Ае и јас да искоментирам нешто ...
Mногу лошо одиграно вчера !
Посебно лошо второ полувреме...
Уште се нервирам за поразот и играта која на моменти ми одеше на живци , иначе баерн не очекував толку добро да игра, прилично сум изненаден од нив(сепак 2-1 како резултат е многу акивен и ќе бара игра без калкулации од Јунајтед во реваншот).
Едно прашање во целиов овој муабет се наметнува повторно, дали баерн може да ја повтори играта и дали Јунајтед може да го надмине поразот-психолошки.
Многу работи ќе зависат од Недела, кога разултатот од натпреварот со челзи
ќе има суштинско значење за мотивот и играта со баерн...
Сепак САФ е исусен волк, кој нема да дозволи да се изигра уште една партија во дефанзива,нешто што Јунајтед слабо го игра....
НАЈСИГУРНО ОД СЕ Е - Јунајтед неможе да изигра послабо ,од она што го видовме сношти!! МОЖЕ САМО ПОДОБРО, и ТОА МНОГУУУ ПОДОБРО !!!
Битно е сеа челзи да го скиниме, штета што тоа највероватно ќе треба да го правме без Руни - но јебига то е то.......да се надеваме дека ќе го имаме на располагање до крајот на сезоната !
Последниот пат кога игравме возвратен дуел на Олд Трафорд и кога имавме резултатски минус од 1-2 , беше со Рома, не сакам да потсетувам што им се случи на Олд Трафорд,знам дека добро знаете......реков да ве охрабрам само!
Наше е да ВЕРУВАМЕ, на фудбалерите да ОДИГРААТ.....на САФ да ги ПОДГОТВИ ...и потоа сите заедно да ПРОСЛАВИМЕ !
Сепак станува збор за UNITED , а тогаш не се битни ни поразите а ни победите.....тоа е само една голема,најголема ЉУБОВ !
Така да, доста беа нервози за сношти !