ЛОЛ мислам..А зошто да не се штеди во денари? Мене сите пари ми се орочени во денари, така имам највисока камата... Се разбира дека сум размислувал дел од парите да ги заменам во евра, поради ризик од евентуална девалвација да го намалам ризикот. Но од она што го слушам таков ризик засега не постои. Денес го гледав бившиот гувернер Љубе Трпески и тој советува да се штеди во денари иако заговара да се премине на флексибилен курс на денарот.
Во иднина можеби би вложил дел од парите во некој инвестиционен фонд, но засега нема шанси. (Да не се повторувам со другите дискутанти.)
Си го видел трговскиот дефицит ??? Што значи тоа за валутата и куповната моќ ??
Јас сум против било каква книжна валута оти едноставно не верувам дека е возможно било што да ја задржи вредноста ако од истотото има се повеќе и повеќе. Банкарстовто со делумна резерва гарантира дека ќе има се повеќе и повеќе денари кои ќе можат да купат се помалце и помалце стоки. Ако го гледаше Љубе на Паричник вчера најконтроверзно нешто што кажа е дека бернаке е генијалец.. мислам човекот прави хиперинфлација а овај го вика генијалец.. Инвестициски фонд колку и да се лоши провизиите е пак подобро од штедење во денари...
Ризик од девалвација има во секој момент...
Верувам во штедење во реални средства (акции во бизниси, недвижнина(ако не е преценета), стоки, злато и сребро) Се друго е ебиветар...
А инаку исто ти е и во евра да ги чуваш пак ќе губат на вредност.. Впрочем во ноември еврото изгуби 10%... Јас лично во валути чувам најминималниот минимум - пари што сум сигурен дека ќе ми требаат за скоро... Инаку ако веќе би чувал некаква валута тоа е: австралиски долари(злато), канадски долари(нафта), швајцарски франци(стабилност) или јапонски јени(не толку добро ама алтернатива на евра и долари (200% задолженост на владата)). Секако најнајдобра варијанта за чување валути е ремимбито ама не е дозволен за тргување.
Целата поента е да чуваш нешто што утре ќе ти ги купи потребните работи.. Засега ремибито е неприкосновен во тој поглед оти скоро се што ти треба е прозиведено/деноминирано во ремимби..