Светско првенство во фудбал, 2010 година, Јужна Африка

  • Креатор на темата Креатор на темата Jax Rebel
  • Време на започнување Време на започнување
Ај аирлија убаво прво голче, слично како голот на Лам пред 4 години. Мајсторија на Шабалала.
 
Да се собереме 10 000 души МТВ да ставаат тајмери на преносите.
 
Добар натпревар, за увод одличен би рекол :)
 
не смао што немаат графика мтв, туку немаат ни новинари таму, ќе коментираат од студио со семки а не како хтв кои имаат цела екипа испратено таму од 10 новинари.
 
Не сум задоволен од камерата бидејки многу од горе се глеа,треба малце поблсуку да се доближи камерата да се гледа поубаво а не вака ко од од авион да гледам!!Мексико беа подобри овие играа само на контри и дадоа гол
 
Искрен да бидам,тапа натпревар,ептен досаден.
Да не беа головите,ќе заспиев.
Но,да гледаме на позитивната страна,сепак почна светсково,и ќе гледаме фантастични утакмици цел месец.
Вечер очекувам јак меч помеѓу Уругвај и Франција.Се надевам дека Суарез и компанија ќе земат 3 бода.
 
Просечен натпревар, ЈАР се надеваа дека ќе го добијат, затоа и беа разочарани на крај. Типувам на прво светско без домаќин во 1/8 финале.
Вечер очекувам подобар натпревар, кој се надевам ќе го добие Уругвај.
 
Прв картон за Мексико (1.72) @ 4 единици
Прв корнер за Јужна Африка (1.80) @ 5 единици
Гол-Гол (2.10) @ 4 единици

Уругвај - Франција

Вести:
По се изгледа дека тренерот на Франција Рајмон Доменек е подготвен да го остави на клупа Тиери Анри, а Никола Анелка ќе ги преземе неговите задачи во нападот. Патрис Евра ќе биде капитен. Централниот бек Вилијам Галас е опоравен и се очекува да биде стартер.

Тренерот на Уругвај Оскар Табарес го објави својот тим за денешниот натпревар. Има две промени во однос на оној кој го победи Израел со 4-1 во единствената контрола пред првенството на 26 мај. Маурисио Викторино ќе го менува Андрес Скоти од Коло Коло во одбраната, а халфот Егидио Аревало влегува на местото на Валтер Гаргано од Наполи.

Формации

Уругвај (4-4-2)
Муслера - Лугана, Година, Викторино, Перес - Алваро Перејра, Аревало, Гонзалес, Макси Перејра - Форлан, Суарес

Франција (4-3-3, можеби)
Лорис - Сања, Абидал, Галас, Евра - Гуркуф, Тулалан, Малуда - Гову, Анелка, Рибери

Инфо

Французин е авторот на првиот гол во историјата на светските првенства, а Уругвај е првиот шампион. И двата тима на овој натпревар ќе се обидат да ја повторат историјата.
Светскиот шампион од 1998 година, Франција се провлече неубедително до финалето на Мундијалот 2006 и и беше потребен скандалозниот гол со рака на Тиери Анри за да стигне на ова светско. Непопуларен во својата татковина, тренерот Рајмон Доменек, не може да го извлече најдоброто од талентот на својот тим, а поразот со 0-1 од Кина во последната контрола е само продолжение на серијата неубедителни натпревари по прекинот на Евро 2008.
Мора да се споменат и скандалозните `дружења` со проституки на француските фудбалери, па и внатрешните несогласувања во тимот на Франција кој и онака не е еден од фаворитите на ова СП.

Уругвај имаше свои проблеми во квалификациите и стана последниот тим кој обезбеди место на СП играњето плејофи со Коста Рика. Сепак, нема сомневање дека тимот на Оскар Табарес има квалитети да стане една од изненадувањата на турнирот. Двократниот шампион е обдарен со доста невообичаена група напаѓачи, млади таленти и со познатиот Уругвајски борбен, тимски дух. Напаѓачите Диего Форлан и Луис Суарес имаат дадено вкупно над 80 гола оваа сезона, прашањето е дали овој дует ќе ги загрози Французите, кои се наоѓаат во хаотични состојба.

Факти

Еден против друг

Ривалите се среќаваат по петти пат. Уругвај има две победи, а Франција - една. Два од натпреварите се ремија. Најскорешниот меч донесе 0-0 во контролниот меч во ноември 2008 година, а истиот резултат беше постигнат и на светското во 2002 година.

Уругвај
- Точно 8 години минати од последниот натпревар на Ла Селесте на светско првенство - 3-3 против Сенегал на 11 јуни 2002 година.
- Во 14 натпревари, откако го достигна финалето на светското во 1970 година Уругвај постигна само една победа, со гол во последната минута против Јужна Кореја во 1990 година. Тренерот на чело на тимот во тој ден беше Оскар Табарес.

Франција
- Последниот гол кој сините го примиле од јужноамерикански ривал на светско првенство е при ремито од 1-1 против Бразил, во четвртфиналниот дуел во 1986 година. По овој примен гол, има 3 победи и 1 реми против јужноамрикански екипи(без примен гол)!
- Сините играат 13-то светско првенство, при што имаат играно во финалето во две од последните три изданија.

Судии
Главен: Јичи Нишимура (Јапонија)
Странични: Тору Сагара (Јапонија), Хае Санг Жеонг (Јужна Кореја)

Анализа на пазарот

Букмејкерите се во многу голема корист пред овој натпревар бидејќи не добиле особено голем ризик за нивниот фаворит Франција. И покрај се, тоа е тимот кој тие со своите активности очекуваат да победи на натпреварот. Тука неоспорно хит ќе биде влогот за под 2.5 гола, но чудно е дека степен е повисок од натпреварот на отворањето на пример. Франција или Х е категоричното хит на азискиот пазар и одличен коефициент - околу 1.55.

Препорачани типови

Тука мислам да ставам мал влог на победа на Франција и голем влог на Франција или Х. Сепак Франција е многу поискусен тем од Уругвај, а проблемите што ги имаше Уругвај во квалификациите не беа ни малку помали од оние на Доминик. Дури би рекол дека Уругвај игра многу понеубедително во нив.
Под 2.5 гола не ме привлекува во никој случај, бидејќи ако, на пример Франција внесе гол во првата половина од прво полувреме, Уругвај може да стигне и до колапс. Ми се чини, сепак, дека нула во резултатот е премногу можна. Внимавајте на фактот каква е статистиката на Франција со јужноамерикански тимови. Ако тимот не добие гол е скоро сигурно дека ќе победи.
При недостаток на Анри, која е скоро сигурна во стартниот состав, мислам дека може да се верува во играта на Анелка во нападот.
Уругвај пак се царови на картони на големи првенства, така што 1.61 да добијат повеќе од 2.5 чини одличен избор.
Шпнскиот судија ќе биде доста принципиелен, така што се испробам и со влог за картон на натпреварот пред 26:00.

И така:
Франција да победи (2,20) 5 единици
Франција или Х (1.50) 9 единици
Уругвај да добие повеќе од 2.5 картони (1.61) 7 единици
Картон на натпреварот пред 26:00 (1.83) 5 единици
НГ (барем еден тим да не постигне гол) (1.80) 7 единици
Никола Анелка постигне гол (2.87) 5 единици

Едит: Како што гледате ќе има и вложени единици, за по завршувањето на Светското да се види колкава ќе биде нашата добивка!
 
Досаден натпревар, заспав на моменти. Сакав да победат Јужноафриканците, али исто толку сакав и да примат гол и да се замолчи онаа проклета публика. Ќе мора да се гледа во друштво светсково, зошто вака сам пред телевизор ќе скренам, сеуште ми зуи во главава :pos:
 
Пријатно изненаден сум од Африканциве, алал да им е :)


хмм... што беше тоа мтв???
 
Иначе Ха-Дето на МАКС ТВ е одлично,секоја чест.Многу убава е сликата,да ти е мерак да гледаш.

А,тие трубите ми ги напраја јајцава цитрони,како не им здосади да свират 90 минути.
 
хадето на макств не е лошо али 3дето на скајспорт е оргии! :tv:
 
Мене повеќе ме нервираше тоа што нема време и резултат отколку трубите.. Човек треба да врти на друга програма, да гледа на саат, или пак ако го пропуштил стартот од мечот на интернет да виде колку е резултатот.. Друго што ми е глупо е што сеа рано се стемнува таму, ама ајде тоа не е ништо трагично. :)

Едит: Иначе се испотив цел меч ги чекам Мексиканците да даат гол(ови). Ги иам +3,5..Сеа треба уште 3 гола да дадат на следните 2 меча (ако не се пласират во следна рунда)...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom