Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Вреди за овој Inception да чекам BluRay или јок?
Или чекај или види го на кино, само не земај го на без везе снимка.

Вреди и јас чекам, според запазувањето на сите критериуми до сега кога се работи за Нолан, мислам дека е во најмала рака добар филм.

За првите два се согласувам, поготово за Предаторс целосно, почетокот и мене ми се допанда, потоа катастрофа. Исто така делиме мислење делумно, за Џон Малкович, но за Биг Фиш не :)

Добар е Inception ама Dark Knight е многу подобар.
Предаторс е катастрофа тешка, значи толку ужасно досадни и неинтересни ликови и толку неинтересен филм што навиваш Предаторите побрзо да ги изедат за да заврши побрзо. Ем уште го завршиле како да ќе прават втор дел, страшна работа...
 
Вреди и јас чекам, според запазувањето на сите критериуми до сега кога се работи за Нолан, мислам дека е во најмала рака добар филм.

За првите два се согласувам, поготово за Предаторс целосно, почетокот и мене ми се допанда, потоа катастрофа. Исто така делиме мислење делумно, за Џон Малкович, но за Биг Фиш не :)

Не си једини што не се согласуваш за Биг Фиш, кога видов критики на ИМДБ ретко кој имаше дадено под 8 ца. Па си викам до мене ли е нешто работава со филмов. Инаку Биг Фиш има одлична кинематографија, светли бои кои преобвладуваат и доловуваат атмосфера на фантазија, добри кадри кај езерото и кај гратчето со среќните луѓе, глумата е исто така солидна и од тие аспекти си е ок филмот. Едноставно сценариото баш не ме импресионираше многу. Дали можда очекував дека Тим Бартон ќе вметне некаква мрачна страна во приказната ко што само он тоа знае да го направи али излезе дека се работи за сосема поинаква приказна. Поточно се работи за сентиментална семејна драма што и не ми е баш нај нај како тематика генерално. Така да се на се филмот не ми остави некој многу добар впечаток.

За Џон Малкович можам да кажам одлична глума посебно од страна на Џон Кјусак. Едноставно не ми се свиѓаше тоа што некако филмот тргна у weirdo фазон а не успеа да долови некоја посебна поента, нити пак да направи добар финиш. А да и тоа ќељавицата на Чарли Шин беше капак на се :)
 
2pac и Тим Рот, неверојатно дуо во неверојатна приказна, животот на двајца нарко зависници одсликан со инвентивен црн хумор! и се разбира феноменална глума! (драма/комедија) во најдобро можно светло,

Gridlock'd

Мало ремек дело 4sure, кој не го гледал пропуштил многуууу...култен филм.
 
Меѓу потценетите филмови на ИМДБ! Кој не го гледал под итно да го симне, Тим Рот и Тупак се страшно дуо, ептен забавен филм.
 
Меѓу потценетите филмови на ИМДБ! Кој не го гледал под итно да го симне, Тим Рот и Тупак се страшно дуо, ептен забавен филм.

Се тоа убаво ама сум го постирал во погрешна тема, Иосоно, пребаци го во твојата тема Стари и заборавени ако не се лажам :)
 
2pac и Тим Рот, неверојатно дуо во неверојатна приказна, животот на двајца нарко зависници одсликан со инвентивен црн хумор! и се разбира феноменална глума! (драма/комедија) во најдобро можно светло,

Gridlock'd

Мало ремек дело 4sure, кој не го гледал пропуштил многуууу...култен филм.
А баш го барав на imdb деновиве.Се мислев дека се вика Spoon,ама вајда тоа беше некој лик во филмот ако не се лажам.Филмчето е закон..И моја препорака за гледање тој што не го гледал..Тим Рот е улаФ :salut:
 
Муабетот шо паѓа на темата за Инсепшн, а претходно и за Аватар.

Го немам гледано филмот (Инсепшн), па коментари за приказната би било грев да пишам, ама за камерата на последните неколку хај тек филмови, не можам да преќутам.
Ве гледам сите филмаџии овде со големо искуство како го идолизирате Кјубрик (океј е, и јас го идолизирам човекот, најдобар режисер на сите времиња може е) и паѓаат дискусии за тоа како го снимал Спејс Одисеј у 68-ма, кога користењето на компјутери за визуелни ефекти било научна фантастика. Дојде Аватарот, сите го нападнавме дека е безидеен филм, копи-пејст сценарио, бла бла. Ама што е со ефектите? Факт е дека е далеку понапреден од сите други што се снимаат сега, дека е рај за очи сликата, звукот на 5.1 систем е перфектен. Јесте, Одисејата има е приказна која е направена да не ја разбереме, да ја интерпретираме на мал милион начини, да се чудиме како ли заврши, што ли се случи, му ебеш мајката.
 
The Fugitive

Мислам дека е доволно заборавен овој мастерпис, мене увек ми бил меѓу број еден акциите, на рамниште некаде со неповторливиот Die Hard. Прекрасна глума, акција на ниво и супер приказна склопена во еден така добар филм. Препорака за сите љубители на акција/трилер филмовите.

Face/Off

Пред некој ден го начекав на Едо (најцарската скопска телевизија x)) и всушност се потсетив што сум гледал пред 10тина години, односно кој филм одел во етер тогаш. Можеби требаше во предлог за филм да го ставам али нема везе. Она што сакав да кажам е, дека мора да се погледне оваа одлична глума и нешто навистина интересно, замена на карактерите помеѓу двајца глумци во текот на филмот. Тоа е нешто што најмногу ме фасцинираше во филмов, сега кога повторно го изгледав. Сега ја сфатив вистинската вредност на фејс-оф. Стар, заборавен, али кога го гледав пред некој ден сфатив нели што вреди во филмов. Препорака од моја страна :)
 
^
Двата ми се гледани над 10 пати заедно. Не е можно да ги промашиш на кабловска или по нашиве кога даваат филмови во топ термини :pos:
 
Има некој од филмаџииве што му се свиѓа филмот Батерфлај ефект?Искрено мене тапа ми е.

Бај д веј,да ми предложите некоја добра комедија,зошто со драми и трилери веќе се заморив.
 
Има некој од филмаџииве што му се свиѓа филмот Батерфлај ефект?Искрено мене тапа ми е.

Бај д веј,да ми предложите некоја добра комедија,зошто со драми и трилери веќе се заморив.
Првиот дел е добар. Понатаму е тапа. Ако и првиот ти е тапа, си се спасил од другите.
За комедии, ѕирни го She's Out of My League. Тој ми е последен гледан така да прв ми паѓа на памет.
 
trailer_home.jpg

Што знам..не ми се свиѓаше филмов мада го сватив.Некако глуп ми беше.
Еван уште од дете има проблеми со сеќавањето,заборава многу работи.После седум години со неговите другари одат да стават динамит во сандачето на една рандом жена.За несреќа женава поминува со малото бебенце покрај сандачето...и тогаш почнува расплетот што не ми се допадна.
Многу тупење,навраќање во минато,пробување да се сменат работите.
Можеби е прашање на вкус,но дефинитивно мене филмов не ми се допаѓа.

Оценка:5/10

И тоа само за добрата глума на Ештон Качер.

Бидејќи расплетот и целата логика во филмот е на врвно ниво (иако е sci-fi на некој начин), еве јас би те прашал тебе - Каков расплет требаше да има филмот за тебе да ти се допадне?
Каков расплет очекуваше?

Стварно не ми е јасно. :)
 
+1 филмот е уникатен и според мене еден од најдобрите од mindfuck (интелегентни филмови) категоријата.
 
Муабетот шо паѓа на темата за Инсепшн, а претходно и за Аватар.

Го немам гледано филмот (Инсепшн), па коментари за приказната би било грев да пишам, ама за камерата на последните неколку хај тек филмови, не можам да преќутам.
Ве гледам сите филмаџии овде со големо искуство како го идолизирате Кјубрик (океј е, и јас го идолизирам човекот, најдобар режисер на сите времиња може е) и паѓаат дискусии за тоа како го снимал Спејс Одисеј у 68-ма, кога користењето на компјутери за визуелни ефекти било научна фантастика. Дојде Аватарот, сите го нападнавме дека е безидеен филм, копи-пејст сценарио, бла бла. Ама што е со ефектите? Факт е дека е далеку понапреден од сите други што се снимаат сега, дека е рај за очи сликата, звукот на 5.1 систем е перфектен. Јесте, Одисејата има е приказна која е направена да не ја разбереме, да ја интерпретираме на мал милион начини, да се чудиме како ли заврши, што ли се случи, му ебеш мајката.

Леле бре, и зарем вредеше да се дадат 300 милиони за звук? Што му фали на звукот на нискобуџетните филмови? Буквално, буквално ништо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom