се ослободи од топка, не знае да направи простор за шутм едноставно не е тој истиот Торес кој што газеше во Ливерпул. Да се надеваме наредната сезона ќе биде подобар, зашто ако не биде, не само што дадовме 50 милиона за НИШТО, туку ќе претендира за еден од најголемите фејлови од трансвер не во историјата на Челзи, во историјата на фудбалот (4-ти најскап фудбалер во светот после Зидан, Роналдо и Кака) Срам .. Дрогба сиротиот не може сам да игра, не може да се бори сам без подржка од никого со коњови ко Фердинанд, Видич и остали .. Анелка влезе, ко да не ни влезе.
За судијата таман го пофалив пред мечот, реков солиден судија, како малер да напраив да ми се исуши ебенава уста. Не бе не, ова само на Челзи може да му се случи во ЛШ. Не можам, едноставно не можам да пронајдам друг тим во ЛШ кој што е пооштетен во Челзи. Дали не мрази УЕФА, дали е нешто друго работата, не знам, едноставно не можам да најдам друг тим во ЛШ кој што е пооштетен од Челзи. Од Овребо, до лани со Интер каде не беше досуден пенал за Челзи на Сан Сиро по фаулот на Калу, до ова вечерва, па до голот на Гарсија непостоечки во полуфинале во ерата на Мурињо .. Најмногу ќе ми биде жал за Тери, Дрогба и Лампард ако не го освојат овој трофеј, луѓево изгинаа сиве овие години за тој трофеј, уз пут со големи судиски неправди, но тоа е фудбалот, тоа е животот. Иначе да надополнам мечов ми личеше како оној со Ливерпул кога загубивме 0-1 оваа сезона како и оној Челзи - Интер исто кога изгубивме 0-1. Тотално копи - пејст ми е мечов од овие 2 меча.
За реваншот, не знам што да кажам. Победа треба за да се иде понатаму. Победа од 0-1 за продолженија, а друга било каква победа за пласман понатаму. Тешко ќе биде, али да им дадеме шанса да се соземат 1 недела и после да ги праќаме за во Аушвиц и Треблинка. Сепак ова е фудбал и видовте што се случи сиве овие недели, од поразот на Интер дома со 0-1 од Баерн па до победата од 2-3 на Алианц Арена, па до поразот дома од Шалке 2-5. Едноставно топката се врти и се е можно. Да се надеваме дека ќе играме барем подобро од оваа лоша вечер и ќе можеме да издвоиме победа.
Ова видео треба да им се пушти на играчите.
Impossible is nothing !