Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Е вака требаше да завршит вчера. Утеха најдов во PES :D
27149152.jpg
[/URL] Uploaded with ImageShack.us[/IMG]
 
Хахахах, теши се...


Иначе, во сабота Арсенал - Лидс во живо на спортклуб, 13 45
Ипсвич - Арсенал, среда, 20 45, живо исто на спортклуб...

Доза за сите навивачи...

И Среќни празници... Христос се роди !
 
Малку покасно пишувам за натпреварот.
Не го гледав, како и многу други пред него, бев на работа а и многу се нервирам во последно време така да не сакам да останам келав уште млад :)
Го гледав хајлајтсот многу внимателно, моите забелешки се главно на претераната среќа на Шити кои 1000 посто му го продале газот на Ѓаволот за да не изгубат на Емирати.

Да му се плукнам во таквата среќа, и да и се плукнам на нашата несреќа, што се беше промашено.

Црвените картони и не беа баш за црвени, имаше кошкање, жолти можеше да даде без проблем и по една опомена, немаше потреба да се расипува натпреварот и да се троши време пред крај, ама ајде беше што беше.

Најмногу се нервирам кога ќе се растуриме од правење шанси и промашување дури и на невозможни работи. Ова пречесто ни се случува, најтрагично е што не постои логично објаснување за ова, ама обично после вакви нереализирани можности, некој крка шестарда, т.е. се изнадаваме голови после тоа. Се надевам дека тоа ќе се оствари што поскоро.

Честит Божиќ и Христос се роди, се читаме пак друштво, поздрав
 
Целата сторија, знак дека имаме богатство во тимот

Венгер е тренер на деценијата во светот

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер беше назначен за Тренер на деценијата од Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика.

Францускиот специјалист собра 156 поени, победувајќи го „митскиот“ Сер Алекс Фергусон (148). На третата позиција е тренерот на Реал Мадрид Жозе Мурињо (135). Меѓу првите пет се уште и Фабио Капело (120) и Гус Хидинк (112).

Пласман на ранг-листата се определува од годишното рангирање на секој тренер од 2001 година. Поени се земаат за паѓање во топ 20 за секоја годишна листа од новиот век. За секоја година под број 1 зема 20 поени, под број 2 - 19, под број 3 - 18. Наградата е знак за упорност, а не толку за индивидуален престиж. Така на пример тренерот на Барселона Пеп Гвардиола е само на 28-тото место и покрај фамозните последни две години.

Во листата од 176 тренери нема македонско име. Во листата наоѓаат место експерти од 50 земји, како што најмногу се тренерите од Аргентина (18). Бразил има 16 учесници, а Шпанија е со 14.
 
Иначе, во сабота Арсенал - Лидс во живо на спортклуб, 13 45
И Среќни празници... Христос се роди !
Ах, жал ми е што нема да ја гледам, очекувам победа без некои поголеми проблеми.
И да, навистина се роди!
 
И јас очекувам победа, но не верувам дека ке биди лесна... Последен пат не победија на Хајбери и на тој меч се секавам како вчера... Видука, ах Видука... Кјуел, Хари Кјуел.... Беше тоа тим за плашење во Англија...

Треба еден победнички дух, да започне во Арсенал, па заедно за Св. Трифун можеби да го славиме првото место или финале во еден куп... Прв чекор, Лидс Јунајтед...

Да напоменеме, ако завши нерешено ке има реванш на нивни терен, ако победи некоја од екипите, тогаш тој оди понатаму


Поздрав
 
Абе се у ред, нека идат нека се калат, мило ми е. Ама кај е Велингтон у причава? Не го најдов неговото име на линков...:/

Пишува во друг линк дека Велингтон СИГУРНО иде на позајмица во Шпанија.
 
за утрешниот натпревар венгер кажа дека ќе има многу измени нема да бидат во тимот самир насри и ван перси поради ударци од сити а вилшир и косиелни да се одморат вела и ремзи ке се во тимот и рече дека вермален е најблиско до враќање на терените
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom