Нема веќе евтино возење на плин

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
се што е дефицитарно, а горивото полека ама сигурно станува дефицитарно, а од друга страна е се повеке барано, тогаш поскапува. се што го има во изобилие е супер евтини, што би се рекло за беспари....

пример:

комбиниравте вода и дијаманти нели? замисли си се шеташ низ град и ти се припива вода. нормално идеш и бараш или фонтанче или за 15 денари флаша купуваш... ни на крај памет не ти доаѓа да се наведнеш на земја и да се напише од некој вир-ѓол валкана вода, па макар и од стоење да се избистрила како солза чита да биде на површина... нема шанси тоа да го направиш нели? ама ако видиш во еден куп гомна со дијаметар од 5 метри дека има дијамант, со двете раце па и со нозе ако треба и со глава ке заринеш за да го извадиш и смрдеата од лајната нема ни да ја осетиш кога ке го имаш во раце дијамантот...:toe:
 
Баш така, доста сликовито го објасни. Само што во нашиов случај не се работи за дефицитарност туку за тоа што компаниите сакаат да си ги задржат екстра профитите, а државата не ја боли уво и не превзема ништо. И не само што не ја боли уво за тоа, туку на крај памет не и паѓа за гасовод. Така плинот нема да се пренесува со цистерни, што исто влијае на цената.
 
еее кога си кај гасовод.... не биди сигурен дека на државата ни на крај памет не и паѓа. Државата и макпетрол се во спор долго време токму поради тој гасовод, целиот проблем во државата поврзана со гасот моментално е што во макпетрол има премногу моќни луѓе... и тој проблем со гасоводот којзнае кога ќе биде решен.

додаток...
 
Дали на владата не и е грижа или "дозволува" да се качуваат цените (а набавувачите и трговците сигурно исто така ќаруваат) заради полнење на буџет од секое дување на ветрот...

Плитки џебови за полн буџет


Државата преку нови давачки, такси и казни сé повеќе го тенчи и онака плиткиот џеб на граѓаните, а ја полни својата каса. Преку регистрацијата на куќните совети, ДДВ од продажбата на пластичните ќеси, зголеменото издавање лични документи, казните врз граѓаните што не го почитуваат Законот за јавна чистота, новата давачка при купувањето бензин, како и обврската на фирмите да плаќаат за да го регистрираат работното време, се полни буџетот на државата, а се оптоварува домашниот буџет на граѓаните. Грубите пресметки покажуваат дека само од регистрацијата на куќните совети во државната каса ќе се слеат најмалку 2 милиони евра. Од ДДВ на најлонските ќеси што граѓаните мораат да ги купуваат од почетокот на минатата година, државата годишно собира повеќе од еден милион евра.
Од крајот на 2009 година почнаа да се собираат дополнителни средства од новововедена давачка, која се плаќа при купувањето бензин. Граѓаните добија обврска со секој литар бензин да плаќаат и по речиси еден денар за купување нафта за државните резерви. Уредбата ќе важи сé додека не се обезбедат потребните пари за задолжителни резерви за нафта. Оваа давачка изнесува 0,89 денари за литар бензин, 0,74 денари за килограм мазут и 0,3 денари за литар нафта, а според пресметките, државата од неа ќе собира по околу 9 милиони евра годишно.
Најверојатно преќутно не се интервенира, како еден од изворите на полнење...верувам дека владата може многу да влијае врз цените на плинот и воопшто на горивата, но дали сака.

Не знам колкави се давачки за у буџет, но
Експертската јавност сепак тврди дека државата ќе ќари од овој надомест бидејќи за секој продаден литар бензин таа добива пари од ддв.
зборот бензин ако го замениме со плин
 
Си собираат они пари и вака, но Луртз не мислиш дека доколку го решат спорот со макпетрол за гасоводот и со 51% учество да го водат тој гасовод дека ќе направат многу многу повеќе пари? Сепак живееме во Македонија, и доколку се реши овој спор и доколку државата има некаква контрола врз плинот и покрај тоа што ќе го зимаат за многу поевтино него сега пак цената ќе биде таа... едноставно буџетот мора да се полни.
 
Стварно не знам до кај е гасоводот, пак застанаа, некако многу килаво го фатија тој проект. Го градеа уште пред 12-15-тина години...сега нема инфо до каде се со спорот, но ако ОКТА ги диригира цените, тешко нешто ќе се смени.
Но не ми се верува дека нешто (посебно дериватите, плинот) што поскапело, ќе поефтини. Во тој случај полнењето на буџетот ќе треба да се насочи кон други извори, а македонскиот буџет ги има се помалку.
Инаку за плинот од август
Цената на плинот скокна за 1,6 денари по литар бидејќи стана стратешки производ.

и претпоставки за најновото поскапување
Поскапувањето е идентичното и истовремено кај повеќето бензински во земјава, па се поставува прашањето дали е ова случај на незаконско договарање на пазарни цени со кои треба да се занимава Антимонополската комисија.


--- надополнето ---

Случајно во еден коментар од весник најдов несигурна информација дека наводно цената на автоплинот треба да е во некој сооднос према другите горива
Nekade procitav deka spored evropskata regulativa,cenata na plinot ne smee da e poveke od 50 posto od cenata ne benzinot.Sto znaci treba da e maksimum 25 den.No.....
некое точно инфо да не има некој за оваа регулатива?
 
Ако гасоводот профункционира цените ќе ги формира друг, нема окта, затоа што гасоводот ќе може да ја снабди цела Македонија, ОКТА ќе биде лесно исфрлена. Македонија троши 100 милиони кубици гас, а руската фирма се откажа од учеството во гасоводот затоа што бареше минимална потрошувачка од 380 милиони кубици гас... што значи ако проработи гасоводот на почетокот ќе нема никаква потреба од дополнителен увоз на гас на начин различен од гасоводот. А спорот ќе се реши.... којзнае кога :) ако макпетрол го добие спорот е тек тогаш несакам да знам колку ќе биде цената на плинот.
 
Еве ви лиги да ви течат за автоплин (и други горива) во ЕУ -во загради се цените без давачки април 2010
Average amount in euro per one liter of LPG.

Effective: week 17, 2010

Belgium € 0.57 (€ 0.47)
Bulgaria € 0.52 (€ 0.46)
Czech Republic € 0.57 (€ 0.39)
Estonia € 0.63 (€ 0.46)
France € 0.72 (€ 0.54)
Germany € 0.62 (€ 0.43)
Hungary € 0.64 (€ 0.42)
Italy € 0.66 (€ 0.43)
Latvia € 0.54 (€ 0.32)
Lithuania € 0.57 (€ 0.30)
Luxembourg € 0.53 (€ 0.45)
Netherlands € 0.70 (€ 0.49)
Poland € 0.53 (€ 0.32)
Portugal € 0.69 (€ 0.52)
Romania € 0.46 (€ 0.32)
Slovakia € 0.48 (€ 0.40)
Slovenia € 0.67 (€ 0.48)
Spain € 0.62 (€ 0.50)
United Kingdom € 0.75 (€ 0.55)

цените на другите горива (безоловен) се исто така доста примамливи :)

 
Ако гасоводот профункционира цените ќе ги формира друг, нема окта, затоа што гасоводот ќе може да ја снабди цела Македонија, ОКТА ќе биде лесно исфрлена. Македонија троши 100 милиони кубици гас, а руската фирма се откажа од учеството во гасоводот затоа што бареше минимална потрошувачка од 380 милиони кубици гас... што значи ако проработи гасоводот на почетокот ќе нема никаква потреба од дополнителен увоз на гас на начин различен од гасоводот. А спорот ќе се реши.... којзнае кога :) ако макпетрол го добие спорот е тек тогаш несакам да знам колку ќе биде цената на плинот.

Гасот(CNG) од најавениот гасовод(а и од постоечкиот) нема врска со течниот нафтен гас(TNG-LPG) што се користи за автомобилите.
 
еее кога си кај гасовод.... не биди сигурен дека на државата ни на крај памет не и паѓа. Државата и макпетрол се во спор долго време токму поради тој гасовод, целиот проблем во државата поврзана со гасот моментално е што во макпетрол има премногу моќни луѓе... и тој проблем со гасоводот којзнае кога ќе биде решен.

додаток...

Знам за спорот помеѓу Владата и Макпетрол околу сопственоста на Гама, муабетот ми е развивање на гасна инфраструктура која ќе го снабдува транспортниот сектор. Инаку доста добро е тоа што стануваме дел од Јужен Поток, а еве и една вест за која не знаев http://zurnal.mk/mk/cont.asp?k=21208120405&s=27209153317&ID=17710174046 До година почнува изградбата на гасоводот, и тоа со пари од клириншки долг на Русите вреден 60 милиони долари
 
Дизел му е мајката :) ама дизел дизел не биодизел ради кој четвртина од светот нема леб :(
 
И нашите бизнисмени се големи курнази но главно се е диктирано од надвор.

Скок на профитот на „Гаспром" за 66* отсто

getImageThumbnail.php


Рускиот енергетски гигант „Гаспром" објави дека чистата добивка на компанијата во првата половина на 2010 година е зголемена за 66 отсто и изнесува 508,2 милијарди рубљи (16,5 милијарди долари).

Вкупната продажба на компанијата се зголеми за 17 отсто во споредба со истиот период лани и достигна 55,3 милијарди долари во првата половина на оваа година. Продажбата на гас е зголемена за шест проценти.

АлфаТВ

[*Во година на светска криза]
 
Дечко си ги помешал брзините.
Ако барем малку користиш логика или си читал нешто економија
односот понуда побарувачка... и цена е многу поразличен од тој што го пишуваш погоре.
Кога понудата се зголемува тогаш паѓа цената, а кога побарувачката расте расте и цената...
што повеќе се бара еден производ толку е поскап...
затоа и дијамантот е многу многу поскап од обичниот камен кој го имаш насекаде... а дијамантот речиси го нема

хахаха, абе аман со тој дијамантот и водата, ве зарази Таки Фити, абе дечко јас колку што имам прочитано Економска литература ти нема да прочиташ во наредниве 20 години, ај нема врска тоа ок те сфатив зошто ми постира грешно се изразив, ама ете ќе ти објаснам наједноставно.. ај размисли малку поошто и пошироко на проблемот кој го напишав побарувачката се зголемува еве ти пример расте побарувачката на лаптоп компјутери тоа значи дека има недостаток од лаптопи заради што не постои еквилибриум помеѓу понудата и побарувачката и со тоа се отвараат нови компании некои се преориентираат ( овој дел заборавив да го споменам дека со зголемувањето на побарувачката се зголеми и понудата на плин во Македонија) пред 5 години имаше малку бензиски кои точеа плин сега сите точат, значи сега со тоа што има побарувачка заинтересирани за да ставаат плин се појавуваат многу повеќе компании од тоа што има побарувачка значи понудата се изместува од еквилибриумот кој го имала и сега бензиските пумпи за се заинтересирани да ја намалат цената, е тука е проблемот кој јас го посочив ( очигледно неразбирливо) кај нас иако има голем број на возила кој го користат плинот и голем број на бензиски сепак цената расте. Значи сепак нешто не е во ред како што кажав претходно, ако одиме по овие правила тогаш значи дека цената расте затоа што нема доволно понуда ( ШТО МИСЛИШ НЕМА ДОВОЛНО ПОНУДА НА ПЛИН)?
Мислам дека сега сум појасен во тоа што сакав да го кажам, а и да се вратам на парадоксот на вредноста ( дијамантот и водата), парадоксот за прв пат го споменува Адам Смит во Богатството на Народите ( која сигурен сум дека ја немаш прочитано), меѓутоа од тогаш има многу дискусии во врска со таа дилема и исто така се имаат појавено и нови парадокси во однос на цената и побарувачката како што се на пример Гифинов и Вембленов, ако си заинтересиран да прочиташ нешто повеќе за оваа проблематика има еден професор од Џенова, Orio Giarini кои има напишано дело кое ги обработува овие проблеми.
 
Стварно не знам до кај е гасоводот, пак застанаа, некако многу килаво го фатија тој проект. Го градеа уште пред 12-15-тина години...сега нема инфо до каде се со спорот, но ако ОКТА ги диригира цените, тешко нешто ќе се смени.
Но не ми се верува дека нешто (посебно дериватите, плинот) што поскапело, ќе поефтини. Во тој случај полнењето на буџетот ќе треба да се насочи кон други извори, а македонскиот буџет ги има се помалку.
Инаку за плинот од август
Цената на плинот скокна за 1,6 денари по литар бидејќи стана стратешки производ.

и претпоставки за најновото поскапување


--- надополнето ---

Случајно во еден коментар од весник најдов несигурна информација дека наводно цената на автоплинот треба да е во некој сооднос према другите горива

некое точно инфо да не има некој за оваа регулатива?

во цитатот твој има цитат кој не се цитира сега... напишано е дека ако плинот треба да биде 50% од бензинот тогаш тој треба да биде 25 денари... е па друже бензинот кајнас не е 50 денари по литар туку речи скоро 70... тоа значи 35 а не 25 по литар... а приватните плинари и бензински точат по 36,5 денари литар што би се рекло дека се тука некаде, за разлика од големите кои точат по 41 денар за литар (макпетрол, макоил и лукоил) кои крадат и опашуваат на голо...
 
Баш пред една недела во Ми-Да девојката што работи таму ми спомна нешто дека од наредна година ќе се воведувале и некои нови давачки за плинот па немало да се исплати баш...Е сега за што станува збор незнам..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom