хахаха, абе аман со тој дијамантот и водата, ве зарази Таки Фити, абе дечко јас колку што имам прочитано Економска литература ти нема да прочиташ во наредниве 20 години, ај нема врска тоа ок те сфатив зошто ми постира грешно се изразив, ама ете ќе ти објаснам наједноставно.. ај размисли малку поошто и пошироко на проблемот кој го напишав побарувачката се зголемува еве ти пример расте побарувачката на лаптоп компјутери тоа значи дека има недостаток од лаптопи заради што не постои еквилибриум помеѓу понудата и побарувачката и со тоа се отвараат нови компании некои се преориентираат ( овој дел заборавив да го споменам дека со зголемувањето на побарувачката се зголеми и понудата на плин во Македонија) пред 5 години имаше малку бензиски кои точеа плин сега сите точат, значи сега со тоа што има побарувачка заинтересирани за да ставаат плин се појавуваат многу повеќе компании од тоа што има побарувачка значи понудата се изместува од еквилибриумот кој го имала и сега бензиските пумпи за се заинтересирани да ја намалат цената, е тука е проблемот кој јас го посочив ( очигледно неразбирливо) кај нас иако има голем број на возила кој го користат плинот и голем број на бензиски сепак цената расте. Значи сепак нешто не е во ред како што кажав претходно, ако одиме по овие правила тогаш значи дека цената расте затоа што нема доволно понуда ( ШТО МИСЛИШ НЕМА ДОВОЛНО ПОНУДА НА ПЛИН)?
Мислам дека сега сум појасен во тоа што сакав да го кажам, а и да се вратам на парадоксот на вредноста ( дијамантот и водата), парадоксот за прв пат го споменува Адам Смит во Богатството на Народите ( која сигурен сум дека ја немаш прочитано), меѓутоа од тогаш има многу дискусии во врска со таа дилема и исто така се имаат појавено и нови парадокси во однос на цената и побарувачката како што се на пример Гифинов и Вембленов, ако си заинтересиран да прочиташ нешто повеќе за оваа проблематика има еден професор од Џенова, Orio Giarini кои има напишано дело кое ги обработува овие проблеми.