Работнички - Ливерпул 29.07.2010 - 20:45

Rabotnicki vs Liverpool

  • Вкупно гласачи
    134
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.555
Продавам карта за на јужна, 50 евра. На кој му одговара ок кој не негов проблем, нека не труе скапо оав она.
 
Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Пишав зошто у претходниот пост,али го избришав нез зашто.....
Потребна е тука подршката бидејќи МАКЕДОНСКИОТ фудбал се повеќе тоне,екипите немаат пари ни играчите шо се вика да ги платат спонзори нема пошо гледаат дека нема ни гледачи на трибини.Ако се продолжи овој тренд,ќе дојде време кога тие европски натпревари ќе бидат луксуз за нашите тимови,ќе бидеме во рангот на екипи од Ерменија,Луксембург,Андора,Естонија и сл ( чии првенства се АМАТЕРСКИ )
Е тек тогаш луксуз ќе биде ако играме против некој од Шведска,Норвешка,Финска а не па против екипи од европскиот врв....
Болдот - побитна е да ( лошо се изразив во претходниот пост ),и нормално е да има повеќе публика тогаш,али да не биде ко сега плус 19 500 од ПРОСЕКОТ на публика на кој игра Работнички,апла се гледа зашто се тие 19 500 дојдени..... :wink:
Последниве неколку години присуствував на ултра досадни домашни првенствени натпревари, и на сите сум одел со ентузијазам дека нешто од нешто ќе видам подобра игра во живо, некој потег, некој евро гол. Досега не сум го видел тоа. Но видов планина Х лица окулу терен што константно нешто имаат да приговорат, договорат, опцујат.

Ја имам таа несреќа, или среќа за кого како, да се познавам со судија од првава ти наша лига. За било кој натпревар да сум го прашал, ми рекол пред почеток на истиот ќе ти се јавам и ќе ти кажам кој ќе победи. Не згрешил. И со која желба јас би одел на првенствен натпревар, со кој мотив би одел да го бодрам мојот омилен тим кога знам однапред дека ќе загуби, дека бодрам фудбалери ова марионети кој по натпреварот одат на частење бидејќи успешно ја завршиле зацртаната игра изрежирана од газдите на клубот?

Навивачите единствено можат да му помогнат на клубот или лигата дотолку плаќат карта на првенствените натпревари. Кај нас има мизерна публика која доаѓа гага, а еве и негде да се плаќа тоа се мизерни 50денари пута 100луѓе добиваме смешна сума од 5000денари со која ниту ручекот на фудбалерите неможеш да им го платиш, а камо ли да го почастиш судијата нешто.

Сите знаеме дека проблемот е во федерацијата, која патем дозволува вакви малверзации без око да им трепне. Сите имаат фајде во овој бизнис кај нас и на сите им одговара ваква игра, освен на фудбалерите кој веќе начукале години, без образование неможат работа да најдат, па сега ајде за ситни пари трчај по ливадине со надеж дека ќе бидеш виден, и дека конечно ќе се најде некој од страна да те извади од фудбалов во земјава.

Фудбалот напредува секаде, за жал кај нас дури почнува и наназад да оди... а ни ти ни јас не сме криви за тоа, и ни ти ни јас неможе да го поправиме тоа.

Јас ќе одам на натпреваров, ќе одам да им покажам на луѓето кои ја играат цела оваа игра со македонскиот фудбал дека сме желни за добри натпревари, дека може да се наполни цел градски и дека сакаме да почне да се игра фудбал во Македонија.
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.734
Поени од реакции
904
Продавам карта за на јужна, 50 евра. На кој му одговара ок кој не негов проблем, нека не труе скапо оав она.
50 евра за карта?! Јас не трујам, ти си отруен!
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
1.Последниве неколку години присуствував на ултра досадни домашни првенствени натпревари, и на сите сум одел со ентузијазам дека нешто од нешто ќе видам подобра игра во живо, некој потег, некој евро гол. Досега не сум го видел тоа. Но видов планина Х лица окулу терен што константно нешто имаат да приговорат, договорат, опцујат.

2.Ја имам таа несреќа, или среќа за кого како, да се познавам со судија од првава ти наша лига. За било кој натпревар да сум го прашал, ми рекол пред почеток на истиот ќе ти се јавам и ќе ти кажам кој ќе победи. Не згрешил. И со која желба јас би одел на првенствен натпревар, со кој мотив би одел да го бодрам мојот омилен тим кога знам однапред дека ќе загуби, дека бодрам фудбалери ова марионети кој по натпреварот одат на частење бидејќи успешно ја завршиле зацртаната игра изрежирана од газдите на клубот?

3.Навивачите единствено можат да му помогнат на клубот или лигата дотолку плаќат карта на првенствените натпревари. Кај нас има мизерна публика која доаѓа гага, а еве и негде да се плаќа тоа се мизерни 50денари пута 100луѓе добиваме смешна сума од 5000денари со која ниту ручекот на фудбалерите неможеш да им го платиш, а камо ли да го почастиш судијата нешто.

4. Сите знаеме дека проблемот е во федерацијата, која патем дозволува вакви малверзации без око да им трепне. Сите имаат фајде во овој бизнис кај нас и на сите им одговара ваква игра, освен на фудбалерите кој веќе начукале години, без образование неможат работа да најдат, па сега ајде за ситни пари трчај по ливадине со надеж дека ќе бидеш виден, и дека конечно ќе се најде некој од страна да те извади од фудбалов во земјава.

Фудбалот напредува секаде, за жал кај нас дури почнува и наназад да оди... а ни ти ни јас не сме криви за тоа, и ни ти ни јас неможе да го поправиме тоа.

5.Јас ќе одам на натпреваров, ќе одам да им покажам на луѓето кои ја играат цела оваа игра со македонскиот фудбал дека сме желни за добри натпревари, дека може да се наполни цел градски и дека сакаме да почне да се игра фудбал во Македонија.
1 болд. Незнам од кај си брат,незнам на кои утакмици си бил али ти гарантирам дека работите колку толку се подобруваат ( од аспект на играта ) и ја сум бил на некои ултра досадни натпревари не викам не,првиот натпревар на кој бев сезонава ( во улога на семкар не навивач ) беше крајно досаден 0-0 заврши без ниедна шанса,тоа не ме спречи покасно да идам на другите натпревари
2. Чим знае судијата,значи дека и тој е вмешан во тоа така ? Зашто па он дозволил да биде нечија марионета,само за да пикне во џеб некои 2-3000 евра ?
3. 100 не можат да сменат,се согласувам,али шо праиме ако има полн стадион ? 10 000 луѓе сигурно ќе сменат нешто,поисплатливо тогаш ќе им биде и на газдите да вложуваат бидејќи ќе знаат дека има гледачи има од кај да ги вадат вложените пари,а да не мора да мести..
4. Точно нема што. Додека не се избркаат тие мајмуни од тамо нема да има напредок. Али точно е и дека тие мајмуни не се бркаат со 200-300 луѓе на трибини така ?
5. Секоја чест брат али,со 1 таков натпревар годишно ништо не се покажува,се наполни градски и Шпанија кога беше,се наполни и некои други такви репрезентации кога беа па пак ништо не се смени така ?

п.с Абе 4 пути ме цитираше :pos:
Среди нешо нетот :)
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Дечко, фудбалот е пазар... професионалниот фудбал е огромен бизнис. 1. Зошто мене да ми биде жал за македонкиот фудбал? Зошто Ренова намести и пикна неколку стотина илјади евра во џеб? Затоа што Победа е суспендирана директно од Уефа? Затоа што Харалампие Хаџиристески се понаша како султан? Затоа што Миленко Неделковски го придружуваше човекот од Уефа?

А бре пет пари не давам за македонскиот фудбал... некој прави гадни пари од него, а мене да ми биде жал од некој квази-патриотски причини и од некаква илузорна спортска лојалност? Не фала!

2.Ако одам на стадион (нема да одам) би отишол поради Ливерпул. Пошто се професионален клуб со богата историја, пошто немаат дамка во водењето на клубот и пошто настапуваат во најсилната лига во светот на која “дркаме“ секоја сабота и недела.

3.Нека го направат фудбалот, нека се развие некаков темел од кој ќе се работи професионално и по капиталистички принципи, каде кладилниците во Макао нема да бидат главен извор на приходи на газдите на клубовите, нека се фрлат пари за играчи, нека се најдат квалитетни спонзори (ако се работи добро ќе дојдат и од странство)... нека се работи чесно и транспарентно, со почит кон играчите и стручниот штаб... нека се организираат фудбалски школи со странски експерти кои ќе ги научат и нашите тренери нешто повеќе од онаа излитена Југословенска школа... и.т.н.
Тогаш нема да се молиме меѓу себе да одиме на стадион и да навиваме за македонскиот тим... тогаш ќе ни биде чест да го направиме тоа.

И на натпреварите од Интер со тимови како Сиена/Болоња/Каљари нема повеќе од 30.000 души на стадион... ама за Барцелона крцка... нема тука лојалност или нелојалност... тука има спектакл- шоу- атракција...
1.Незнам тебе,али мене срце ми се кине ради тоа,таков тим од вчера ( кој патем беше прегазен од ВАРДАР кој се бореше за опстанок оваа сезона !! ) да биде шампион е жално да речам. За Победа ич,али ич не ми е жал пошо беа марионети на Харалампие,навивачите нивни го подржуваа тоа ( сите знаеме дека Прилеп не е мал град и дека Мајмуни како навивачка група не биле баш малобројни ) што местат натпревари им одговараше беа шампиони,излегоа во Европа наместија- и сега сите знаеме каде се.
2.болд - тоа е она што сакав да го кажам,99 % ИДАТ РАДИ ЛИВЕРПУЛ !!! НЕ ЗА ДА ГО ПОДРЖАТ МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК.
3. Сите го сакаме тоа брат,али со седење пред компјутер\телевизор не се постугнува тоа бе братко,сите шо сакаме фудбал треба да учествуваме.Навивачите\публиката е таа која може да смени нешто. пример ќе ти дадам- лани ВАРДАР немаше пари ни судии да плати- КОМИТИ беа тие кои собираа пари за да ги платат судиите,КОМИТИ беа тие кои буквално го спасија ВАРДАР од исклучување од лига.

Гледам имаш 23 години ќе те прашам дали си бил ко мал на некој натпревар од Мак. лига ? Во 90тите се играло прилично добар фудбал,и скоро и да биле полни сите стадиони низ државава ...
 
Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
791
1.Незнам тебе,али мене срце ми се кине ради тоа,таков тим од вчера ( кој патем беше прегазен од ВАРДАР кој се бореше за опстанок оваа сезона !! ) да биде шампион е жално да речам. За Победа ич,али ич не ми е жал пошо беа марионети на Харалампие,навивачите нивни го подржуваа тоа ( сите знаеме дека Прилеп не е мал град и дека Мајмуни како навивачка група не биле баш малобројни ) што местат натпревари им одговараше беа шампиони,излегоа во Европа наместија- и сега сите знаеме каде се.
2.болд - тоа е она што сакав да го кажам,99 % ИДАТ РАДИ ЛИВЕРПУЛ !!! НЕ ЗА ДА ГО ПОДРЖАТ МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК.
3. Сите го сакаме тоа брат,али со седење пред компјутер\телевизор не се постугнува тоа бе братко,сите шо сакаме фудбал треба да учествуваме.Навивачите\публиката е таа која може да смени нешто. пример ќе ти дадам- лани ВАРДАР немаше пари ни судии да плати- КОМИТИ беа тие кои собираа пари за да ги платат судиите,КОМИТИ беа тие кои буквално го спасија ВАРДАР од исклучување од лига.

Гледам имаш 23 години ќе те прашам дали си бил ко мал на некој натпревар од Мак. лига ? Во 90тите се играло прилично добар фудбал,и скоро и да биле полни сите стадионите. ( Зборам во 3то лице пошо сум бил мн. мал и не се сеќавам,а ме има носено татко ми по утакмици.)
1. Е па сега тебе не ти е жал за нив... ама мене право да ти кажам не ми е жал за никого... Работнички го следев колку што е можно во времето кога играше одличен фудбал (времето кога играше со Лил, Болтон, Дебрецин...), затоа што прв пат во животот видов еден професионален, организиран тим... работата пукна... и сега немам намера да гледам фудбал од трета класа... мило ми е што Работнички стигна до Ливерпул... толку!
2. Фала богу... тоа е како да споредиш концерт на Цеца со концерт на Влатко од морал :)
3. А се постигнува со беспрекорно подржување на тимот? Со патриотски чувства дека ако е “наше“ мора да го сакаме? Со одење на стадион? Не! Ако имаш пари спонзорирај го тимот, ако имаш нацрт-идеа оди во клубските простории и сподели ја со раководството... ако “незнаеш кај ти е главата“ едноставно ќе го бојкотираш македонскиот фудбал се додека не се променат работите!
А за Вардар... и што ако останале во прва лига? Работите ќе бидат црни (најверојатно) и догодина... До кога комитите ќе им и плаќаат судиите?

Бидејќи сум од Тетово, сум одел во 90-тите на натпревари од Тетекс... не редовно, туку онака одвреме-навреме... за жал ни јас не сум успеал да го фатам “златното време“ на југословенскиот фудбал... а и нашиов градски тим тој период беше во расуло.
Пред 5 години ги покривав натпреварите на Шкендија, Ренова и Тетекс за македонски спорт... и тоа што го видов/доживеав тогаш беше вистински хорор кој те тера да го замразиш самиот фудбал како игра... македонскиот фудбал посебно... затоа не очекувам никакви подобрувања, и затоа сум апатичен кога се однесува на нашите фудбалски тимови...
Нека им е среќно на Работнички... Се надевам на позитивен резултат... но тоа е само желба... реалноста ќе гласи малку поинаку.
 
Болдот- Јасно ми е се веќе :pos:
На тие натпревари,како неутралец ако ги следиш не оставаат баш добар впечаток :tv:
Али веруј,такви слики можеш да видиш секаде во европа,посебно на градските дерби натревари,да не зборам за тие кај што се овака со различни националности навивачите ( под тие "слики' не се подразбираат и оние рекетарите од еден од тимовите што стоеле кај соблекувалните !Али тука е веќе станува збор за нешто друго )

Далеку од тоа дека навивачите или идењето на стадион само по себе ќе постигне нешто,АЛИ тоа е најважниот дел,најважната алка од големиот ланец што е потребен за успех. Пошо нели фудбалот покрај што е бизнис,се игра и за навивачите\фановите. ( А најголемиот дел од профитот е токму од навивачите\фановите )

за 1. Се согласувам дека Работнички имаше еден Дрим-тим за нашава лига,тим за респект точно,но и покрај тоа тој тим на домашните утакмици немаше многу публика така ? Кога тие играчи,спонзор се префрли во друг тим одма се осети разлика,на стадион имаше по 3-4000 гледачи. Ќе имаше и многу повеќе да не беа матните игри што некој ги направија во тој период,се со цел да наштетат на тој тим. ( се разбравме нели ? ) Пак доаѓам до тоа дека тим кој нема навивачи нема долгорочен просперитет !! Да не испаднам дека само го фалам Вардар или Комити,се кладам дека истото ќе било и да се случело во Пелистер,во Победа ( уште беше жива тогаш ) Брегалница,Тетекс итн.
2. Кај ја најде Цеца :pos::pos:
Али ај да не се фаќам за влакно те разбрав што сакаш да ми кажеш,и ќе ти го кажам истото што му реплицирав на еден член погоре ( може и тебе не памтам више ). Од 500 гледачи до 20 000 има мноогу голема разлика,која е и повеќе од очигледна зошто дошла не мора да се глуми патриотизам. ( не зборам за тебе тука знам дека не идеш )
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
...а сега ли дозна дека има МАКЕДОНСКИ ТИМ што игра фудбал???
ДА БЕ БАЧКО, СЕГА ДОЗНАВ!!!
А ви како те????? Че ме има ли на ТеВе мајке ми???

Ај сеа сериозно... :)

Ако имам друга преокупација освен тоа да гледам мрсулковци како се тетерават и се копаат на терен (тоа се добри 90% од играчите во македонската лига) секоја недела (сум пробал, стварно - ама некако не ми иде) - не значи дека не сакам да имаме квалитетна лига и дека не би гледал фудбал почесто доколку играта биде на ниво. Подобро ми е да изиграм фудбал у маало, отколку да гледам некој како игра под нивото на маалската екипа.

Се работи за принципи и чест кога нема кој да те фати. Општо, не само во оваа ситуација. Исто како да речиш дека би му подметнал пречка на слеп човек дур поминува улица. Ако нема кој да те фати - не се важи, нели?
Сакам кажам - незнам речам...

Според муабетот твој, се гледа дека воопшто не те интересира ниту фудбал, ниту спортот воопшто. Туку, забележа дека дури и врапчињата зборуваат за легендарниот Ливерпул, па потча да го бодриш ... работнички.
Нејсе ...
Ама некако не ти иде со психоанализиве, нели?

Ме интересира фудбал, затоа и играм барем 2 пати неделно. Како дете дури играв за Вардар и Работнички. Се откажав затоа што ми беше преку тасета да гледам како форсираат мрсулковци кои не знаат да одат, само затоа што тате бил спонзор... Потоа почнав да играм ракомет. Сега играм футсал рекреативно. Последен фудбалски достиг (заедно со екипата нормално) е прво место на „Месец на спортот“.

Кога веќе почнавме со анализи на спортски план, јас сум убеден дека сум далеку пообразован на спортски план од тебе. Впрочем, такво образование и завршив - физичка култура. Имам настапувано пред полни сали и имам претрчано барем 1000 километри повеќе од тебе. За признанија, пехари, медали и тн... Не вреди да се објаснува на некој како тебе.

И сеа, ти најде да ме анализираш мене зошто јас ТРЕБА да бидам ПРИНЦИПИЕЛЕН и да НЕ ИДАМ на Работнички - Ливерпул? Па дали си ти нормален бе Климе? :)

Пак ќе речам. Спуштете се на земја копиљаци. Тоа што не сте купиле карта на време не значи дека треба да ги колнете сите тие што имаат. Плукајте по тие што ги препродаваат на пример. И не значи дека ако сте дремеле секоја недела на стадион (наместо да бркате некоја друга работа, или да поиграте фудбал со пријателите) - СИТЕ останати не смеат да гледаат фудбал. Немојте така. Тоа ви е лузерска констатација.

И на крај... не сум лоботомиран да губам време на стадион кога игра Работнички - Ренова. Ако вас ви се гледа, тоа е сосема во ред. Мене не ми е интересно. Нормално дека ќе дојдам кога ќе има квалитет. Гледачи се привлекуваат со квалитет. Јас ли треба да поработам на квалитетот? Не - тимовиве. Пак ќе речам... Без разлика дали е Ливерпул, Вардар или ЕМО Охрид - ако има квалитет, јас ќе дојдам да гледам.
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Уште ја тупите истата дискусија?

Кој земал карта и му се оди ќе оди. Зошто? Негова лична и персонална работа. Ако ви се оди да навивате за Работнички ОК. Ако ви се оди да дадете подршка на мак фудбал општо, пак ОК. Ако одите да го видите Ливерпул, опет ОК.

Појасно здравје. Уживајте вечер во утакмицата, кој за што сте и сите среќни.
 
Не бе бачко, само детектор за вистински фанови на вратите. Кој бил на помалку од 100 натпревари на Работнички - назад! : )))
 
MiloBilderce

Bukake anyone ?
Член од
7 ноември 2009
Мислења
1.238
Поени од реакции
70
Ke ima li vecer repriza na kanal 5 ? Jas sum na rabota , ke go propustam natprevarot :jaj:
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.914
Поени од реакции
7.007
А пренос на Канал 5 ќе има или на МТВ?
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Не знам за реприза но ќе има емисија од 20.00 ч а јас изгледа ќе го гледам само второто полувреме во 20.30 е финалето на турнирот во мал фудбал во градов.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom