Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Па и ние не сме толку лоши бе.Се на се 3 бода зад првиот.Него да бевме сега во Италија,Англија ќе се надевавме на кикс на првиот.Но да чекаш Барса да киксне нема шанси.И тоа два кикса ни се потребни.
 
Член од
6 јануари 2009
Мислења
510
Поени од реакции
72
Koga vidov deka marcelo igra sredina a Guti e povotrno rezerva i ke vleguva u 60 minuta znaev deka ke izgubime.Cassilas poslednive natprevari ne go biva,Ronaldo gledase samo da padne vo sesnaesetnik,ako cekas od Raul togas neznam,VdV se cudam kako mozese takva sansa da promasi.Edinstveni koi igraa v4era bea Ramos,Xabi,Guti i Garay. :kesa::tapp:
slednata sezona...
Pelegrini OUT

Hala Madrid
dosta so vakvi sranja kasiljas ne go biva ajdee dosta izgubivme i gotovo fokus za 4 dena protiv almerija
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Гракате безвезе, а Гути и да играше од првата минута, во второто полувреме ќе неможеше да мрдне. 30минити се и премногу за него на натпревар во вакво темпо.

Пеп го знаеше тоа, и затоа го чуваше Иниеста на клупа. Набргу штом влезе Гути, веднаш на терен и Иниеста, и се по старо.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
dosta so vakvi sranja kasiljas ne go biva ajdee dosta izgubivme i gotovo fokus za 4 dena protiv almerija

E тоа да!Ама заборави да направиш уште едно да си го тргнеш тоа што ти е во потпис:toe:Човекот едноставно ни ја упропасти цела сезона и во Ла лига и во ЛШ:salut:
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
dosta so vakvi sranja kasiljas ne go biva ajdee dosta izgubivme i gotovo fokus za 4 dena protiv almerija
pa almerija ke ja tepame samo takvi i mozeme :kesa:

"Марка": Отказ му се заканува на Пелегрини

Поразот од Барселона во 31 коло во Примера и веројатното губење на трката за титулата шпански првак ќе го чини Мануел Пелегрини работно место во мадридски Реал, пишува денешното издание на "Марка".
Новинарот на шпанскиот дневник дознава дека не постои никаква шанса Пелегрини и следната сезона да остане тренер на "кралскиот клуб" иако со Мадридѓани е договорно врзан уште година дена.
"Поразот од Гвардиола му пресуди на Чилеанецот. Прво беше елиминиран од алкоркон во кралскиот Куп, потоа и Лион во ЛШ, а сега и Барселона му побегна во лигата Се чини дека Ел Класико ќе биде конечна потврда дека проектот на Реал за оваа сезона пропадна." - пишува ЌМаркаЌ во текстот под наслов "Пелегрини со двете нозе е надвор од Мадрид".

Извор:Netpress
 
Член од
6 јануари 2009
Мислења
510
Поени од реакции
72
E тоа да!Ама заборави да направиш уште едно да си го тргнеш тоа што ти е во потпис:toe:Човекот едноставно ни ја упропасти цела сезона и во Ла лига и во ЛШ:salut:
Потписот седи додека не го напушти клубот и тачка :uvo:
 
В

Вори

Гостин
Едно можам да кажам за натпреварот!

Реал Мадрид отпадна од шпанскиот куп од третолигашот Алкокрон(како ли беа).
Реал Мадрид отпадна од ЛШ од францускиот за класа послаб тим Лион.Со пораз и нерешено на Бернабеу.
Реал Мадрид ги изгуби двете Ел Класика и на домашен терен и на гостински.Со 1-0 и со 0-2!
Реал Мадрид е на чекор да ја загуби титулата во Примера.
Реал Мадрид има играчи како Роналдо,Кака,Бензема,Касиљас,Рамос,Алонсо,ВДВ,Раул,Диара,Игуаин,Пепе,а годинава ќе остане скоро со НИШТО!

Според мене за тоа е крив Пелегрини.И човекот одма треба да добие отказ!

Толку од мене,само можам да кажам дека сум ептен разочаран од вчерашното издание на Реал,а во вчерашната утакмица бев за нив.
 

