19 март од 16 часот , Халторнс , натпревар од Премиер Лигата - директно по спорт клуб+
серијата на ВБА не е лоша , го победија бирмингам во гратското дерби , полни се со мотиви тука е и желбата за бодови во борбата за опстанок . патем полни се со самодоверба дека можат да сторат нешто повеќе , штом се сетат на минатиот меч на ови два тим - кој што заврши 2 : 3 .
во врска со нашиов тим : секогаш март е месецот кога нашиве играчи играат со морал нула , изгибено финали , отпаднати од Шамионска Лига , отпаднати од Ф.А , остана уште борбата во првенството - тука е шансата да се крене еден трофеј ( кој верувале или не мене ми е најдраг )
---------------------- Алмунија
- Бак ----- Скилачи -------- Кошиелни -------- Клиши
------- Рамзи ---------- Дијаби ---------- Вилшаер
------ Насри --------------- РвП ------------------ А.А
на последните три меча кога РвП се појави ко капитен немавме среќа , Рамзи во комбинација ако Цесц не е фит , ако е Фабрегас подготвен да игра тогаш - ќе бидеме поопуштени , без него сме ко гуски во магла ( искрено ) , би се зарадувал кога би ја видел и 4 - 4 - 2 со еден од Шамак или Бентнер во нападот , да се обидиме со разбивањ на одбраната кој е габаритна .
сакам победа било каква , искрено гледам шанси за титула , останативе десет меча ако се добијат тогаш дефинитивно ни е загарантирана , имаме не така лесен распоред доброто е што некои од противниците настапуваат на повеќе фронтови - болтон , евреите , утд , пул ...
добро би ни дошла победа без примен гол .
форза Арсенал !!