Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.830
Поени од реакции
6.834
Луѓе не очајувајте ќе биде се во ред. Со или без Руни мора да се бориме ДО КРАЈ. НЕМА ПРЕДАВАЊЕ. Ги видовте нив вчера како трчаа ко будали по терен и на секој можен начин се обидуваа да дојдат до голови. Ианко головите не беа плод на некоја добра акција туку на наши грешки сепак и тоа е дел од тактитката. Ако не можеш да дадеш гол натерај го противникот да си даде сам. Една глупава рака на Невил, Еден кикс на Евра во 100 натпревари, по некоја грешка на Ферги и ете 2-1 краен резултат. Тоа треба и ние истото да го направиме во реваншот. Само со топката во наши нозе и постојан притисок може да се стигне резултат. Е сега тука има опасност од контри посебно ако игра и Робен. Ама ете тие без Робен и Швајн не' тепаја. Зошто и ние да не тепаме 1-0 без Руни. Ферги нека ја погледне утакмицата со Болтон кога игравме без Руни, иако Баерн не е Болтон али сепак. На крај краева многу влијание ќе има и дербито со Челзи. Ако не изгубиме таму ќе биде дополнителен мотив. Па уште и да тепаме без Руни ќе биде полна капа, тогаш сигурно го тепаме и Баерн. Ако изгубиме ќе биде многу тешко да се мотивираат играчите. Еве уште од сега може да шпекулираме за формација без Руни:

-------------------ВДС------------------
Рафаел/Браун---Видиќ----Рио------Евра

Валенсија---Флечер----Керик------Нани

------------------------Гигс------------
---------------Бербатов----------------

Одлична можност конечно Бербатов да ја има можноста да покаже што е и кој е и дали вреди да го носи дресот на Манчестер. Заедно со Гигс можат многу добри пасови да прават, а тука би биле и Валенсија и Нани со постојан притисок по крилата.
 

devil!

weirdo
Член од
19 јули 2008
Мислења
1.047
Поени од реакции
462
играчите. Еве уште од сега може да шпекулираме за формација без Руни:

-------------------ВДС------------------
Рафаел/Браун---Видиќ----Рио------Евра

Валенсија---Флечер----Керик------Нани

------------------------Гигс------------
---------------Бербатов----------------

Одлична можност конечно Бербатов да ја има можноста да покаже што е и кој е и дали вреди да го носи дресот на Манчестер. Заедно со Гигс можат многу добри пасови да прават, а тука би биле и Валенсија и Нани со постојан притисок по крилата.
Леле тој керик ама разочарува последниве 5/6 натпревари искрено е најслаб поарно на негово место Парк .. и како што рече некој член погоре Парк подобро се снаоѓа централно од колку крило ...
тоето
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.703
Поени од реакции
9.381
Чекајте бе луѓе...сеуште не е официјално дека Руни ќе одсуствува за наредните натпревари. Да се надеваме на најпозитивното за нас.

Да прокоментирам нешто околу вчерашниот пораз.
Прерано поведовме и тоа беше причината што се повлековме доста во текот на мечот. Требаше да се искористи барем една од идеалните шанси на Руни, но тоа е тоа. Иначе според мене најголем кикс беше вадењето на Парк и влегувањето на Бербатов. Очекував Парк да ја превземе улогата на Керик, но беше заменет со Берба, а Берба не ги покриваше доволно средните играчи на Баерн. Иначе задоволен сум од резултатот. Гол на гостински терен и минимален пораз од 1 гол разлика во вакви натпревари значи успех за секој тим. На ОТ мораме да покажеме кој е кој и да го продолжиме патот кон финалето:smir:
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.457
Поени од реакции
28.710
Катастрофлана игра на Манчестер, не е ова нивно ниво и можеа многу повеќе од тоа што го прикажаа али тоа е тоа нема предавање!Руни фантастична игра фантастичен гол само малце како да немаше душа последните 5-10 мин!И 1 гол на рибери беше одбиена топка од Руни, али нема везе уште 10 такви од руни да примиме му ги опростувам на чоекот:wink:Евра, Нани, Парк, Невил добра игра али мислам дека Невил 2 полувреме тапа беше.Бербатов камен дрво немам зборови го мрзи да трча:icon_redfВДС зверка невидена, тој мислам ако не беше ке имаше 3+ -1:kesa: Какви топки спасуваше свака му част!За нападот наш солиден може подобро, среден ред катастрофа, а одбраната одлична освен киксот у 92 минута.Средниот ред беа некако раштимани!!!Кога ке фатеа топка Баерн слобдно си трчаа во напад нема кој да им ја одземе топката како да бевме со помалце играчи!Но сепак 1 полувреме бевме на исто рамниште со Барн а второ полувреме беа подобри јасно е тоа...Посебно добра игра на Олич и Алтинтоп кој беа доста борбени ма овој натпревар.И немојте да очајувате за поразот, како што знам од рома загубивме 3-1 а дома ви текнува ли што беше?:vozbud:Како што кажал и Ферги имаме и гол на гости што сме пак во предност башка и
на Олд Трафорд се игра така да нека се пазат.Очекувам што побрзо Руни да се опорави и да не ја изгуби формата.И без него и со него Манчестер е у финале:baeh:
 
Член од
1 август 2007
Мислења
1.193
Поени од реакции
37
Едвин ван дер Сар е уверен дека Манчестер Јунајтед може да победува и без Руни доколку напаѓачот нема да може да им помогне во следните клучни натпревари. Руни заработи повреда на зглобот во финишот од натпреварот против Баерн кој Јунајтед го загуби со 2-1. Очекувањата се денеска да се дознае точната дијагноза на повредата и колку време Руни ќе биде надвор од терените.
Во сабота се игра големиот дерби натпревар помеѓу Манчестер Јунајтед и Челзи, а потоа е и реванш натпреварот против Баерн, голем удар за Црвени Ѓаволи ќе биде доколку повредата на нивниот најдобар фудбалер е посериозна.
Но, голманот на Јунајтед, Ван дер Сар верува дека тие можат да победуваат и без Руни.
"Против Болтон веќе игравме со други фудбалери. Тоа е нешто што може да се случи во сезоната" - вели Ван дер Сар.
"Секогаш сакате најдобрите фудбалери да ги имате на располагање, но знаеме дека и останатите фудбалери кои ќе добијат шанса можат да завршат добра работа".
Немања Видиќ и Парк се оптимисти дека Манчестер Јунајтед може да го елиминира Баерн Минхен и да се пласира во 1/2 финалето.
"Ова е една од нашите најлоши игри оваа година, но мислам дека можеме да победиме дома и да одиме понатаму".
"Се разбира разочарувачки е кога ќе изгубите со гол во последната минута и 2-1 не е добар резултат, но следниот натпревар се игра на Олд Трафорд" - вели Видиќ.
"Разочарани сме бидејќи водевме" - додава Парк.
"Добро беше што постигнавме ран гол, но не успеавме да го одржиме водството. Сепак имаме шанса да одиме понатаму".
"Баерн има искусен тим, и горда историја".
"Тие одиграа добро, но ситуацијата на Олд Трафорд ќе биде поинаква. Ги чекаме тука" - изјави Парк.
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Не е лошо толку што изгубивме колку што е Руни повреден. Баерн знаев дека вака ќе се деси исто како и со Сити беше ова. Ќе дојдат на Олд Трафорд и ќе почуствуваат како е да се игра на Олд Трафорд па макар и без Руни мислам дека можеме да ги поминеме имаме гол у гости. Иначе за утакмицата имавме шанси не ги искористивме и дојде казната. Пречката на Нани и Видиќ, Руни кога шутна во голманот и Керик на два пати. што побрзо да се опорави Руни и се ќе биде добро. Прво треба да ја решиме Премиер лигата во недела со Челзи најверојатно без Руни а после во ЛШ да решиме со Баерн.

Се прашувам само зашто толку немавме среќа и не влезе ударот со глава на Видиќ!

ЕДИТ: Баерн потврдил дека Робен ќе настапи на Олд Трафорд.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.260
Поени од реакции
2.254
Батки ме мрзи да читам на претходните страни. Што му е на Руни. На колку време е отсутен? Ќе игра на реваншот?
 
I

InF3cTeD

Гостин
ајде луѓе не очајувајте,Манчестер покажа дека може и без Руни,а Баерн покажа сила без Робен и Швајнштајгер кои ќе ги има во составот за реваншот,затоа тврдам дека и реваншот како и првиот натпревар ќе биде тврдо и неизвесно до крај,можеби Баерн се во мала предност со враќањето на Робен и Швајни ама па затоа Манчестер е силен на тимска игра,а се надевам дека и Руни ќе биде способен за играње па да гледаме фантастичен фудбал од двете екипи.

Поздрав и се најдобро :smir:
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.010
Поени од реакции
5.326
Батки ме мрзи да читам на претходните страни. Што му е на Руни. На колку време е отсутен? Ќе игра на реваншот?
Упте ништо не се знае.

Иначе таа повреда може да биде посериозна а мможе да биде само обично свиткување на зглобот.. Истово ми се деси мене пре 3 месеци ама ја можев да трчам и да играм фудбал по една недела. ама со болки во ногата а лошо кај Руни е тоа што он шутира со десна... а и тааја повреди кај мене шутирам со десна а левата ја повредив ама сепак не е тоа тоа и нема да може да го даде максимумот..ако етоа што мислам ја за една две недели максимум с еврака.

А ке почекаме до вечер да видиме за што поточно се работи
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Колку и да е повредата на Руни „подарок“ за Челзи, сепак не би сакал да е сериозна и да го чини настап на СП, или пад во формата. Тој е потребен на англискиот фудбал.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.497
Поени од реакции
4.070
Колку ќе ми биде мило, кога сега сите зборат еве Руни им се повреди готови се, ќе ги скинеме на сите до крај, а Баерн ќе го изеде 3,4 - 0.

Не играле Швајни, Робен, па ме интересира мене дали играле или не играле, кога на Јунајтед му е неопходна победа на Олд Трафрод, не Робен, Швајни ако сакат и Меси, Кристијано нека ги земат со нив.:toe:
 
I

InF3cTeD

Гостин
Колку ќе ми биде мило, кога сега сите зборат еве Руни им се повреди готови се, ќе ги скинеме на сите до крај, а Баерн ќе го изеде 3,4 - 0.

Не играле Швајни, Робен, па ме интересира мене дали играле или не играле, кога на Јунајтед му е неопходна победа на Олд Трафрод, не Робен, Швајни ако сакат и Меси, Кристијано нека ги земат со нив.:toe:
кај виде ти дека некој го кажал овоа,не трескај безвеза...немаше никој напишано такво нешто..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom