Се' за воздушни пушки

  • Креатор на темата Креатор на темата dare1
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 март 2010
Мислења
268
Поени од реакции
26
Кажете ми каква воздушна пушка да земам а да е добра некоја до 300 евра ама многу добраааааа
 
одиш у продавницата, прашуеш која пушка колку пари е и ја купуеш таа од 300евра :)
 
ама казете и некој продавница за оружје
 
ke ides u mikei ke vidis mislam ima nekoja shpanska marka mislam deka se najdobri ama ne me fakjaj za zbor za tie pari znam deka ima top puska so mnogu golema brzina na dijabolata
 
Разгледај го сајтов и барај токму таква, од искуство можам да ти кажам дека пушкава е ЧУДО, пробива напумпана кошаркарска топка од 20 метра.
 
Се убива ли со воздушна? :D
 
Разгледај го сајтов и барај токму таква, од искуство можам да ти кажам дека пушкава е ЧУДО, пробива напумпана кошаркарска топка од 20 метра.

:vozbud::vozbud:
Во мое време, не беа вакви воздушните пушки бе! Види ѕвероина:
Controller


Ги има овие кај нас? Глеам низ нет некои 210 евра се движи вампиров...
Каква е ситуација со стрелишта и слични глупости?
Од секогаш ме интересирало, никогаш не ми дошло на дневен ред да се распрашам... А во последно време ми треба вакво нешто за убивање на нервоза.
 
Да не ти треба случајно за ова?

Повредени студенти и минувач

Тројца студенти и минувач се повредени завчеравечер во населебата Кисела Вода откако група момчиња пукала од воздушна пушка. Повредените побарале помош во Градската општа болница, а потоа случајот бил пријавен во полициска станица. По пријавата и описот што го дале повредените полициските алфи набрзо ги привеле пукачите.

Според полицијата инцидентот се случил завчеравечер околу 21:30 часот во судентскиот дом во хотелот Пелагонија" на улицата Божидар Аџија. Во критичното време во собата 701 биле студент од Гевгелија и студенти од Прилеп. Момчето од Гевгелија, 23-годишниот Ѓ.Ш., кој седел на прозорецот бил погоден во левата рака, додека 23-годишната Ј.Ц. од Прилеп била погодена во левата рака, а 20 годишниот прилепчанец Ф.Ј. во стомакот. Десетина митути потоа на улицата Емил Зола" бил ранет случаен минувач, кој бил погоден во десната нога. Од полицијата соопштуваат дека повредените изјавиле дека напаѓачите биле група момчиња на возраст од 18 до 23 години и дека биле со автомобил мазда со металик боја. Тоа било доволно за кусо време полицијата да ја лоцира запрела маздата 323 која ја управувал Б.С. (20) а во кое се превезувале З.П. (19), Б.З. (23),Ф.П.(23) И Т.П.-К сите од Скопје. Групата била приведена во полиција против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Полицијата ја нашла и одзела воздушната пушка која била сопственост на З.П.. Скопјанецот пушката ја поседувал без дозвола, а биле земени и две кутии со дијаболи.
Извор
 
Се убива ли со воздушна? :D
Да. Не пробувај.
:vozbud::vozbud:
Во мое време, не беа вакви воздушните пушки бе! Види ѕвероина:
Controller


Ги има овие кај нас? Глеам низ нет некои 210 евра се движи вампиров...
Каква е ситуација со стрелишта и слични глупости?
Од секогаш ме интересирало, никогаш не ми дошло на дневен ред да се распрашам... А во последно време ми треба вакво нешто за убивање на нервоза.
Ги има, во секаков вид, дури и со оптички нишан... постигнуваат огромна брзина на зрното и се нависитна прекрасен начин за тепање на нервоза и мети :)
Зарем и за воздушна пушка треба дозвола?
Со оглед какви ѕверови се... можеби треба, јас користев пушка од другар кого не го прашав дали има дозвола за неа, не ме фаќај за збор мислам дека треба.
 
Треба, само замижуваат низ прсти... се додека не се случат вакви настани.
 
Wooow колку добро само изгледа пушкава. Кој ја има бољи шизик ќе биде и од оние ловџии шо се со вистински пушки (со куршуми) :)

И мене ме заинтересиравте. Едно време коа бев мал одев на стрелиште и не бев лош ама никад не си купив пушка. Сакав да си купам воздушен пиштол, ама у продавница ми кажаа дека работи на компресирана боца која треба да се менува, па не го купив не ми се занимаваше покрај дијаболи и боци да купувам. После сакав воздушна пушка. Во продавница ми кажаа дека не треба дозвола (надвор од Мк беше продавницата) ама можеби во Македонија треба дозвола, а ако е така нема да може да ја внесам, па и тогаш се откажав.

Би ценел доколку некој го практикува ова хоби, каже каква е постапката за добивање дозвола, кои услови треба да се исполнат, колку време одзема постапката, дали дозволата важи само на стрелиште или може и по планини да ја шетам :) и сл.
 
Зарем и за воздушна пушка треба дозвола?
Треба! Оружје (не огнено) е во прашање. Брат ми го приведоа вполиција за носење на воздушна пушка со него од негов другар.За пушката немал дозвола ни другар му па му ја одзедоа.Среќа шо не му акнаа пријава за недозволено носење и употреба на оружје,а многу лесно можеше да дојде до тоа.
 
Треба! Оружје (не огнено) е во прашање.

Не знаев... стварно мислев дека не треба.
А, што викаш, за оружје се збори... Едно забегано друграче мое се распрашуваше за самострел (кој што е многу посмртоносен неголи било која воздушна пушка) - не ти треба дозвола. :toe:
Тоа беше пред доста години, додуша, можеби е сменето.
 
Не знаев... стварно мислев дека не треба.
А, што викаш, за оружје се збори... Едно забегано друграче мое се распрашуваше за самострел (кој што е многу посмртоносен неголи било која воздушна пушка) - не ти треба дозвола. :toe:
Тоа беше пред доста години, додуша, можеби е сменето.
ТребаШЕ повеќе мислам не треба,пред неколку месеци беше изменет законот,сега само со лична карта се купува воздушна.
А за самострелот сеуште е така,за оружја со тетива не треба дозвола и може да се користат од 16години(за разлика од огненото оружје)....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom