- Член од
- 25 септември 2008
- Мислења
- 8.785
- Поени од реакции
- 1.555
Продавам карта за на јужна, 50 евра. На кој му одговара ок кој не негов проблем, нека не труе скапо оав она.
Последниве неколку години присуствував на ултра досадни домашни првенствени натпревари, и на сите сум одел со ентузијазам дека нешто од нешто ќе видам подобра игра во живо, некој потег, некој евро гол. Досега не сум го видел тоа. Но видов планина Х лица окулу терен што константно нешто имаат да приговорат, договорат, опцујат.Пишав зошто у претходниот пост,али го избришав нез зашто.....
Потребна е тука подршката бидејќи МАКЕДОНСКИОТ фудбал се повеќе тоне,екипите немаат пари ни играчите шо се вика да ги платат спонзори нема пошо гледаат дека нема ни гледачи на трибини.Ако се продолжи овој тренд,ќе дојде време кога тие европски натпревари ќе бидат луксуз за нашите тимови,ќе бидеме во рангот на екипи од Ерменија,Луксембург,Андора,Естонија и сл ( чии првенства се АМАТЕРСКИ )
Е тек тогаш луксуз ќе биде ако играме против некој од Шведска,Норвешка,Финска а не па против екипи од европскиот врв....
Болдот - побитна е да ( лошо се изразив во претходниот пост ),и нормално е да има повеќе публика тогаш,али да не биде ко сега плус 19 500 од ПРОСЕКОТ на публика на кој игра Работнички,апла се гледа зашто се тие 19 500 дојдени..... :wink:
50 евра за карта?! Јас не трујам, ти си отруен!Продавам карта за на јужна, 50 евра. На кој му одговара ок кој не негов проблем, нека не труе скапо оав она.
1 болд. Незнам од кај си брат,незнам на кои утакмици си бил али ти гарантирам дека работите колку толку се подобруваат ( од аспект на играта ) и ја сум бил на некои ултра досадни натпревари не викам не,првиот натпревар на кој бев сезонава ( во улога на семкар не навивач ) беше крајно досаден 0-0 заврши без ниедна шанса,тоа не ме спречи покасно да идам на другите натпревари1.Последниве неколку години присуствував на ултра досадни домашни првенствени натпревари, и на сите сум одел со ентузијазам дека нешто од нешто ќе видам подобра игра во живо, некој потег, некој евро гол. Досега не сум го видел тоа. Но видов планина Х лица окулу терен што константно нешто имаат да приговорат, договорат, опцујат.
2.Ја имам таа несреќа, или среќа за кого како, да се познавам со судија од првава ти наша лига. За било кој натпревар да сум го прашал, ми рекол пред почеток на истиот ќе ти се јавам и ќе ти кажам кој ќе победи. Не згрешил. И со која желба јас би одел на првенствен натпревар, со кој мотив би одел да го бодрам мојот омилен тим кога знам однапред дека ќе загуби, дека бодрам фудбалери ова марионети кој по натпреварот одат на частење бидејќи успешно ја завршиле зацртаната игра изрежирана од газдите на клубот?
3.Навивачите единствено можат да му помогнат на клубот или лигата дотолку плаќат карта на првенствените натпревари. Кај нас има мизерна публика која доаѓа гага, а еве и негде да се плаќа тоа се мизерни 50денари пута 100луѓе добиваме смешна сума од 5000денари со која ниту ручекот на фудбалерите неможеш да им го платиш, а камо ли да го почастиш судијата нешто.
4. Сите знаеме дека проблемот е во федерацијата, која патем дозволува вакви малверзации без око да им трепне. Сите имаат фајде во овој бизнис кај нас и на сите им одговара ваква игра, освен на фудбалерите кој веќе начукале години, без образование неможат работа да најдат, па сега ајде за ситни пари трчај по ливадине со надеж дека ќе бидеш виден, и дека конечно ќе се најде некој од страна да те извади од фудбалов во земјава.
Фудбалот напредува секаде, за жал кај нас дури почнува и наназад да оди... а ни ти ни јас не сме криви за тоа, и ни ти ни јас неможе да го поправиме тоа.
5.Јас ќе одам на натпреваров, ќе одам да им покажам на луѓето кои ја играат цела оваа игра со македонскиот фудбал дека сме желни за добри натпревари, дека може да се наполни цел градски и дека сакаме да почне да се игра фудбал во Македонија.
Јак бизнис сака да прави50 евра за карта?! Јас не трујам, ти си отруен!
1.Незнам тебе,али мене срце ми се кине ради тоа,таков тим од вчера ( кој патем беше прегазен од ВАРДАР кој се бореше за опстанок оваа сезона !! ) да биде шампион е жално да речам. За Победа ич,али ич не ми е жал пошо беа марионети на Харалампие,навивачите нивни го подржуваа тоа ( сите знаеме дека Прилеп не е мал град и дека Мајмуни како навивачка група не биле баш малобројни ) што местат натпревари им одговараше беа шампиони,излегоа во Европа наместија- и сега сите знаеме каде се.Дечко, фудбалот е пазар... професионалниот фудбал е огромен бизнис. 1. Зошто мене да ми биде жал за македонкиот фудбал? Зошто Ренова намести и пикна неколку стотина илјади евра во џеб? Затоа што Победа е суспендирана директно од Уефа? Затоа што Харалампие Хаџиристески се понаша како султан? Затоа што Миленко Неделковски го придружуваше човекот од Уефа?
А бре пет пари не давам за македонскиот фудбал... некој прави гадни пари од него, а мене да ми биде жал од некој квази-патриотски причини и од некаква илузорна спортска лојалност? Не фала!
2.Ако одам на стадион (нема да одам) би отишол поради Ливерпул. Пошто се професионален клуб со богата историја, пошто немаат дамка во водењето на клубот и пошто настапуваат во најсилната лига во светот на која “дркаме“ секоја сабота и недела.
3.Нека го направат фудбалот, нека се развие некаков темел од кој ќе се работи професионално и по капиталистички принципи, каде кладилниците во Макао нема да бидат главен извор на приходи на газдите на клубовите, нека се фрлат пари за играчи, нека се најдат квалитетни спонзори (ако се работи добро ќе дојдат и од странство)... нека се работи чесно и транспарентно, со почит кон играчите и стручниот штаб... нека се организираат фудбалски школи со странски експерти кои ќе ги научат и нашите тренери нешто повеќе од онаа излитена Југословенска школа... и.т.н.
Тогаш нема да се молиме меѓу себе да одиме на стадион и да навиваме за македонскиот тим... тогаш ќе ни биде чест да го направиме тоа.
И на натпреварите од Интер со тимови како Сиена/Болоња/Каљари нема повеќе од 30.000 души на стадион... ама за Барцелона крцка... нема тука лојалност или нелојалност... тука има спектакл- шоу- атракција...
1. Е па сега тебе не ти е жал за нив... ама мене право да ти кажам не ми е жал за никого... Работнички го следев колку што е можно во времето кога играше одличен фудбал (времето кога играше со Лил, Болтон, Дебрецин...), затоа што прв пат во животот видов еден професионален, организиран тим... работата пукна... и сега немам намера да гледам фудбал од трета класа... мило ми е што Работнички стигна до Ливерпул... толку!1.Незнам тебе,али мене срце ми се кине ради тоа,таков тим од вчера ( кој патем беше прегазен од ВАРДАР кој се бореше за опстанок оваа сезона !! ) да биде шампион е жално да речам. За Победа ич,али ич не ми е жал пошо беа марионети на Харалампие,навивачите нивни го подржуваа тоа ( сите знаеме дека Прилеп не е мал град и дека Мајмуни како навивачка група не биле баш малобројни ) што местат натпревари им одговараше беа шампиони,излегоа во Европа наместија- и сега сите знаеме каде се.
2.болд - тоа е она што сакав да го кажам,99 % ИДАТ РАДИ ЛИВЕРПУЛ !!! НЕ ЗА ДА ГО ПОДРЖАТ МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК.
3. Сите го сакаме тоа брат,али со седење пред компјутер\телевизор не се постугнува тоа бе братко,сите шо сакаме фудбал треба да учествуваме.Навивачите\публиката е таа која може да смени нешто. пример ќе ти дадам- лани ВАРДАР немаше пари ни судии да плати- КОМИТИ беа тие кои собираа пари за да ги платат судиите,КОМИТИ беа тие кои буквално го спасија ВАРДАР од исклучување од лига.
Гледам имаш 23 години ќе те прашам дали си бил ко мал на некој натпревар од Мак. лига ? Во 90тите се играло прилично добар фудбал,и скоро и да биле полни сите стадионите. ( Зборам во 3то лице пошо сум бил мн. мал и не се сеќавам,а ме има носено татко ми по утакмици.)
Болдот- Јасно ми е се веќе1. Е па сега тебе не ти е жал за нив... ама мене право да ти кажам не ми е жал за никого... Работнички го следев колку што е можно во времето кога играше одличен фудбал (времето кога играше со Лил, Болтон, Дебрецин...), затоа што прв пат во животот видов еден професионален, организиран тим... работата пукна... и сега немам намера да гледам фудбал од трета класа... мило ми е што Работнички стигна до Ливерпул... толку!
2. Фала богу... тоа е како да споредиш концерт на Цеца со концерт на Влатко од морал
3. А се постигнува со беспрекорно подржување на тимот? Со патриотски чувства дека ако е “наше“ мора да го сакаме? Со одење на стадион? Не! Ако имаш пари спонзорирај го тимот, ако имаш нацрт-идеа оди во клубските простории и сподели ја со раководството... ако “незнаеш кај ти е главата“ едноставно ќе го бојкотираш македонскиот фудбал се додека не се променат работите!
А за Вардар... и што ако останале во прва лига? Работите ќе бидат црни (најверојатно) и догодина... До кога комитите ќе им и плаќаат судиите?
Бидејќи сум од Тетово, сум одел во 90-тите на натпревари од Тетекс... не редовно, туку онака одвреме-навреме... за жал ни јас не сум успеал да го фатам “златното време“ на југословенскиот фудбал... а и нашиов градски тим тој период беше во расуло.
Пред 5 години ги покривав натпреварите на Шкендија, Ренова и Тетекс за македонски спорт... и тоа што го видов/доживеав тогаш беше вистински хорор кој те тера да го замразиш самиот фудбал како игра... македонскиот фудбал посебно... затоа не очекувам никакви подобрувања, и затоа сум апатичен кога се однесува на нашите фудбалски тимови...
Нека им е среќно на Работнички... Се надевам на позитивен резултат... но тоа е само желба... реалноста ќе гласи малку поинаку.
ДА БЕ БАЧКО, СЕГА ДОЗНАВ!!!...а сега ли дозна дека има МАКЕДОНСКИ ТИМ што игра фудбал???
Сакам кажам - незнам речам...Се работи за принципи и чест кога нема кој да те фати. Општо, не само во оваа ситуација. Исто како да речиш дека би му подметнал пречка на слеп човек дур поминува улица. Ако нема кој да те фати - не се важи, нели?
Ама некако не ти иде со психоанализиве, нели?Според муабетот твој, се гледа дека воопшто не те интересира ниту фудбал, ниту спортот воопшто. Туку, забележа дека дури и врапчињата зборуваат за легендарниот Ливерпул, па потча да го бодриш ... работнички.
Нејсе ...
Не бе бачко, само детектор за вистински фанови на вратите. Кој бил на помалку од 100 натпревари на Работнички - назад! : )))Уште ја тупите истата дискусија?
Кој земал карта и му се оди ќе оди. Зошто? Негова лична и персонална работа. Ако ви се оди да навивате за Работнички ОК. Ако ви се оди да дадете подршка на мак фудбал општо, пак ОК. Ако одите да го видите Ливерпул, опет ОК.
Појасно здравје. Уживајте вечер во утакмицата, кој за што сте и сите среќни.
Kanal 5 , ama dali ima repriza ??А пренос на Канал 5 ќе има или на МТВ?