Слушајте, имам една приказна за вас.
Двајца комшии, едниот програмер, другиов механичар. Го сретнува механичарот програмерот, му вика "Другар, имам проблеми со компјутерот, не ми пали бла бла...ако можеш да дојдеш и да видиш што му е?"
Програмерот, како и секој добар комшија, вика "Нема проблем" и уште следното попладне му оди на гости. Што да види, компјутерот хаос, биосот и виндоусот пре-ебани - поминува 4 часа форматирајќи, инсталирајќи и ред други работи по ред. За возврат, домаќинката му дава сокче и му вика фала.
Следниот ден, пак се сретнуваат, механичаров му вика "Абе син ми нешто чачкаше, пак ова не пали". Син му, да ти влегол во Windows фолдерот и да бришел .dll-а. Ајде, пак од почеток, сега 6 часа во средување (бидејќи прво пробувал да го среди Windows-от без форматирање, ама неуспешно). Домаќинката, овојпат само вода го почастила, видно изнервирана што "толку" време им седи дома. Нејсе, битно средил работа. Фала, фала комши и чао пријатно.
Можеби месец дена после тоа, програмеров му вика на механичарот "Друже, може ли да ја провериме колава, ми лупа нешто од напред, да средиме?"
Механичарот: "Може, може, како не, донеси ја кај мене во сервис...и ПОПУСТ ќе ти дадам!"
И ова е вистинска приказна, колумна на Зоран Жмирич, само ме мрзеше целосно да ја пишувам.
Извинете, ама до каде со ваков прост менталитет?
Зашто на Бил Гејтс му требале повеќе пари? Па само он ли работи во Microsoft? Другите не треба да ги плаќаме, треба да црнчат по цели денови само за вие да можете после на Фејсбук да дремете по цели денови?
Програмерите и другите IT професии...се помали професии за вас?
Не бе, нас од раѓање треба да ни следува компјутер, бесплатно...треба да имаме и се друго НАЈДОБРО (Nero, Photoshop CS5, Maya 3D) бесплатно, по можност и еден дечко да ни пратат по дома - да не научи на сето тоа. Бесплатно, офкорс.
И не знам што се испопаливте сите, кога ова е за фирми, поточно правни лица - ама вашето фрапантно однесување (читај, непочитување) едноставно запрепастува!
Да не се правам светец, јас исто користам пиратерија - ама бар ги почитувам развивачите на софтвер и кога сум во можност ги поддржувам. Впрочем, ако некогаш се заинтересирате да прочитате .nfo фајл од целата пиратерија која ја имате во компјутер, ќе видите дека тие "хакерски" групи пишуваат на крај - "If you like the software, support the developers by purchasing it."
Ама за вас е океј да плаќате по 10 денари за пумпање гуми на точак и по 180 денари за Ред Бул во кафичи...ама не дај боже некој да спомне "легален софтвер". Знаете, црнци го прават него.