Зимски олимписки игри - Ванкувер 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Plux
  • Време на започнување Време на започнување
Синоќа беа доделени уште три комплетни медали, во сноуборд, брзо лизгање на 500 метри и уметничко лизгање во парови.

Американецот Сет Вескот го одбрани златото од последните олимписки игри во сноуборд, и со 33 години стана најстариот победник во овој спорт. Среброто му припадна на канаѓанецот Мајк Робертсон, додека французинот Тони Рамуан ја освои бронзата.

После 50 години прваците во уметничко лизгање не потекнуваат од Русија. Кинескиот пар Шен Ксуе и Жао Хонгбо го освоија златото во оваа дисциплина, и така ја прекинаа доминацијата на Русија и советските земји која траеше дури 50 години. И среброто отиде во Кина, освоено е од страна на Панк Кинг и Тонг Јоан, додека бронзата ја освоија двојните светски прваци, германците Алиона Савченко и Робин Солкови.

Јужнокореецот Мо Тае-Бум кој го славеше својот роденден, стана олимписки првак во брзо лизгање на 500 метри, и доби одличен подарок за својот роденден, златен медал во оваа дисциплина. Азија во оваа најкратка дисциплина го покори светот затоа што јапонецот Кеичиро Нагашима го освои сребрениот медал, а неговиот сонародник Јоји Като бронзениот медал.
 
Нели русиве доминираа во уметничко лизгање?
Исто сноуборд трката беше интересна имаше и пад на еден од финалистите.
 
Што направија нашите туристи aka олимпијци?
 
Зимски спортови

Скромни настапи на Кировска и Дамјановски на ЗОИ

вторник, 16 февруари 2010, 13:32

getImageThumbnail.php
Вториот македонски пртставник на Зимските олимписки игри Дарко Дамјановски настапи синојка во дисциплината крос кантри скијање на 15 километри слободен стил и го освои 85-то место од вкупно 96 натпреварувачи.

Тој трката ја заврши со време од 41 минута 48 секунди и 2 стотинки, што беше за осум минути и 11 стотинки послабо од победникот Дарио Кологна од Швајцарија.

Предходно Росана Кировска го освои предпоследното 77-мо место во дисциплината крос кантри скијање на 10 километри слободен стил.

#
 
Леле 85 од 96...па не ми се верува бе:pos2:ова е ко злато да освоил.:vozbud:
Ебате тоа спортот во земјава праќаме луѓе само колку да не сме без ич и секогаш зимаат или последно или претпоследно место(секој чест на исклулоците како Дамјановски кои не завршуваат последни).:vozbud:
 
Денес започнува хокејскиот турнир (мажи) во сабота првите квалификации (боб).
 
Да денеска почнува Хокејот ќе биде поинтересен понатаму вечерва би требале фаворитите без проблем да тепаат.Инаку комбинацијата во која главен фаворит беше И.Костелиќ заедно со Боде Милер,К.Јанка,С.Цурбриген,Б.Рајх,победникот од Торино Т.Лигети итн,беше закажана за вечерва со почеток во 19.00 е откажана поради обилни врнежи кои ја уништиле спуст-стазата.:baeh:
 
Сите сноуборд натпревави завршија?
 
Аспергер, тие муабети за тоа дека треба да сме горди на овие што ги праќаме по Олимпијади, на некој друг да му ги кажуваш :wink: Многу добро знаеме дека на ЛОИ и ЗОИ не се праќаат најдобрите спортисти туку мамини и татини.
 
Германија крш денес во санкање, сега Нојнер мислам дека злато ќе земе и Германија ќе ја помине на САД.
:ger:
 
По идиотски постови на едно место немам видено одамна. Да освоеа медал сите ќе се чукавте в гради како од малата Македонија нашите јунаци постигнале нешто, а сега кога се на дното ги реметите како да се туѓи. Епа без разлика какви се, тие се наши и треба да им се даде поддршка, за критики сте први а се имате запрашано како и каде тренираат? Ако мислите дека можете подобро оти еве вие не отидете до Ванкувер и да не израдувате со медал?
Најтрагично е тоа што натпреварувачите се најмалку виновни, а тие го сносат срамот. Луѓето кои треба да им овозможат какви такви услови се најкриви а нив никој не ги споменува, луѓето од олимпискиот комитет се за ремет, а не натпреварувачите!
Прво и прво ви требаат еден куп пари само за посебна исхрана, не се тренира со ајвар, да не зборувам колку чинат опремата, патувањата. Тие што ги реметите даваат максимум од себе и најмалку што заслужуваат е потсмев.
Што мислите колку патеки има во Македонија за нордиско трчање и колку време годишно се под снег? Мислите дека нашиве одат по Австрии, Германии и не знам каде кога нема снег, седат дома и чекаат да заврне на Маврово или тренираат со скии со колца, како ролерки што се. Епа со такви услови- толку.

п.с. Јас гарантирам дека црнецот таа година поминал повеќе време на снег отколку нашиот.

Види прво свесни сме сите дека нема шанси да земеме медал особено на ЗОИ. Но кога веќе се таму, дај малце нека запнат, убаво кажа ЏенуГрл се шиткаат вајлд карти кај нас.

И од овие двајца не очекував нешто многу поарно, ама Дамјановски велеше дека може да биде 50-60. Од алпинецов очекувам повеќе барем да остави дваесетина позади него.

А за тоа дека не се криви спортистите во право си, земја како нас која има одлични природни услови за зимски спортови да биде на крај:tapp: ......но за тоа може до бескрај да се дебатира... :jaj:
 
Аспергер, тие муабети за тоа дека треба да сме горди на овие што ги праќаме по Олимпијади, на некој друг да му ги кажуваш :wink: Многу добро знаеме дека на ЛОИ и ЗОИ не се праќаат најдобрите спортисти туку мамини и татини.

Тоа можеби важи за земјите "во развој" односно тие како нашата кои имаат по двајца-тројца натпреварувачи.
Ама ако зборуваме за некоја спортска велесила како Австрија, Русија, Германија, САД не би рекол дека важи истото и токму олимписките игри се врвни натпреварувања каде што доаѓа до израз квалитетот посебно индивидуалниот.
 
Мислев на нашите со мојот пост, фала богу дека во нормалниот свет се праќаат најдобрите :))))
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom