Дваесет и тригодишната германска натпреварувачка
Магдалена Нојнер е олимписка победничка во биатлонот на 10 километри. Среброто од саботниот спринт го претвори во злато, надокнадувајќи го водството од 1.5 секунди на словачката натпреварувачка
Анастасија Кузмина, која го освои сребрениот медал. Бронзата ја освои француската натпреварувачка
Мари Лаура Брунет, со 28.3 секунди заостанување.
Втор златен медал за Канада. Тој е освоен од страна на
Маел Рикер која славеше во сноубординг, дисциплина Крос. Рикер во финалето беше поуспешна од француската натпреварувачка
Дебора Антониоз и швајцарката
Оливија Нубс.
Германката
Татјана Хофнер е нова олимписка победничка во санкање. После 4 трки, Хофнер славеше со вкупно 49 стотинки предност прет австралијанката
Нина Ритмаер. Бронзениот медал го освои уште една германка,
Натали Гајзенбергер, која заостана 0.577 секунди зад сонародничката.
Јужна Кореа го освои и вториот златен медал во брзо лизгање. Откако вчера во трката на 500 метри славеше
Тае Бум-Мо, синоќа во истата дисциплина тоа и успеа и на
Санг-хва Ли, која со тоа стана првата јужнокорејка која освоила златен медал во оваа дисциплина. Светската рекордерка, германката
Џени Волф го освои сребрениот медал, а кинеската натпреварувачка
Беиџинг Ванг бронзениот.