Турција никогаш нема да влезе во ЕУ. Австрија и Германија веќе кажаа дека ако влезе Турција ќе излезат од ЕУ, а единствениот подржувач за влез на Турција е Велика Британија.
Што се однесува до муслиманите, никој не ги сака во Европа. Се разбира дека тоа никогаш нема јавно да се каже, но види го протестот во Франција против мерките на Саркози , кои се граничат со нацистички концепти - имаше помалку од 50 илјади протестанти, од кои повеќето беа комунистички лидери и по некој либерал од Британија и Германија.
Конечно, не ги мешајте Албанците со муслиманите во Западна Европа. За разлика од Албанците кои се тука со илјадници години, арапите никогаш не живееле на тие простори, и се екстремно радикални (само прочитајте за бројот на силувања во Шведска од кога почнаа да се доселуваат муслимани).
А за вехабистите, како дошло така прошло, се базираат на Саудиска Арабија (потпомогната од Израел) која се соочува со Иран кој станува појак од ден во ден. Не би ме зачудило ако ја снема Арабија за некоја година во некаква крвава граѓанска војна.
п.с. Еве го правиот сојузник на Христијаните и сите добри луќе во тој дел од светот, а не вахабистот на Во Центар кој беше на бродот за Газа.
Ima poveke podrzuvaci ne e samo Anglija,,a sto se odnesuva do podrskata,, britancite vo pravo se st sakat Turcija da bide del od EU,, zatoa sto mnogu poveke potreba imat evropejcite na Turcija otkolku EU na Turcija..
Камерон: „ЕУ без Турција нема да биде посилна, туку послаба“
Премиерот на Обединетото Кралство Дејвид Камерон по дводневните разговори во Анкара се врати во својата земја.
Posted 28.07.2010 08:28:55 UTC
Турција во текот на изминативе два дена пречека уште еден значаен гостин.
Британскиот премиер Дејвид Камерон кој ја презеде власта во оваа земја пред три месеци, ја реализира својата прва посета на Турција.
Притоа Камерон даде мошне силна поддршка на членството на Турција во ЕУ и рече дека
ЕУ без Турција нема да биде посилна, туку послаба,
ќе биде помалку безбедна, нема да биде побогата,
туку посиромашна.
Премиерот Реџеп Тајјип Ердоган пак, уште еднаш пред Велика Британија како значаен актер во светската политика потсети на очекувањата на Турција од Израел.
Премиерот на Обединетото Кралство Дејвид Камерон во рамките на својата прва официјална посета на Турција завчера најпрвин се состана со премиерот Реџеп Тајјип Ердоган, а вчера во утринските часови го посети мавзолејот на Ататурк.
Премиерот Ердоган го печека својот британски колега Камерон во владината зграда со официјална церемонија.
На средбата меѓу двајцата лидери на светлината на денот излезе и едно историско писмо.
Премиерот Ердоган на британскиот премиер Камерон му го врачи писмото кое османлискиот султан Мурат трети го напишал до британската кралица Елизабета прва.
Потоа двајцата премиер Ердоган и Камерон го обновија и повторно потпишаа документот за стратешко партнерство меѓу двете земји од 2007 година.
Британскиот премиер Дејвид Камерон истакна дека односите меѓу Турција и Израел треба да продолжат за воспоставување на мирот на Блискиот исток, додека премиерот Ердоган уште еднаш јасно ги изнесе очекувањата на Турција од Израел.
Премиерот Ердоган донесе појаснување и за позицијата на Турција во врска со Иран.
„Иран прифати размената да биде извршена во Турција, но за возврат на тоа Виенската група не направи ништо. Потоа за жал во акција стапија дополнителните санкции врз Иран, а ние како земја која го стави својот потпис на договорот од Техеран сме против санкции. Сепак сакам да потврдам дека ние апсолутно не сакаме да постои нуклеарно оружје во нашиот регион. Тоа постојано му го велиме и на Иран." - рече премиерот Ердоган.
Британскиот премиер Дејвид Камерон за време на својата дводневна официјална посета на земјава ја посети и Унијата на турските комори и берзи ТОББ каде што му се обрати на турскиот деловен свет и даде силна поддршка на членството на Турција во ЕУ.
Премиерот на Обединетото Кралство Дејвид Камерон по оваа куса но значајна посета на Анкара вчера приквечер се врати во својата земја.
http://www.trt.net.tr/trtinternational/mk/newsDetail.aspx?HaberKodu=32263bcd-4d14-406b-a108-264fcf108d9e&title=%D0%9A%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%BE%D0%BD:%20%E2%80%9E%D0%95%D0%A3%20%D0%B1%D0%B5%D0%B7%20%D0%A2%D1%83%D1%80%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0%20%D0%B4%D0%B0%20%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%B5%20%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%B0,%20%D1%82%D1%83%D0%BA%D1%83%20%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B1%D0%B0%E2%80%9C