Е, и добро е шо Челзи - Јунајтед ја одложија за потаму, оти сега ке беше +7, а то е крајно лошо.... Вака останува, таа „разлика“ од 4 бода, која не е многу, но мислам дека Тотенхем би требало да им скинат некој бод на Јунајтед... Од сезоните наназад, јасно е дека Јунајтед во овој период е најјак, и затоа мислам дека оваа сезона Јунајтед ке ја освои титулата, а можно е и да го повтори и нашето освојување од пред 5-6 години...
Искрено се надевам дека можеме да им парираме, но јасно е дека нивниот менталитет е таков... Почнуваат споро, но потоа победуваат се и сешто.. Некој кикс, како против на пр. ете Тотенхем е само една алка, која не може да ја турне целата сезона... Она што Арсенал треба да го направи е да победи барем на 4 меча по ред, дома и гости, и при тоа да се доближи го „врвот“... Друга работа, ако го освоиме тој купот, ќе биде супер за нашите играчи, да осетат трофеј во рацете, но и таму ке биди тешко... Тимот предводен од Рој сигурно нема да ни даде толку лесна победа.... Трета работа, ако биде според сите претпоставки, сега имаме негатива од -4 во однос на Јунајтед... Тие имаат два меча на гости, Блекпул и Челзи, кои по претпоставка би требало да ги добијат, оти и Блекпул, а особено Челзи се најслабите тимови во лигата, моментално, би имале - 11 бодови... По претпоставка да си го победиме Стоук тоа се -7 бодови... Значи, работата е лоша за нас.... Клучен период за нас, и клучен меч, беше овој, но не сакав да го тупам многу и да кажувам, и нормално не бев на оган, туку седев дома, со надеж дека ке победиме... Но... тоа е тоа.. Едната „битка“ во средишниот дел од сезоната ја загубивме.. Другата „битка“ е апсолутно четири победи од толку меча, и тоа против Вест Хем(г), Виган(д), Евертон(д) и Њукасал(г).... Секој кикс и комотно можеме да кажеме, дека титулата би била, не загубена, туку филозофски кажано, уште подалеку...
И уште нешто, тим кој што изгубил дома 11 бода, во сезона на домашен терен, апсолутно никогаш не станал шампион во Англиска Премиер Лига.... Па, уште еден парадокс за нас, дали ќе можеме да успееме во тоа...
Поздрав ганери и главата горе
--- надополнето ---
Брат, ја тебе не те сфаќам... Цитираш цел пост и болдираш 1 збор, само за да вреѓаш некој...
Ти, не се вреѓаш, кога некое исфрустрирано копиле ке те нарече „слепец“ ? Бидејки таму пишува „сите“ ?! Јас не се пронаѓам, го цитирам чисто да испадне глупаво пред другите, со неговите зборови...:pos2: