Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Бидејќи расплетот и целата логика во филмот е на врвно ниво (иако е sci-fi на некој начин), еве јас би те прашал тебе - Каков расплет требаше да има филмот за тебе да ти се допадне?
Каков расплет очекуваше?

Стварно не ми е јасно. :)
+1 филмот е уникатен и според мене еден од најдобрите од mindfuck (интелегентни филмови) категоријата.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Муабетот шо паѓа на темата за Инсепшн, а претходно и за Аватар.

Го немам гледано филмот (Инсепшн), па коментари за приказната би било грев да пишам, ама за камерата на последните неколку хај тек филмови, не можам да преќутам.
Ве гледам сите филмаџии овде со големо искуство како го идолизирате Кјубрик (океј е, и јас го идолизирам човекот, најдобар режисер на сите времиња може е) и паѓаат дискусии за тоа како го снимал Спејс Одисеј у 68-ма, кога користењето на компјутери за визуелни ефекти било научна фантастика. Дојде Аватарот, сите го нападнавме дека е безидеен филм, копи-пејст сценарио, бла бла. Ама што е со ефектите? Факт е дека е далеку понапреден од сите други што се снимаат сега, дека е рај за очи сликата, звукот на 5.1 систем е перфектен. Јесте, Одисејата има е приказна која е направена да не ја разбереме, да ја интерпретираме на мал милион начини, да се чудиме како ли заврши, што ли се случи, му ебеш мајката.
Леле бре, и зарем вредеше да се дадат 300 милиони за звук? Што му фали на звукот на нискобуџетните филмови? Буквално, буквално ништо.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.443
Поени од реакции
6.116
Баш ме интересира Давор со кој крај го гледаше филмот :)
 
Член од
30 октомври 2009
Мислења
363
Поени од реакции
261
Има некој од филмаџииве што му се свиѓа филмот Батерфлај ефект?Искрено мене тапа ми е.

Бај д веј,да ми предложите некоја добра комедија,зошто со драми и трилери веќе се заморив.
Добра комедија која последна ми текнува е Get him to the greek.Стварно добра комедија:)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Мене ми се допадна Батерфлај ефект, (зборувам за првиот дел). Речиси сите што ги знам не го сакаат зашто нема сосем дефиниран крај, заради отворените можности во филмот, но во тоа е неговата убавина. Баш уживав додека го гледав, не е ужасно замрсен за на крајот човек да констатира дека ниту сценаристот не знаел што сака.
 
В

Вори

Гостин
+1 филмот е уникатен и според мене еден од најдобрите од mindfuck (интелегентни филмови) категоријата.
Не ми се допадна,едноставно.
Не очекував никаков расплет,ама целиот филм не ми беше добар онака како што очекував.
Усвари Еван немал нотеси каде што запишувал што се дешавало во детството,туку тој тоа го замислувал во својата глава,исто како и неговиот татко кој замислувал дека имал некој си фото-албум.
И уште едно усвари...Еван бил ''лошиот''тип во деството,а не братот на таа Кели.(според моите сваќања).
Ова за тие што мислите дека не сум го разбрал ко што треба.Ако нешто сум пропуштил,тогаш дополнете ме.
 
I

Intex

Гостин
Не ми се допадна,едноставно.
Не очекував никаков расплет,ама целиот филм не ми беше добар онака како што очекував.
Усвари Еван немал нотеси каде што запишувал што се дешавало во детството,туку тој тоа го замислувал во својата глава,исто како и неговиот татко кој замислувал дека имал некој си фото-албум.
И уште едно усвари...Еван бил ''лошиот''тип во деството,а не братот на таа Кели.(според моите сваќања).
Ова за тие што мислите дека не сум го разбрал ко што треба.Ако нешто сум пропуштил,тогаш дополнете ме.
Па не си го разбрал.
Последнен пат ми е гледан одамна, и не се сеќавам најдобро, но Еван ги „губи“ нотесите после одредена смена на настаните во минатото.
И Еван не е лошиот тип од детството, туку со тоа што тој ќе смени никогаш да не се запознае со таа плавушата, нема да дојде до братот нејзин да стане психо.
 
В

Вори

Гостин
Докторот му кажа дека тој не ни имал нотеси исто како и неговиот татко кој замислувал за албумот,така ја го разбрав.
Плус,ова е единствениот филм кај што го терав побрзо да одат минутите..искрено сакав да го прекинам на пола.

Да,глуп сум и не сфаќам филмови(пред да напишете тоа),или можеби е прашање на вкус.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.649
Поени од реакции
59.607
Благодарение на пожртвуваната работа на админите, имаме ново решение за спојлери!



Не такво.
Нема повеќе црнила од Коле Чашуле, нема ненамерни ѕиркања поради скролање и слично. Сега се е автоматски. Кликнеш дугме:
вреќе на грб. тестинг, тестинг...
И то...


 
Z

zmej gorjanin

Гостин
^ Хаха не е нормален, посебно Ал Пачино. Човеков лекции може да држи.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Кога сме кај имитирања, мада е стар клипов, секој Сопранос фан би требало да го погледне типов како го ''симиња'' Тони Сопрано и братучед му Кристофер... Има и други видеа на Јутуб кај што го имитира Ал Пачино и други...
Голем спојлер, кој не ја гледал (до крај) Сопранос нека не го глеа клипов


Еве, Ал Пачино и ДеНиро како ги имитира само у клипов, чак и погледот на Пачино :zver::pos2:


-----------------------------------------------------------------
Не знам дали има тема, мене ме мрзи да отварам - почна новата хорор серија (иако не официјално, хехе) :

"The Walking Dead" (2010)

Пилотот беше супер, интересен цело време, IGN го оцени со 9/10 и ја би му дал толку....Серијава е според стрип, таман мислев да го читам, кога искочи серијава па го одложив...
Приказната е клише, ама кога се работи за зомбија, не можеш да очекуваш (некаква) оригиналност. Ако се другите епизоди добри како пилотот, добра ќе биде серијава...
-----------------------------------------------------------------
Искочи R5 од Волстрит 2, не знам за другите верзии, ја би ја препорачал - ''Noir'', сликата е џам! Филмот, го гледав до пола и го баталив. Супер почнува, ама после некое време станува предвидлив, главната приказна, суб-приказната е неинтересна, гледаш дека Мајк Даглас остарел, не е оној Гордон ГЕко од оригиналот, не го движи он филмот и треба 2 саата да го трпиш Шајам ЛеПјаф...Остава впечаток на непотребно продолжение.
Сите добри глумци остареа, овие новиве сите се ко некои педерчиња, да ми извините на изразот...

:salut:
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.443
Поени од реакции
6.116
The walking dead -imase tema ,neznam zosto ja stavija vo kanta
se izvinjavam za fontot.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.649
Поени од реакции
59.607
The walking dead -imase tema ,neznam zosto ja stavija vo kanta
se izvinjavam za fontot.
Не е во канта, дупла се отвори и таа отиде во канта. Оригиналната е тука во делот за Серии.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom