Гледам многу мислења во стил "што ќе ми а-тест имам нов плин" или "кочницата кочела ама малку зафркавала". Треба да разбереме дека секаде во нормалниот свет постојат строги закони и правила кои го регулираат минималниот стандард на едно возило кое може да вози по улиците. Не може сега јас да возам скапан стокец без кочници напред зошто и онака улиците се за никаде и не ги поправаат. На крајот на краиштата возењето е луксуз и најмалку некој што треба да се погрижи да ги исполни законски дадените норми кои секој во државава мора да ги почитува без да фаќа кривини и да ги толкува работите каок што сака. Не сме најпаметни на светот и не може другите да се будали да прават поинаку?
1) Во право си за се, но дали гледаш економска исплатливост на казните? Се разбира, кршиш закон и ќе си платиш казна. Нема тука трте-мрте. Но, да плаќаш 300! евра казна, во држава во кој ретко кој зема 300 евра плата, а вози 101 со див плин, е сулудо! Да е казната како што беше порано 40-50 евра, ајде ќе речеме има некаква логика.
И што, по таа логика тие што земаат 200-300 евра плата, не смеат да си купат кола оти немале пари да платат казна?! Толку им се можностите, а потребата е голема. Кога би живеел во Скопје ќе видиш за што ти викам.
Доколку живееш Ново Лисиче, а работата ти е во Ѓорче Петров, месечна карта е над 2000+ денари со автобус. Доколку одиш со кола на плин и се разбира го делиш со некого (најчесто така се прави), ти доаѓа некаде по 500 денари од човек месечно. Ако одиш сам е 1500-1800 денари.
Се надевам дека на овој закон подлежат и коњските запреги (полни со мокри картони за да тежат повеќе у отпад), "возилата" (не знам како да ги наречам) за сечење дрва и моторчиња со самонаправени приколки-мрежи полни со пластика кои секојдневно парадираат на потегот Бутел, Шутка, Битпазар...центар. Ама само се надевам. Законот е ист за сите или не? Знаејќи одредени состојби кај нас со мито, дали сме ние за такви недоречени закони? Ради вакви и слични состојби во сообраќајот, не знам дали би можеле да се споредуваме со ЕУ членките...на пример во Франција нема коњски коли на булевар или улица во Париз?
Не, тие се во друга подгрупа. За нив не важат законите, за нив се гледа низ прсти. Но, ако возиш фиќо со неисправен добош ти си поопасен, од тип со добро наострена пила и кочници кои работат на техника „Потпри нога тркалото да закочи“