Секаде во Европа е така, полиција може да те однесе на вонреден технички преглед, може да провери гуми (ако се стари следи казна, море еден другар го казнија зошто имал 2 различни големини на гуми во Италија, ама тоа е друга приказна
).
Камион можат исто така да го однесат на мерење за тежина да видат дали се согласува со пишаната за турата...
Не е само кај нас, така е секаде во развиените земји. Море, построго е. Многу построго. Кај нас уште е рашибозук. Знаете дека професионалните шофери во Европа имаат уреди кои дигитално го следат секое возење брзина и одмор...И мора да се чуваат до 1 година и подложни се за проверка, ако има мало движење со зголемена брзина или непрописно направен одмор следи казна.
Реално кај нас дотраените возила (лади, фиќовци и слично) се одамна дотраени и огромен дел од нив претставуваат опасност на патиштата. Не можам да кажам дека сум против вакви акции кога се за безбедност во сообраќајот.