Alien_sr

Ultimate Survivor!
Член од
14 мај 2007
Мислења
2.978
Поени од реакции
143
Значи на какви глупости се изначитав овие 10 страни тоа е невидена работа.
Наместо да ги разгледуваме проблемите што ги имаме во тимот откако дојде Перез, тактиката, плановите кои ни беа.. вие ги пцуете играчите/тренерот, ги падите а до вчера на нив :drk:.
Како и да е еве едно мое видување на целиот натпревар...
Во првото полувреме добро почнавме, уште од првите минути се виде дека многу ја посакуваме победата, но потоа се повлековме.. Барселона си ја почна нејзината претпознатлива игра со голема посед на топка која изнесуваше 58 % за Барселона, почнаа и тие да напаѓат но немаа и тие решение како да го совладат Касиљас. При една грешка во одбраната Барселона одма не казни Чави му асистира на Меси а Меси не знае да згреши, како во маало си игра слободно, без преголем притисок, за разлика од Роналдо кој беше пред многу голем притисок но за овој муабет подоцна...
Кога очекувавме на полувреме да одиме со 0-0 тогаш Барселона си ја искористи првата 100% шанса и си поведе со 0-1, а ние како и обично си ја промашуваме 100% шанса на Ван Дер Варт.
Во второто полувреме Пелегрини виде дека работата не е онаква каква што посакуваше и наместо Гаго да го вади тој го вади Марсело, кој со Роналдо се трудеа нешто да направат и имаат убави пробиви но немавме среќа за погодок. Гути требаше порано да влезе во игра, малку да ја освежи средината но наместо тоа додека Гути се подготвуваше да влезе и стоеше крај аут линијата...еден добар пас повторно од Чави овојпат до Педро и тој како со Леванте да игра, мртов ладен си ја сместува топката зад Касиљас...0-2!!! Што потоа... следуваше измена Гути но прекасно... Барселона не е ни Севиља, ни Хихон да ја обраќаме резултатски цела игра во наша корист. Откако Барселона го зголеми вотството нашата игра уште повеќе падна во надолна линија... повеќе бевме нервозни отколку што сакавме да дадеме гол и да се вратиме во игра, ме чуди тоа што никој не доби црвен картон иако имаше некои стартови кои без размислување можеа и бидат ,,наградени,, со втор жолт но изгледа судијата не сакаше да го растура ова големо ,,Ел Класико,, со црвени картони и да се памети по лоши работи. Откако влезе Бензема во игра се виде дека и тој ја нема силата што ја имаше... не може играч кој бил надвор од теренот долго време да се врати и одма уште од првиот натпревар да одигра така како што треба. Мое размислување беше ако Пелегрини сметаше на Бенземе во натпреварот со Барселона тогаш требаше да му даде шанса и против Сантандер макар и 10мин...
Додека Гвардиола им забрани на играчите да дават интервју, да не дават никакви изјави нашите играчи беа топ тема на сите насловни страни во весниците.
Роналдо: Јас сум подобар од Меси, ќе победиме на Ел Класико
Албиол, Рамос: Не се плашиме од Меси
Касиљас: Ќе им овозможиме радост на нашите фанови.... итн итн.

Едно знам дека следната година нема никакви шанси на клупата да остане Пелегрини. Прочитав дека Капело го посакувате... го посакувам и јас но јас да сум како Капело Реал Мадрид ќе може само да ме сонува. Два пати ни беше тренер, последниот пат освоивме титула со него а на крајот го шутнавме како некој сељак...
Како и да е секоја следна год ќе ни биде иста ако само купуваме звезди, трошиме огромни пари за звучни имиња. А за трофеи... за ова прашање можеби откако Перез нема да ни биде претседател. Незнам за летото какви планови има човекот но јас сум сигурен дека летото ќе пристигне Рибери, можеби ќе замине Игуаин а ќе биде донесен Руни... се може да се очекува од Перез.
Пред натпреварот ни во една реченица не изјавив оти ќе победиме. Знаев оти тоа нема да се случи, бидејќи Барселона е сложен тим, на секоја позиција одличен и ќе биде големо изненадување ако победиме...
Што било поминало... во исчекување ќе сме сега на 2 кикса на Барселона (што не ми се верува) и барем 1 Титула да освоиме и да не ни е толку црна оваа сезона. А за победници во Лигата на Шампионите... за тоа треба да помине уште многу време, останува само да чекаме, да чекаме и да се надеваме дека можеби следната година ќе го поминеме тоа ОСМИНАФИНАЛЕ.
Толку од мене, јас и понатаму ќе ги следам натпреварите на Реал, ќе се надевам на подобри времиња а за вас незнам...
Хала Мадрид!
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Ве молам да не пцуете играчи и тренер.Ок пцуете ги ги али за кој кур ги величевте во остатокот на сезоната и ги праевте богови?
Па нека си иде Пелегрини коа е толкаво пиче ебате.Кој страв го има тој тоа е чудо.Едно не не знае да каже и да каже кој е кривецот.А другите знаат да кажат и затоа ќе си иде.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
Едно можам да кажам за натпреварот!

Реал Мадрид отпадна од шпанскиот куп од третолигашот Алкокрон(како ли беа).
Реал Мадрид отпадна од ЛШ од францускиот за класа послаб тим Лион.Со пораз и нерешено на Бернабеу.
Реал Мадрид ги изгуби двете Ел Класика и на домашен терен и на гостински.Со 1-0 и со 0-2!
Реал Мадрид е на чекор да ја загуби титулата во Примера.
Реал Мадрид има играчи како Роналдо,Кака,Бензема,Касиљас,Рамос,Алонсо,ВДВ,Раул,Диара,Игуаин,Пепе,а годинава ќе остане скоро со НИШТО!

Според мене за тоа е крив Пелегрини.И човекот одма треба да добие отказ!

Толку од мене,само можам да кажам дека сум ептен разочаран од вчерашното издание на Реал,а во вчерашната утакмица бев за нив.

1.bold:
Да те поправам малце Реал Мадрид ги загуби шансите за титула во Шпанија:kesa:
2.bold:
За ова грешиш многу :nenene::nenene:и друго не го сфаќај ова како навреда ама вие сте последни кој треба да зборите за тоа дали да се менава тренерот или не:toe:
 
A

Alexander Nevsky

Гостин
Да не можеш играчи од рангот на Роналдо,Игуаин,Рамос,Касиљас да ги спремиш за дерби утакмица или треба да си ретардиран или незнам што...
Никаква мотивација ни со Барса ни со Лион со никого абе за тие пари што ги зема Роналдо па душата низ гз ќе му ја вадам:tv: Пелегрини и Перез се најголеми виновници:tapp: Тој првиот за се тоа погоре а овој вториот за тоа што го избрка Дел Боске ама касно е сега... Еј еден Капело со кои играчи ви освиои Ла Лига.
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Какви се постови не изначитав, ако земам еден по еден да ги цитирам има на 3 страни да ми се протега постов, ако е можно.
За натпреваров Катастрофа. Бев најголем оптимист, очекував победа, очекував сите шанси да се искористат, очекував на местото каде што беше Вдв да се најдеше Игуаин и без проблем да се реализираше, но ништо не се случи. Очекував и Кака да играше... а кога видов дека ке го нема, знаев, и пишав дека 50 % шансите ни се намалија.

За играта и наптреварот, не успеав да го гледам во целост, но од тоа што го видов, заклучив дека реализацијата ни беше на 0. Голот, кој Раул го даде, цел ресторан го свртев 20 пати дур се израдувам и после видов поништен е, зашто ни самиот неможам да сватам(чекам објаснување).

Да потрошиме толку пари, и да гледам како уште Гути и Раул(ради голот) играат единствено како што треба како што треба?- Ми беше крајно смешно. Каде беше Вдв, го кренавте сите во воздух после победата над Севиља. Јас зборев тука дека неможе ниту 1/3 да даде од она што Кака го може, но кој би ме слушал мене.


Кака викавте слаб е, ваков е, онаков е. И пишав дека после натпреварот ке сватите колку е потребен. Со тоа што навлекува неколку играчи на себе, што е брз и пробивен по средината, создава поголема гужва во противничкиот тим, и со еден пас до Роналдо на страна, тој влегува и ете 100% шанса, и он ке падне и ке се буни за пенал.... но тоа е веке друго.

За Игуаин повторно гледам критики, го нема тоа што го имаше Роналдо, Раул и Ван Нистелрој во своите најдобри денови, но тогаш тимот имаше среден ред, го имаа Гути во вистинско светло. Игуаин го има тоа чувство за гол, како горе споментатите играчи. Вие очекувате он сам да пробие, простор да си направи против Барселона, и да даде гол, е тоа го нема против вакви тимови. Такви напаѓачи ги нема многу во светов, но и со вакво гол-чувство ги нема.

Неможам многу да зборувам за натпреварот, кој неуспеав во целост да го изгледам, од оправдани причини. Останува да се бориме за титулата и нема да губам надеж, доколку ги освоиме можните 21 бод до крај, ве уверувам дека шансите ке бидат поголеми. Барселона на едно од гостувањата кај Севиља и Виљареал, со сигурност ке киксне, а дали на 2 ке успеат да кикснат, ни останува да се надеваме.
Hala Madrid !
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom