Меси им дава 4 гола на Арсенал, и изјавува - не сум важен јас, важна е тимската игра. Роналдо изјавува - јас сум повисок, поснажен, итн..
Не ја сакам воопшто Барселона, а со тоа не го сакам ни Меси, но се восхитувам на неговата скромност. Човекот се опорави од една тешка болест, и од ништо стана ѕвезда - и остана скромен. И затоа на Меси капа доле. Секој гол кој тој го постигнува им го посветува на оние што го нарекуваат кепец, ретардиран, заостанат во развојот, итн..
Барселона нам синоќа не ни одржа лекција, она тоа го прави веќе 2 години. Бар зар ние сме слепи дека титули се освојуваат со упорност, страст, и со работа ?! Помина времето кога можеше да се купат десетте најдобри играчи и да се владее во Шпанија и во Европа.
Барселона моментално имаат 21 играч кој потекнува од нивната школа, а игра во друг тим. Ние такви играчи ги имаме 40. Синоќа такви двајца играчи ни дадоа голови, а ние потрошивме 250 милиони за да чекаме Гути да влезе во последните 20 минути и да направи 2-3 паса, затоа што нема кој друг да направи.
Жалосно е што во натпревар во кој водиме 4 - 0 некои јуниори не можат да добијат шанса во последните 15-20 минути, жалосно е што во таквите натпревари тренерот не смее да го извади Роналдо од игра, во спротивно би добил отказ. Жалосно е што играчите се караат кој да шутира пенал, жалосно е што изгубивме 4 - 0 од едни механичари, водоинсталатери, келнери..
Зборувајте што сакате, ама едноставно Real Madrid CF повеќе нема карактер !