Светско првенство во фудбал, 2010 година, Јужна Африка

  • Креатор на темата Креатор на темата Jax Rebel
  • Време на започнување Време на започнување
Конечно! Цело сабајле нема струја. Само што дојде пред 10тина минути!

Очекувам одлично светско првенство. Иако во отсуство на некои од најголемите ѕвезди сепак очекувам најдобри фудбалки мајстории и нови таленти.

Ставајте гајбите во фрижидерите и нека ни е на здравје месевов!!!

И кикириките ќе ги пикнев за малце во фрижидер. :pos:

Иначе и кој фаќа РТС1 има емисија за СП исто како на МТВ :)
 
Бидејќи ја започнав темава, должност ми е да ја одржувам со најнови информации, шпекулации....

Од денес па до крајот на светското за секој натпревар ќе изготвувам по еден ваков интересен додаток. Текстовите не се оригинално мои туку се преведувани и дополнувани, така да можеби ќе наидете на грешки, но ќе се трудам колку можам повеќе да ги намалам истите! Се надевам дека со ваквиот чекор ќе бидете комплетно информирани за натпреварите и ќе бидете благодарни!

Да почнеме:

Јужна Африка - Мексико


Вести:

Тренерот на Јужна Африка, Карлуш Алберто Пареира го објави составот, кој излегува против Мексико. Тој има доверба на оние кои ја победија Гватемала со 5-0 и Данска со 1-0 во последните два контролни меча.
Капитенот на Мексико, Рафаел Маркес продолжи со тренинг по повредата на десната нога, додека напаѓачот на Вест Хем, Гилермо Франко е обновен по повреда добиена во контролниот меч против Англија на 24 мај.

Можни состави:
Јужна Африка (4-5-1)
Хуне - Гака, Твала, Хумало, Мокуна - Летшолонјае, Дикгакои, Пиенаар, Модисе, Шабалала - Мфела
Мексико (4-4-2, можеби)
Очоа - Хуарес, Маркес, Салсидо, Осорио - Вела, Кастро, Торадо, Гуардадо - Бланка, Франко

Инфо:
Шест години откако го доби правото да домаќинствува на турнирот, Јужна Африка го отвора првиот Мундијал на Африканската земја.
Надежите на нацијата се во рацете на тренерот ветеран Карлуш Алберто Парејра, кој го предводеше Бразил до трофеј во
1994 година но сега сепак нема да има лесна задача. Бафана Бафана е веројатно најслабиот домаќин во историјата на светските првенства.
Тимот на Парејра не играл турнир натпревар од повеќе од една година, но самодовербата му расте со серијата од веќе 12 натпревари без пораз, која започна во октомври 2009 година, последната жртва во неа е Данска.

Очекувањата во Мексико се високи и поврзани со тоа дека «Златната генерација» може да има историски влез во Јужна Африка. Таквите како Андрес Гуардадо, Џовани ДОС Сантос и Карлос Вела се големите ѕвезди, а многу се очекува и од новата ѕвезда на Манчестер Јунајтед - Хавиер Ернандес. Мексико помина доста солидна подготовка, како тимот на Агире одигра 12 пријателски натпревари само оваа година. Последниот беше победата со 2-1 над светскиот шампион Италија, што укажува на тоа дека Ацтеките ќе влезат на отворањето со огромна доза самодоверба.

Факти

Еден против друг

Ова ќе биде четврт натпревар помеѓу двата тима. Мексико победи два, а Јужна Африка - еден. Последниот судир е во 2005 година во Лос Анџелес на Голд купот, каде што Бафана Бафана победи со 2-1.

Јужна Африка
- Ниту еден домаќин не загубил во претходните 7 натпревари на отворањето. Вкупната статистика вклучува пет победи (Италија во 1934, Бразил 1950, Шведска 1958, Чиле 1962 и Германија 2006) и две ремија (Англија 1966 и Мексико 1970).
- Јужна Африка е втората најниско рангирана држава на светското првенство во листата на ФИФА (83) по КНДР (105).
- Парејра како тренер ќе го има шестиот настап на Светското првенство по Кувајт (1982), ОАЕ (1990), Саудиска Арабија (1998) и Бразил (1994 и 2006).

Мексико

- Ниту еден друг тим не играл повеќе натпревари на отворањето од Мексико. «Ел Три» излегува по петти пат во таков меч, каде досега изгубил три пати и има едно нерешено.
- Мексико сеуште не поразил африкански тим на светско првенство. Тој загуби со 1-3 од Тунис во 1978 година и направи 0-0 со Ангола во 2006 година.
- Мексико бил елиминиран во вториот круг на последните 4 светски првенства.
- "Ел Три» одигра 12 контролни меча во 2010 година, освојувајќи 8 и загуби две.

Судии

Главен: Равшан Ирматов (Узбекистан)
Странични: Рафаел Илјасов (Узбекистан), Бахадир Кочкаров (Киргистан)

Анализа на пазарот

Иако Мексико е фаворит на букмејкерите, може да се каже дека во последните 24 часа се претпазливи, главно, кон успех на домаќинот, каде што гледаат ризикот во натпреварот на отворањето. На хартија, Мексико е посилниот тим и би бил огромен фаворит, ако сепак шампионатот не е во Јоханесбург. Многумина ќе се обидат традиционално под 2.5 гола за отворањето, но според мене шансите се еднакви во однос на пазарот и тој е премногу избалансиран. При точниот резултат пазарот покажа најголема веројатност за 1-0 во корист на Јужна Африка. Азискиот пазар изгледа пак многу категоричен дека Мексико не може да изгуби овој натпревар, односно Мексико или нерешено е одличен избор.

Препорачани типови
Ситуацијата е така поставена дека пред натпреварот тешко може да се избере еден тип. Би се обидел Мексико да не изгуби, но од друга страна мислам дека тимот е многу подложен на притисок од публиката кога не е домаќин. Тоа се виде во квалификациите, каде што имаше многу тешки гостувањето на тимови. Не би ризикувал и со вообичаеното типување на голови(0-2 и 3+), но ми се чини дека над 2+ изгледа разумно. Не сум убеден дека натпреварот ќе заврши 0-0 или 1-0 за некој од двата тима.
Ќе пробам и корнери, како мислам дека овие звуци во самиот почеток побргу ќе ги натера мексиканците да направат прв корнер, т.е. Јужна Африка да го изведе. Коефициент за ова е 1.80. Неискусен судија, исто така, ме наведнува на идејата дека ќе го бара првиот погоден момент да даде картон на мексиканците, кои и онака не играат особено чисто. Прв добиен картон од Мексико има коефициент 1.72.
Во однос на голови цврсто сум убеден дека и двата тима ќе постигнат барем по еден, а коефициент за ГГ е 2.10. Кој прв ќе постигне гол ќе биде принуден да се брани наредните ХХ минути!

И така:

Прв картон за Мексико (1.72)
Прв корнер за Јужна Африка (1.80)
Гол-Гол (2.10)
 
Еве ги официјалните состави за Мексико и ЈАР.

Мексико:
Oscar Pérez; Aguilar, Osorio, Rodríguez, Salcido; Juarez, Márquez, Torrado, Dos Santos, Guille Franco y Vela
ЈАР:
Khune; Gaxa, Mokoena, Khumalo, Tihvalo; Dikgacoi, Modise, Pienaar, Tshabalala, Letsholonyane y Mphela
 
Го нема Чичарито :(

Ајде ајде уште 15 минути :vozbud:
 
Уште 10ина мин до почетокот:vozbud::vozbud:неможам да издржам : ))))) мој фаворит е БРАЗИЛ =) инаку за првава утакмица Африка-Мексико мислам 2ка ќе биде :)
 
Ае сеа ќе почне..Со среќа на сите екипи и НАПРЕД АНГЛИЈА!!!

--- надополнето ---

репрезентации*
 
Ако има некој линкови за Live streaming на светсково нека пушти, окупирани ми се телевизорите дома : )))) (освен Зулу дека имаат ич upload)
 
Ако има некој линкови за Live streaming на светсково нека пушти, окупирани ми се телевизорите дома : )))) (освен Зулу дека имаат ич upload)
http://atdhe.net/
Провери овде, ќе се најде нешто!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Xak
Маме му ебам, се нервирам. Абе некад да му текнеше на некој да стави време на натпреварите. Светско првенство е бе пичка му материна а овие МТВ ко у среден век да се. Сам ли треба да си сметам која минута е и да гледам цело време на саат? Мизерија...

П.С. Да и се наебам на кабловската што ја тргна ХТВ 2.
 
Засега Мексико подобри но ќе видиме, треба да ја подобрат реализацијата!
 
Маме му ебам, се нервирам. Абе некад да му текнеше на некој да стави време на натпреварите. Светско првенство е бе пичка му материна а овие МТВ ко у среден век да се. Сам ли треба да си сметам која минута е и да гледам цело време на саат? Мизерија...

П.С. Да и се наебам на кабловската што ја тргна ХТВ 2.
Смири ги малку нервите друже... знаеме сите дека МТВ одсекогаш биле лоши во пренесување на фудбалските натпревари... уште од кога МТВ2 прекина со премиер лигата... и се случија сите промени со нивната редакција...
Иначе Мексико игра многу поубаво и по ефективно во игра но никако да погодат... ова ништо чудно да казнат сега Африканциве :)
 
пред да почнам да коментирам з апрвото полувреме да ги искритикувам мтв кои немаат време и резултат па мораме д агледаме на часовник и да прашуваме колку е резултато.

инаку на мексико им поништија чист гол а најдиобро играше дечкото со број 17 инаку голманот на мексико е доста несигурен и според мене е дрво.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom