Синоќа беа доделени четири комплетни медали, а интересно е што златните медали во сноуборд, брзо лизгање на мали патеки во машка и женска конкуренција, и санкање се освоени од истите победници на минатите олимписки игри во Торино.
Американскиот сноубордер
Shaun White ја потврди својата супериорност, одбранувајќи го златниот медал во дисциплината halfpipe, кој го освои на ЗОИ 2006 година во Торино. White доби оцена од 48.4 (од можна 50) и тоа беше доволно за да го освои златниот медал. Сребрениот го освои
Peetu Piiroinen од Финска со 3.4 помалку бодови од првопласираниот, а бронзата му припадна на уште еден американец
Scotty Lago, со оцена од 42.8
Американецот
Shani Davis го освои вториот последователен медал во брзо лизгање во трката на 1000 метри со резултат од 1:08,94 минути. Среброто го освои
Mo Tae-burn од Јужна Кореа. Американците ја прекинаа сушата на медали во Richmond Olympic Oval, затоа што покрај златниот, и бронзениот медал отиде во рацете на уште еден американец,
Chad Hedrick, кој постави резултат од 1:09,32 минути.
Австриските браќа,
Andreas и Wolfgang Linger го одбранија златото од Торино во санкање во машки парови, во возбудливото натпреварување со латвиските близнаци,
Andrisom и Jurisom Sicsom. Браќата Linger беа најбрзи во двете трки на стазата во Whistleru, но златото го освоија со само 0.264 предност пред латвиските близнаци, кој на својата земја им го донесоа првиот медал на олимпијадата. Во последната трка во нивните кариери, германците
Patric Leitner и Alexander Resch ја освоија бронзата. Германците ја задржаа традицијата во санкашките парови да освојуваат барем еден медал на сите игри. Поради смртта на грузискиот санкач, и овие натпреварувачи стартуваа од она место каде што стартуваат јуниорите, и со тоа значително беше помала брзината со која санкаа.
Кинеската лизгачка на кратки патеки,
Wang Meng го освои златниот медал на 500 метри. Домаќините бурно го прославија сребрениот медал на
Marianne St-Gelais, а бронзата изненадувачки отиде во рацете на италијанката
Arianni Fontani.