Barclays Premier League 2010/2011

Кој ќе биде шампион во сезоната 2010/11 во Barclays Premier League?

  • Вкупно гласачи
    472
Статус
Затворена за нови мислења.
F

fantomX

Гостин
Big 4, како што и самиот знаеш, значи Големата Четворка: Челзи, Јунајтед, Арсенал и Ливерпул. Тоа не сум го измислил јас, па да дебатираме дали постои или не такво нешто. Често се водат статистики кои се поврзани со 4-кава.
Зошто да не може Роман да падне во криза? Ја ко шо знам, тој е нафташ, и што ти не друго. И на него може да му скурчи и да не дава пари веќе.
Ако гледаме кои се најбогати клубови во светот (исклучувајќи ги богатствата на газдите), тоа се Манчестер Ј., Реал и Барса. За овие клубови да западнат у финансиска криза, треба светот да се преврти. Си имаат тие јака монетарна и маркетиншка политика. Сите ќе се сложите дека овие клубови се далеку попопуларни од Сити, Челзи и др.
И да, треба да се направи разлика меѓу Челзи и Сити. Челзи првата сезона со нов газда беше 2ри, а потоа 2 години по ред шампион (со Мурињо). Сити не може до ЛШ да се докопа. И пак се враќаме на муабетот дека успешен клуб се гради етапно, во неколку фази, а не преку ноќ (дедо Питер од Манчестер).
Овај коментар....
До 1990 година, големата четворка беше Ливерпул, Евертон, Лидс и Арсенал ...

Лоша промена, џоа глобално заладување, па се мењаваат епохи.
И му праи некој дечко муабет на некој Манчестерац во 1994 ..

„ до 1990 година, не познавав навијач на Манчестер, сем навијачи на Лидс, Евертон и факин Ливерпул“ ...
И се убацуваат момци кои викаат дека допрва се праи историја ...
Неколку години подоцна, Манчестер биднува шампион пар екселанс ... на рамниште со Ливерпул, а има и промени во големата четворка

(пример, во 1996 била Блекбурн, Манчестер, Арсенал и кој?) ..
Не постои голема четворка. А ако постои, не е фиксна ...
Не е ова евровизија :)
Ако има, нека напраат правило, да не испаѓаат тие екипи во никој случај, па да не се деси 1971 за Манчестер.

Инаку, да не се лажиме ... овај безврска коментар е сублимат на сите погоре (минати две страници)
...ја покажува релативноста на нештата, и ја покажува бессмисленоста на терминот „big 4“, си ја измислил ти или некој друг, небитно.
Никој не рече дека Роман не може да падни во криза. СО нафта сега не знам колку се занимава, има најмалку 4 години од ко го продаде Сибнефт на Газрпом, но и то е небитно.
Шо е битно во случајов? Битно е шо ти не сакаш да видиш, дека на Абрамович веќе НЕКОЛКУ ГОДИНИ му е смачено да дава пари за Челзи. Одамна му е СКУРЧЕНО, само некој шо очигледно следи Премиер Лига (ко тебе) не можи то да не го гледа, па само можи да се прај „на три пол“ (ко тебе).
Реал Мадрид и Барселона не ги коментирам пошто нема шо многу да се коментира - зад нив стојат шпанскиот кралски стол, односно најбогатата шпанска провинција со голема економска автономија. Манчестер Јунајтед пак, многу интересен клуб, многу. Клубот кој прв е најискомерцијализиран, капиталистички во секоја смисла на зборот, огромни приходи и огромни трошоци. И нив им смета тоа што некој(-и) решил(-е) да вложи(-ат) пари во друг(-и) клуб(-ови)? Кутрите тие, таа „банда“(копирајт Фергусон) Реал Мадирд им го зеде Куроналдо...80те милиони за добротворни цели ги дадода, за гладните во Африка....
Точно, пак доаѓаме дека „успешен клуб се гради етапно“. Само ти целсоно се губиш, во секој твој нареден и нареден збор. Апсолутно се губиш. Сакаш со тој „дедо Питер“ да ми потенцираш дека благодарение на „јунајтедовиот“ Кенион Челзи преку ноќ станал успешен клуб, а после ми викаш дека такво нешто не се градело преку ноќ. Не можам ама ич да те разберам, ич.
Моето е јасно по ова прашање, успешен клуб не се гради наеднаш, баш така. Кенион беше првата „етапа“, според твојава терминологија. И благодарност до него за сработеното, иако со расположливите ресурси мораше и појќе да напреј, макар шо ти сакаш да ми го прикажиш ко Господ само зато шо дошол од Манчестер Јунајтед. Следната етапа е Гурлај. Не бери гајле, не барај, и тој има работено во Манчестер Јунајтед. То шо после Манчестер Јунајтед има работено во претходниот спознор на Челзи за спортска опрема (Умбро) не е битно нели, битното е шо работел во Манчестер Јунајтед. Ебаго. :kesa:
 
GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
До 1990 година, големата четворка беше Ливерпул, Евертон, Лидс и Арсенал ...

Лоша промена, џоа глобално заладување, па се мењаваат епохи.
И му праи некој дечко муабет на некој Манчестерац во 1994 ..

„ до 1990 година, не познавав навијач на Манчестер, сем навијачи на Лидс, Евертон и факин Ливерпул“ ...
И се убацуваат момци кои викаат дека допрва се праи историја ...
Неколку години подоцна, Манчестер биднува шампион пар екселанс ... на рамниште со Ливерпул, а има и промени во големата четворка

(пример, во 1996 била Блекбурн, Манчестер, Арсенал и кој?) ..
Не постои голема четворка. А ако постои, не е фиксна ...
Не е ова евровизија :)
Ако има, нека напраат правило, да не испаѓаат тие екипи во никој случај, па да не се деси 1971 за Манчестер.

Инаку, да не се лажиме ... овај безврска коментар е сублимат на сите погоре (минати две страници)
Brat go zakopa sega :tv: Celosno se soglasuvam
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.547
Поени од реакции
5.772
Не мом да читам наназад и не ми е гајле за другите мислења... Гледам дека се води една „војна“ за тоа кој бил во големата четворка во ПЛ ?!

Како прво, моето мислење за „таа голема 4ка“ е дека воопшто не постои ! Не ми е јасно, како таа се формира, и врз база на што се оценува ? На што ? Дека Арсенал е 15 години мегу првите 4 ? Дека Јунајтед не бил подолу од 3то место во последните 25 години ? Дека Челзи е моментално најдобриот клуб во Англија ? Или пак дека Ливерпул моментално игра во својата „животна форма “... Ви се молам....

Како второ, тој термин на голема 4ка, веројатно е измислен од некои нискобуџетни луге, кои на тоа сакаат да заработат со тоа што така ќе ја престават историјата на Англија ! Пред 20 години, Нотингем беше во големата 4ка ? Или пак, ај да не одиме толку наназад ? Кога Киген беше тренер во Њукасал и кога тие се бореа за титула, тие беа во големата 4ка ? Или пак кога Лидс не победуваше на Хајбери, и кога беа во Европа, беа во големата 4ка ? Значи, јасно е, дека тоа е нешто, што не постои, вооптшо.... Не можиш да знаеш каде за 10 години би биле Арсенал, Јунајтед, Челзи или Ливерпул... Можеби за 10 години, во големата четворка ќе биде Вест Хем или пак Квинс Парк Ренџерс ?! Зошто ?! Ако одите по таа методологија дека парите го прат клубот, тогаш Квин Парк треба да се во врвот на Европа... И во Блекбурн вложуваа таа 96та година, и станаа шампиони со генерација, која беше пример за фудбал... Но, зошто сега тие не се тоа што беа ?

Како трето, да зумираме.... Јунајтед се веќе таму во цела ера на Алекс Фергусон, истото важи и за Арсенал, во таа ера на Венгер... Јас, бев горд на тоа дека во моето време се градеше еден тим на Арсенал кој остана во историјата... Бев горд што беа шампиони и што играа фудбал за мерак... И најважно, сум горд што бев член на тоа, и дека имав можност да го доживеам и видам, за мене, на мој својствен начин... И гледам се препукувате за тоа... И сигурен сум, дека сега, секој навивач на Челзи е што токму во нивното време, се пишат најголемите успеси во клубот, и знам како им е нив... Тие се исполнети со тоа, и нив најмалку не ги интересира тоа дека немале титула, 50 години или не знам колку.... Тоа е споредна работа... Тие се среќни што за неколку години, ќе можат да им ја прерскажат истата „приказна“ на своите деца, внуци и сл.... Јас сум исполент од таа гледа точка, а верувам дека и тие истото го чувствуваат тоа... И не е важно, каде тие ке бидат за наредните 50 години... Тие се исполнети, со тоа, а и искрено после 25-30 година, кога идат другите работи и тогаш не е исто.... Јас сум го доживеал сето тоа со Арсенал, на моите најмалди години, на 12-13-14, кога учев што е и како е фудбал... Кога не знаев дека бек е човек во одбрана, а крило за во напад... Но, бев среќен со тоа, дека мојот тим ја пишуваше историјата.... Затоа, јас, можеби најповеќе ги сфаќам навивачите на Челзи....

Како четврото, Јунајтед бил секогаш горе, иако имало турболенти моменти кога и тие биле во тешка позиција на табелата... Значи можеме да заклучиме дека , не секогаш „големата 4ка“, како што сакате да ја наречите се состоела од Арсенал, Јунајтед, Ливерпул и Челзи... Некогаш биле тука и Њукасал, Нотингем, Лидс Јунајтед и сл.... Зато немојте да се мачите дека Арсенал секогаш бил таму, а Челзи сега дошол.... Рековме тоа е релевантна работа, и доста променлива...

Поздрав
 
A

apidrone

Гостин
Што убаво, спомнав нешо „Челзи вештачки клуб“, се разврза дебата, потоа беше изваден од контекст (уф колку дипломатски звучи ова) терминот Големата четворка (кој ниту јас сум го измислил, ниту сум слушнал дека постоел пред 20-30 години, можеби постои како еден вид кратенка за статистика: Меѓусебен скор помеѓу екипите од Биг 4, Тотенхем не победил никого од Биг 4 и сл.). Ако спомнам нешто као „парапсихолошка неадекватност“, што ли ќе се случи?! Го спомнав и Питер Кенион, кој што од англиските медиуми (значи најповикани да зборат за тоа) беше наречен „Градител на царството Манчестер Јунајтед“. Испадна дека „сум го правел Господ“ затоа што бил од Манчестер. Не сум сакал ниту да сфатам дека Челзи веќе не се расфрла со пари. Епа стварно бе срам да ми е! Друга работа: Споредувате фудбал од времето на Нотингем форест, и ова денешново. Со кој памет, не знам. Како што и Марадона има еднаш изјавено: Фудбалот во мое време се играше за забава, денес тоа е една голема машина за пари. Тогаш немало толкав јаз помеѓу клубовите, каков што има сега. Прочитав и нешто во стилот: Манчестер денес е тоа што е благодарение на Фергусон. Можеби, ама тоа не значи дека Манчестер тогаш почнал титули да освојува. Впрочем, каде играле сер Боби Чарлтон, Брајан Робсон и компанија?
Следна тема: Што направил Фергусон за 25 години менаџирање на Ман. Ј. и дали му е време да се пензионира.
 
Тука е проблемот ! :)

Поздрав

--- надополнето ---

Правиш поинаква компарација на муабетот.... Нема врска, кој кај играл... Па и еден Ѕола играше во Челзи, па не освои ништо... Тоа не го прави помал/поголем од Чарлтон.... Јас најповеќе го почитувам Ѕола заради начинот на игра, а на заради титули и сл...

Мое мислење, респект до твоето
 
Џабе игра, се памтат освојувања... кому му е гајле шо Дариј III имал 100 000 војници на располагање, коа Ацета наш со 35 000 го искинал :pos2: се разбира, респект и до твоето мислење.
Боби Чарлтон освои Светско првенство, КЕШ, домашна титула... Според многумина, за да станеш легенда, треба да освоиш светско. Тоа значи дека можеби Кристијано Роналдо и Лионел Меси никогаш нема да можат да влезат во друштвото на Роналдо, Роналдињо, Зидан, Дел Пјеро, Чави, и др. И тоа како се ценат титули. На таа база е и изборот за ФИФА Играч на годината.
 
Велко камионџијана

Кенгur Lavoви гроup
Член од
20 март 2009
Мислења
379
Поени од реакции
98
А тек замисли, во светот на (Т)Рајан Гигс ... за да бидеш легенда, треба да се пласираш на Светско :)
 
Абе рековме за тоа и за таа „орагнизација “ наречена ФИФА.... За мене Зидан е можеби најдобриот, но има уште еден тон кои биле добри, а кои не освоиле трофеи... Едино шо ме теши е дека јас нив ги паметам, иако некој друг можеби не ги знае.... За ФИФА играч на годината, секој глупав може да најде на нет, во весник, на вести и да се фали, како слушнал.... Но, за оние, кои во суштина биле добри, а ретко кој слушнал... Е тие, другарче мое, јас нив многу ги ценам....

Поздрав
 
A

apidrone

Гостин
А тек замисли, во светот на (Т)Рајан Гигс ... за да бидеш легенда, треба да се пласираш на Светско :)
Баш така.. :) Понекад си замислувам, сите оние јаки играчи кои шо никад не настапиле на СП, да играат за Македонија (тоа ни теоретски не е можно, ако настапиш за една репрезентација, повеќе не можеш за друга). Али онака еднаш барем :) Гигс, Бербатов, Гудјонсен (и тука се блокирам, пошо не ми текнува на друга репрезентација која шо има јак играч, а не играла на СП).
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846

Јари Литманен, Хипија, Дарко Панчев :wink:

Ќе го заборавев за малку Ерик Кантона, никогаш нема играно за француската репрезентација на СП

И да Жорж Веа и Александро Ди Стефано кој со Реал Мадрид освои 5 Европски купови

Сега и нешто побарав по нет и видов дека 4 од првите пет фудбалери кои не играле за репрезентацијата на СП а кој биле меѓу најдобрите биле играчи на Манчестер и тоа:

Кантона, Ѓорѓо Бест, Гигс и Едвардс
http://football-talk.co.uk/5336/top-5-players-to-have-never-played-at-a-world-cup/
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
679
Поени од реакции
30
Биг 4 имаше. Се распадна со растењето на Сити и Тотенхем и падот на ливерпул и веќе ја нема,толку. Крај на прикаската. Бигови 7-8, или ту хорс рејс, или биг 3 сега се само маркетиншки трикови на премиер лигата за поголема гледаност. И успеваат.Нешто како терминот „Галактикос“ шо го популаризира Реал.
Ако треба некако да се подели премиерот моментално, не зимајќи ја в предвид историјата,јас би играл вака: Челзи и Јунајтед. Па Арсенал. Па Ливерпул, Тотенхем и Сити у ист кош. Астон Вила и Евертон. Бирмингем и Сандерленд.
Секој си е легендарен на свој начин. Марадона поради стилот, Пеле поради успешноста, гигс поради постигнувањето гол во секоја сезона на премиерот, малдини со лојалноста, Инзаги си го брендира офсајд-голот, Овен поради повредите , Бекам поради имиџот.,Кафу поради 4те светски.
 
DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.848
Поени од реакции
5.673
И да Жорж Веа и Александро Ди Стефано кој со Реал Мадрид освои 5 Европски купови
Алфредо синее :) ова процедурално :) и мислам дека е единствениот фудбалер што има играно за 3 различни репрезентации :) за родната Аргентина, за Колумбија и нормално за Шпанија кај што се прослави :)
 
Да да моја грешка и точно е дека има играно за 3 репрезентации и мислам дека е време да си легнам
 
A

apidrone

Гостин
Јари Литманен, Хипија, Дарко Панчев :wink:

Ќе го заборавев за малку Ерик Кантона, никогаш нема играно за француската репрезентација на СП

И да Жорж Веа и Александро Ди Стефано кој со Реал Мадрид освои 5 Европски купови

Сега и нешто побарав по нет и видов дека 4 од првите пет фудбалери кои не играле за репрезентацијата на СП а кој биле меѓу најдобрите биле играчи на Манчестер и тоа:

Кантона, Ѓорѓо Бест, Гигс и Едвардс
http://football-talk.co.uk/5336/top-5-players-to-have-never-played-at-a-world-cup/
Панчев мислам дека има одиграно една утакмица на СП 1990 за Југославија. Скоро јадеа нешо трици како Осим не можел да го уклопи тимот.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.850
Поени од реакции
11.509
Жалосно е што Стиви Џи ќе ја заврши кариерата и нема да освои титула во ПЛ :( :icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom