За користење нелиценциран софтвер затворска казна до пет години

Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
Како ни е навртено премиерчево ќе не јаде за глупости!
Хаха, следно да очекуваме лиценцирање на пенкала, забрането купување на молив/пенкало од пазарче :)

Ова мислам дека се однесува само за правни лица.И во моментов мораме да користиме барем на еден компјутер лиценциран софтвер. Освен ако не мислат за секој посебно со ова законче.
За правни субјекти мора секое парче софтвер (кое подлежи на овие прописи) да е лиценцирано, без разлика ОС, офис или антивирус и архивер (зависно од софтверот/видот на лиценца)...и да, за секој компјутер посебно. 10 пц-ја, 10 лиценци (постојат и разни врзани пакети-пример антивирус битдефендер сервер плус клиенти). Постојат и ОЕМ (мислам дека беше нешто во стил договор меѓу микрософт и оние кои составуваат компјутери за веќе лиценциран ос со нов компјутер) и разни верзии...било како да ги наречеш пакетиве, битна им е лиценцата...да платеш :)

цениве ми се гледаат изгор
win home basic 7 32-bit 5000 и кусур
 
Член од
29 септември 2007
Мислења
245
Поени од реакции
17
Лиценциран виндоус?

Каква лиценца? За што лиценца?

1. Јас си користам еден софтверски пакет што при инсталција јас не прочитав ЕУЛА на македонски така да не сум разбрал што сака да каже произведувачот на софтверот што си го симнав од интернет. Се додека ЕУЛАТА не е на македонски овој производ е НЕЛЕГАЛЕН на македонскиот пазар. НЕМА ДЕКЛАРАЦИЈА

2. Во самиот софтвер пишува ФИРОМ! Јас живеам во Република Македонија и продукти што се наменети за ФИРОМ нека си бараат заштита во ФИРОМ, а не во Република Македонија. Нека потпише изјава инспекторот дека законот штити продукт без декларација, при што во самиот продукт НАСЕКАДЕ е наведено ФИРОМ па после лесно е.

3. Се секавате на продуктите на веро? ова е исто продукт само што додека не сменат во инсталација и користенје ФИРОМ овој продукт не е легален на пазарот на Република Македонија. Во ФИРОМ нека бара заштита.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Слушајте, имам една приказна за вас.
Двајца комшии, едниот програмер, другиов механичар. Го сретнува механичарот програмерот, му вика "Другар, имам проблеми со компјутерот, не ми пали бла бла...ако можеш да дојдеш и да видиш што му е?"

Програмерот, како и секој добар комшија, вика "Нема проблем" и уште следното попладне му оди на гости. Што да види, компјутерот хаос, биосот и виндоусот пре-ебани - поминува 4 часа форматирајќи, инсталирајќи и ред други работи по ред. За возврат, домаќинката му дава сокче и му вика фала.

Следниот ден, пак се сретнуваат, механичаров му вика "Абе син ми нешто чачкаше, пак ова не пали". Син му, да ти влегол во Windows фолдерот и да бришел .dll-а. Ајде, пак од почеток, сега 6 часа во средување (бидејќи прво пробувал да го среди Windows-от без форматирање, ама неуспешно). Домаќинката, овојпат само вода го почастила, видно изнервирана што "толку" време им седи дома. Нејсе, битно средил работа. Фала, фала комши и чао пријатно.


Можеби месец дена после тоа, програмеров му вика на механичарот "Друже, може ли да ја провериме колава, ми лупа нешто од напред, да средиме?"

Механичарот: "Може, може, како не, донеси ја кај мене во сервис...и ПОПУСТ ќе ти дадам!"
И ова е вистинска приказна, колумна на Зоран Жмирич, само ме мрзеше целосно да ја пишувам.


Извинете, ама до каде со ваков прост менталитет?

Зашто на Бил Гејтс му требале повеќе пари? Па само он ли работи во Microsoft? Другите не треба да ги плаќаме, треба да црнчат по цели денови само за вие да можете после на Фејсбук да дремете по цели денови?
Програмерите и другите IT професии...се помали професии за вас?

Не бе, нас од раѓање треба да ни следува компјутер, бесплатно...треба да имаме и се друго НАЈДОБРО (Nero, Photoshop CS5, Maya 3D) бесплатно, по можност и еден дечко да ни пратат по дома - да не научи на сето тоа. Бесплатно, офкорс.

И не знам што се испопаливте сите, кога ова е за фирми, поточно правни лица - ама вашето фрапантно однесување (читај, непочитување) едноставно запрепастува!
Да не се правам светец, јас исто користам пиратерија - ама бар ги почитувам развивачите на софтвер и кога сум во можност ги поддржувам. Впрочем, ако некогаш се заинтересирате да прочитате .nfo фајл од целата пиратерија која ја имате во компјутер, ќе видите дека тие "хакерски" групи пишуваат на крај - "If you like the software, support the developers by purchasing it."

Ама за вас е океј да плаќате по 10 денари за пумпање гуми на точак и по 180 денари за Ред Бул во кафичи...ама не дај боже некој да спомне "легален софтвер". Знаете, црнци го прават него.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
И јас сум компјутерџија по струка и титула :) а.к.а магистер (уше месец дена) по информатика, па екстремно добро ми се познати овие работи.

1) Бесплатен софтвер vs. Бесплатен код е сосема различна работа.

2) Ок, следно..Цената зошто црнчат за безпари.
Оперативниот систем, според мене треба да е бесплатен.
Замисли како што викате вие да се наплаќа посета на web страни оти имало авторски права и дека некој црнчел на web програмирање?! Иста сорта на луѓе се нели?
Како функционираат Google, Facebook, YouTube?

Ова ќе се смени со WebOS! Барем се надевам. Има начини на кои компаниите за софтвер можат дебело да профитираат.


Прашање до сите поддржувачи до идеата за плаќање: Да се наплаќа посета на Кајгана би доаѓале? Макар и 10 денари денот?

Сигурно дебело се работи и дебело се плаќа за Кајгана да функционира. Тоа е цел тим на луѓе задолжени за да ова што го читате ви е овозможено.
 
P

Princ

Гостин
@|Volkswagen| Ти фали делче во прашањето, односно, доколку не се согласувате со наплаќањето, дали сепак би го посетувале сајтов (барајќи нелегални начини за тоа).
Чудно ми е компјутерџии по струка и титука, а.к.а. магистри да делат вакви мислења. Исто така ме буни она мислењето дека нешто по дифолт ти следува. У стилу, не сум спремен да платам за софтверов, ама мене ми следува уште откако сум роден, тоа ми е вродено човеково право.
Значи се работи за софтвер. Можеш да го користиш и да платиш дебело за тоа, можеш и да не го користиш. Интермецот не зависи од мајкрософт (не знам кој тресна таква зелена на претходната страна).
И да, има сајтови што наплаќаат "влез". bangbros точка ком на пример. Оди мрчи им како сето тоа нема смисла. Некои други ставаат реклами, а даваат слободен влез. Пазар, но сепак, ништо не е бесплатно. Значи кајганџии пресметале како ќе имаат добивка поголема, со маркетинг а бесплатен влез, или обратното. Маркетинг е подобро во случајов. Bangbros не мислат така, не мислат да стават банер кај што не се става, па затоа си наплаќаат месечна членарина на сајтот.
Не знам за тебе, ама јас не би сакал на мојот таскбар цело време да ми се вртат реклами, а оперативниот систем да го добијам безпари. Дури ти и да го сакаш тоа, еве авторот не ти ја дава таа опција.
@Tanus не функционира тоа така за авторските права, односно ако разбираш како да го украдеш тоа право (кликаш Next, Next, Next, форматираш драјв...) тогаш ја разбираш и EULA-та. Гледам дека според твое мислење 99.999999% од интермецот е твој, што секако не е случај, фала богу.

И да, сметам дека македонецот мора да научи да плаќа за авторско право ако не сака да користи нешто бесплатно. Доста беше она "јас сум сиромашен и не треба според мое мислење да плаќам 100 евра за лиценца на оперативен систем". Компјутер, не е за секое дете, остајте што ве лаже владата.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
И не знам што се испопаливте сите, кога ова е за фирми, поточно правни лица - ама вашето фрапантно однесување (читај, непочитување) едноставно запрепастува!
Да не се правам светец, јас исто користам пиратерија - ама бар ги почитувам развивачите на софтвер и кога сум во можност ги поддржувам. Впрочем, ако некогаш се заинтересирате да прочитате .nfo фајл од целата пиратерија која ја имате во компјутер, ќе видите дека тие "хакерски" групи пишуваат на крај - "If you like the software, support the developers by purchasing it."

Ама за вас е океј да плаќате по 10 денари за пумпање гуми на точак и по 180 денари за Ред Бул во кафичи...ама не дај боже некој да спомне "легален софтвер". Знаете, црнци го прават него.
Јас ги почитувам развивачите на софтвер и кога би имал пари би користел лиценцирани програми но со кој пари да ги купам?Од каде да најдам 150-200 долари за лиценца за виндоус од 1-2 години?Да живеев во богата држава со висока плата би купувал лиценциран софтвер но мора да се свати дека лиценца за виндоус чини приближно колку една македонска просечна плата.
 
P

Princ

Гостин
Јас ги почитувам развивачите на софтвер и кога би имал пари би користел лиценцирани програми но со кој пари да ги купам?Од каде да најдам 150-200 долари за лиценца за виндоус од 1-2 години?Да живеев во богата држава со висока плата би купувал лиценциран софтвер но мора да се свати дека лиценца за виндоус чини приближно колку една македонска просечна плата.
И пак се вртиме во круг. Разбираш ти дека имаш избор? Разбираш дека и автобусот двојка вози за битпазар, и не мораш упорно да се возиш со такси ако немаш пари? Точно, во двојка е нешто поладно, возењето ќе трае подолго, ќе се возиш со (многу) други луѓе со кои ти не би сакал да се возиш, ама билетот е само 30 денари. Имаш избор, не мораш со такси да се возиш. Ако се исклучи целосно од употреба windows апсолутно ништо нема да се случи со интермецот, пак ќе го има.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
А шо секој виндовс да кошта 200 долари?
то се копи на оригинлниот софтвер.
Ако некој уметник направи слика која вреди 3000 евра дали и нему ќе му плаќаат по 3000 евра за секоја копиј на таа слика? ќе земе плотер и ќе си ја плота во 10.000 примероци.
виндовсот треба да кошта не повеќе од 10-15 евра значи цена на цд(двд), опаковката и данокот. Толку е трошокот на тоа ЦД. А то првото оригиналното нек и го проаваат ако сакаат милијарда долари.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
Ај фирмите имаат алтернативи, паралелни решенија...но гејмерите мислам дека и немаат некоја можност -едино ако баталат ПЦ и се пребацат на искбокс или ПС3. Мислам дека black ops, fallout, oblivion...не може да се играат на друг ОС?
 
P

Princ

Гостин
Гејмерската компјутерска конфигурација кошта многу-многу повеќе од онаа за ворд и солитер.
Еве кај настанува збунката... значи гејмер, плеска преку 500 еу на конфигурација а после нема за лиценца на оперативниот систем и пропратниот софтвер :))))
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Ај фирмите имаат алтернативи, паралелни решенија...но гејмерите мислам дека и немаат некоја можност -едино ако баталат ПЦ и се пребацат на искбокс или ПС3. Мислам дека black ops, fallout, oblivion...не може да се играат на друг ОС?
Black Ops може...... на OS X :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
Баш денес го инсталисале дома.
Него, да речеме можно е играње на осикс, мислам дека и тој ОС се плаќа, многу помалку пари но ако се земи предвид и хардверот (Мек)... више дара него масло...за играње сосем неисплатливо :)
Али ок, ја малку нафрлив друга тема...овде мислам дека е побитно софтвер и лиценци за фирми. Мислам дека не е толку страшно за фирми, полошо е ако почнат да бркаат за домашна употреба.
 
Член од
23 јуни 2007
Мислења
368
Поени од реакции
333
А делот за аудиограм, видеограм и интегрални кола намерно или случајно го игнорирате? Не се однесува ова само на Бил Гејтс, туку општо за авторските права, без разлика дали станува збор за софтвер, музика, филм, или технологија. Интелектуалниот труд би требало сите да го ценат, а оправдувањата дека ние тука имаме плата од 200 евра и не можеме да си дозволиме да плаќаме за вакви "глупости" е смешно. Ако имаш мала плата, а ти требаат патики, не идеш да крадеш Најк од некоја продавница (се надевам), туку ќе се задоволиш со некој ефтин модел можеби и од пазарче, или ќе идеш бос.

Некој вложувал труд, инвестирал во знаење, опрема, кадар, плаќал даноци за својата дејност, за на крајот некој да го краде. ОК, не сум информатичар, ниту имам нешто со авторските права, а "поседувам" куп пиратски филмови, песни и по некое кракирано програмче, но не се тешам дека не плаќам за тоа затоа што имам малку пари. Така се однесуваме затоа што можеме, никој не се обидел да не спречи. Нема оправдување дека стандардот ни е низок, па државата треба да мижи пред кражбата на интелектуална сопственост. Тогаш ајде во државата нека не постојат и закони за забрана на трговија со дрога, на пример, па стандардот ни е низок, мора некако да се живее нели.

Ако градиме сериозна држава ваков закон мора да постои, иако реално неговата имплементација е ограничена дури и во најбогатите општества. Нашата држава треба да го зголемува економскиот стандард, и да лобира цените на овие производи за нашиот пазар да бидат по привилегирана цена, соодветна за нашите можности.

Сакам да кажам, не дигајте галама за џабе, јасно е дека ќе си продолжиме како досега, свесни за ризикот, но и свесни дека никој или малку ќе бидат оние индивидуалци што ќе го почуствуваат законот на свој грб. Но безобразно е да се оправдува криминал, од било кои причини.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom