Тревога : Од јануари ќе има огромни скокови во цените на житото и храната

karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Сериозно опадна квалитетот на тролањето на форумов и сега е на граница на тешка ментална ретардација.
Но зошто некој би имал потреба да се крие под нов јузер...
сериозно и јас мислам на истото..каде е проблемот?
знаеш една работа треба да ти биди благодет што некој те чита долго време,и ја цени твојата начититност.
тоекутер на твојата интелегенција и зналост човек може само да му завиди.
Инаку за болдот,зошто го навредуваш цел форум?
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
сериозно и јас мислам на истото..каде е проблемот?
знаеш една работа треба да ти биди благодет што некој те чита долго време,и ја цени твојата начититност.
тоекутер на твојата интелегенција и зналост човек може само да му завиди.
Инаку за болдот,зошто го навредуваш цел форум?
хехеххеее цел форум...nice try...
дефинитивно... тролањето не е тоа што беше,човек носталгија да го фати...
А и не требало нов јузер,два се против правилата :tapp:туку ај...темата е “Тревога Од јануари ќе има огромни скокови во цените на житото и храната“
 
S

smart ass

Гостин
Најверојатно ја кријат инфлацијата.
Не НЕ Е сигурни кријат па ние со GDP (PPP)
• Total
• Per capita 2006 estimate
$16.94 billion (121st)
$7,645 (80th)
2006


http://www.state.gov/r/pa/ei/bgn/26759.htm


Не можеме ГЛУПИ да се правиме-освен партиските војничиња без мозок и лоботомираните бидејќи кај ГДП инфлацијата се одзема при пресметките па ако 6% т.н БДП а инфлација тогаш РЕАЛЕН раст е 2%.

Кај нас нема Ниту И од Инвестиции-башка што и донации пијат како инвестиции понатаму спомениците Шмизлата за БДП исто ги претставуваат како инвестиции...алооо пу глуп народ!!

НЕМА РАЗВОЈ за 3 години ништо....5%..ццц

Значи две П-Пери Пари и лоботомизирај!

--- надополнето ---

Сериозно опадна квалитетот на тролањето на форумов и сега е на граница на тешка ментална ретардација.
Но зошто некој би имал потреба да се крие под нов јузер...

Се крие оти нема Муда е затоа-друга причина нема!!
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Во врска со темава би сакала да кажам дека увозот на пченица,шеќер и брашно е зголемен последниот месец.Свесно некој грее инфлација па фирмите се заштитуваат со договорени цени.Мислам дека не треба да се плашиме од инфлација и да не набавуваме големи количини на основни продукти,бидејќи на тој начин сами ќе си направиме проблеми.Додека Германија и останатите немаат забележано висока инфлација опуштете се,бидејќи нема што да „увеземе“.
Америка е ризична,но и неа и треба период од 3 до 6 месеци да прикаже висока стапка која ќе ја пренесе на Европа.Она игра на картата ниска валута,незнам до кога еврото ќе се бори.Преломот се очекува кај и да е и Кина веќе реагираше.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.802
Поени од реакции
12.293
Абе оно стално си се качуваат цените. Измерете кеса пред пола година, година, две...и сега. Не треба многу гледање странски цени за да се примети дека се доцни со плаќање струја вода оти истите пари мора да ги даваме за се поголеми цени на храна и ако остане за облека. Кој не верува нека проба да купи исти артикли за 1000 денари сега и после пола година.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Нема што да се секирате, денарот си останува ист.
Што и да се случи со лебот (ко да јаде некој леб, јас сум на мрсно свинско и јагнешко), за сиромаштијата.
Лебот е штетен и затоа не е пожелен за конзумација. Земете си мевце и најубаво да ви биде.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Во врска со темава би сакала да кажам дека увозот на пченица,шеќер и брашно е зголемен последниот месец.Свесно некој грее инфлација па фирмите се заштитуваат со договорени цени.Мислам дека не треба да се плашиме од инфлација и да не набавуваме големи количини на основни продукти,бидејќи на тој начин сами ќе си направиме проблеми.Додека Германија и останатите немаат забележано висока инфлација опуштете се,бидејќи нема што да „увеземе“.
Америка е ризична,но и неа и треба период од 3 до 6 месеци да прикаже висока стапка која ќе ја пренесе на Европа.Она игра на картата ниска валута,незнам до кога еврото ќе се бори.Преломот се очекува кај и да е и Кина веќе реагираше.
Официјална реакција од Кина немало освен изјава на министерот, а и нема многу избор Кина во реакциите. Во услови на зголемен прилив на пари кои главно би дошле од Хонк Конг, Кина не може да направи ништо друго освен да ги зголеми каматите и да издава обврзници со цел да ја контролира инфлацијата. Тоа ќе доведе до неизбежно зајакнување на Јуанот, што е во спротивност на извозната политика на Кина. Инаку цената на основните ресурси би можела да се зголеми како резултат на очекувањата за инфлација кои ќе предизвикаат предвремено покачување на цените што ќе ја подгрее и така извесната инфлација поради вишокот на пари, и поради тоа што луѓето од Америка и генерално во светот кои инвестирале во амерички обврзници сега може да инвестираат во Commodities што неизбежно ќе влијае на зголемување на нивната цена.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
^ А изјавата на министер спаѓа во неофицијална изјава? :)
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Сакав да кажам не превземале уште ништо, а и таквата реакција беше очекувана
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Во врска со темава би сакала да кажам дека увозот на пченица,шеќер и брашно е зголемен последниот месец.Свесно некој грее инфлација па фирмите се заштитуваат со договорени цени.Мислам дека не треба да се плашиме од инфлација и да не набавуваме големи количини на основни продукти,бидејќи на тој начин сами ќе си направиме проблеми.Додека Германија и останатите немаат забележано висока инфлација опуштете се,бидејќи нема што да „увеземе“.
Америка е ризична,но и неа и треба период од 3 до 6 месеци да прикаже висока стапка која ќе ја пренесе на Европа.Она игра на картата ниска валута,незнам до кога еврото ќе се бори.Преломот се очекува кај и да е и Кина веќе реагираше.
http://www.indexmundi.com/commodities/?commodity=food-price-index&months=60
Ова не вели така :)
И графата е за последните 5 години можеш да направиш споредба со 2008 само што разликата тогаш и сега е што тогаш капиталот одеше сеуште во недвижнини во Ирска , Британија, Австралија и не бегаше од Вол Стрит откако им стана јасно на сите дека таа берза никој не ја контролирa .
Плус the currency war патот до уништување на вредноста на секоја валута заради тоа среброто и златото пробиваат рекорди секој ден, и бизнисмени од швајцарија со приватни авиони одат директно и купуваат физичко злато .
Реков јас кој сака нека се спрема пошто владава и пола леб да дава ќе го направи да посакаш да ја запалиш земјава со се се :)

Искрено не верувам дека имаат резерви поголеми од месец дена поради кризата која им ги изеде заштедите а и пред тоа се кренаа цените како на пример : струја за 30 посто, брашно од 400 ден вреќа до 650 ден вреќа, масло за јадење од 56 на 80, шеќер од 25 до 43 , гас од 21 до 41 , бензин од 51-2 до 56 оваа година само. А лебот најефтиниот се крена само 2 денари од 16 до 18 .
Сметај дека поради јаката конкуренција никој не крева цени ама на крај нема да можат да го издржат инфлаторниот притисок и ќе мораат да ја префрлат инфлацијата на грбот на потрошувачите .
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Официјално е алфа телевизија

Цената на храната вртоглаво расте. За само три месеци драстично поскапеа основните прехранбени продукти како зејтинот, шеќерот, брашното.
Најмногу поскапе зејтинот, од 56 сега чини 85 денари за литар. Прозиводителите очекуваат по нова година да стигне и до 100 денари. На слично ценовно ниво е и шеќерот, чија цена од 40 се искачи на 50 денари за килограм. Раст на на цената за 30% производителите најавуваат и за какаото и кафето. Овие промени се должат пред се на ценовните скокови на светските берзи, велат увозниците.
Граѓаните стравуваат од новите жешки цени на рафтовите во продавниците.

Негативните движења во европа влијаат врз домашниот пазар, објаснуваат економистите.

Освен храната, во последната година за 10% поскапеа и бензините. Нов ценовен удар врз џебот на граѓаните од 1 јануари ќе биде и повисоката цена на струјата и парното.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=30627

Следува во наредните 24 часа тема за спремање за економска криза и инфлација како да се преживее .
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.802
Поени од реакции
12.293
Ма баш му е гајле на народ Лупос, гледаш како се "забавља" народ со опсади и бројки за хомосексуалци? Спомнав у темата за капијата и Мисирков за овие проблеми со скокови во цените...испаѓа маргинален проблем, за жал.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Додека јавноста да одлучи дали Велија е виновен или не цените на исхраната скокнаа маслото за јадење не може да се најде под 80 денари и шеќерот испод 50 денари го нема. Додуша имало во градов на едно место шечќер по 46 денари и настанал општ хаос денес спрема сведочење на мој комшија. Се шпекулира дека цената на маслото за јадење ќе оди до 100 денари, а шеќерот над 60 денари, и сега на ред е лебот....
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Уште едно покачување од јануари 10 посто плус на сметката за струја со многу љубов владата на Р.М

Струјата пак ќе стресе за Нова година

Граѓаните повторно за Нова година ќе добијат честитка во вид на сметка со поскапа струја. Неофицијално, според барањата на трите компании - државните „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) и „Македонскиот електро-преносен систем оператор“ (МЕПСО), како и австриски ЕВН, цената на струјата ќе се зголеми речиси исто колку и во почетокот на 2010 година, односно за околу 10 отсто.

До вчера, кога беше последен рок, сите пресметки на трошоците, односно барањата за максимален приход и цена на струјата за следната година беа доставени до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Регулаторот ќе ги разгледа барањата на компаниите и до 25 декември ќе одлучи дали и колку ќе поскапи струјата од 1 јануари.

Само МЕПСО вчера јавно објави оти бара нивниот удел во просечната цена на струјата да поскапи за 0,02 денари за киловат-час. Ако регулаторот го прифати ова барање, тоа ќе значи зголемување за 0,5 отсто на просечната цена на струјата која ја плаќаат домаќинствата, а изнесува 3,78 денари за киловат-час.

Од МЕПСО ваквото барање го објаснуваат со очекувањата за повисоки трошоци следната година при исплатата на повластените производители на струја од обновливи извори на енергија.

- Не предвидуваме зголемување на трошоците од своето работење, во делот на управување со електроенергетскиот систем и одржување на преносната мрежа, за 2011 година во споредба со годинава - соопштија од МЕПСО.

Од другите две компании, ЕВН и ЕЛЕМ, чиј удел во крајната малопродажбена цена е многу повисок од тој на МЕПСО, велат оти воопшто не посочуваат во своите барања колку треба да се зголеми цената на струјата, туку само ги посочуваат своите трошоци.

- Зголемувањето на трошоците во работењето годинава и очекувањето за инвестиции и проекти за следната година не отстапуваат многу од зголемувањето што го забележавме лани - посочија од ЕЛЕМ.

Производствената цена на струјата на ЕЛЕМ најмногу учествува во крајната цена што ја плаќаат домаќинствата и компаниите и изнесува 55 отсто. Учеството на цената за дистрибуција и снабдување на „ЕВН Македонија“ во крајната цена изнесува околу 38 отсто. Цената за пренос на електрична енергија, која ја наплаќа МЕПСО, во крајната цена учествува со само 6,5 отсто.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DD6D6AEB8C1E8D44B8E7C7F6A6A935D8
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
ај на здравје... за убо за арно... нек се угоде... мамата нивна:tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom