Уште еден во низата фашистички закони...
Закон за присилна наплата на корпоративните екстра профити произлезени од монополистички начин на работа.
Секоја земја која ќе донесе вакви закони значи само едно - дека законодавците се подмачкани од корпоративни пари за да ги штитат нивните интереси.


Какви корпорации бре? А што ќе прават независните развивачи на софтвер (тие што имаат мала фирма). Пример јас имам идеја за софтвер кој ќе биди добро користен, го правам (или некое дуо трио го прави) и после што? Да ми го испиратизираат цел софтвер и да неможам никако, ни законски да се заштитам?
Баш заради немањето/неспроведувањето на вакви закони овие работи во цела Источна Европа многу често остануваа на само идеи.
---------
Тоа беше од гледна точка на развивачите на софтвер. Од гледна точка на корисниците, работите пак треба да бидат во ред.
Во корпоративните средини кај нас веќе се користи лиценциран, тие нема да имаат проблеми. Кај домашните корисници нема ни да бараат, ене ја пример Германија. Во ЕУ се па има не малку пиратерија меѓу домашните корисници. Единствено можат да настрадаат малите претпријатија (кои користат нелиценциран софтвер, не можат да го купат, а му е потребен), зависи како ќе се спроведи законот.
--- надополнето ---
Како по обичај кај нас работите се фаќаат од опашката, па и за пиратеријата ќе биде така.
Значи мојот став за пиратерија е:
- НИКАКО пиратерија за македонски производи
- ЗАМИЖУВАЊЕ (на едно или на двете очи) за пиратерија за странски софтвер
Мислам да не влегувам во политика, ама нас како држава ни го качат во г'з со името, не можиме нормална држава да станиме, а сега ќе се секираме дали на Бил Гејтс му паднале или му станале акциите, па дај да ги силуваме бизнисите во Македонија до дрт.
За почеток, добро би било вака.