Зимски олимписки игри - Ванкувер 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Plux
  • Време на започнување Време на започнување
Аспергер, тие муабети за тоа дека треба да сме горди на овие што ги праќаме по Олимпијади, на некој друг да му ги кажуваш :wink: Многу добро знаеме дека на ЛОИ и ЗОИ не се праќаат најдобрите спортисти туку мамини и татини.
За ЛОИ не знам, али за ЗОИ гарантирам дека тоа е најдоброто што го имаме, барем во натпреварите во нордиско трчање.
 
3365613e72.jpg


Дваесет и тригодишната германска натпреварувачка Магдалена Нојнер е олимписка победничка во биатлонот на 10 километри. Среброто од саботниот спринт го претвори во злато, надокнадувајќи го водството од 1.5 секунди на словачката натпреварувачка Анастасија Кузмина, која го освои сребрениот медал. Бронзата ја освои француската натпреварувачка Мари Лаура Брунет, со 28.3 секунди заостанување.

8614fdb62c.jpg


Втор златен медал за Канада. Тој е освоен од страна на Маел Рикер која славеше во сноубординг, дисциплина Крос. Рикер во финалето беше поуспешна од француската натпреварувачка Дебора Антониоз и швајцарката Оливија Нубс.

389c6f1416.jpg


Германката Татјана Хофнер е нова олимписка победничка во санкање. После 4 трки, Хофнер славеше со вкупно 49 стотинки предност прет австралијанката Нина Ритмаер. Бронзениот медал го освои уште една германка, Натали Гајзенбергер, која заостана 0.577 секунди зад сонародничката.

0496774fac.jpg


Јужна Кореа го освои и вториот златен медал во брзо лизгање. Откако вчера во трката на 500 метри славеше Тае Бум-Мо, синоќа во истата дисциплина тоа и успеа и на Санг-хва Ли, која со тоа стана првата јужнокорејка која освоила златен медал во оваа дисциплина. Светската рекордерка, германката Џени Волф го освои сребрениот медал, а кинеската натпреварувачка Беиџинг Ванг бронзениот.
 
Германија засега прва, и тоа сеуште не се завршени натпреварите во санкање и бобот не е почнат уште.:vozbud:
 
Денес интересна програма
20:00 Слалом жени, 23:00 Сноуборд halfpipe и после има комбинирано хокеј со брзо лизгање па санкање.
 
Во центарот на вниманието: Панталоните на Норвешкиот карлинг тим

20955_352076088974_93517223974_4869214_4066634_n.jpg
 
Од ова карлингов поглуп и подосаден спорт нема за мене :)
 
Карлингот и бејзболот уште неможам да разберам што е целта.:pos2:
 
Значи организаторите поставиле невозможна патека за жените во спуст. Толку многу инциденти не сум видел до сега да се случат на една патека. Ања Персон леташе 58 метри на последната кривина. Како да беше фрлена од катапулт. Ова е страшно. Сите кои се спуштаат сега возат со страв и повеќе не се закана за водечките.
Инаку сега веќе можам да кажам дека Линзи Вон ќе го освои златото пред Џулиа Манкузо (која е специјалист за Олимпијади:)) и Гергл.
 
Маживе спуст беше многу потешка стазата иако и тука имаше тешки кривини. Очекував повеќе од Австрија но очигледно ќе доминираат во слалом и велеслалом.
 
Еј да не знае некој што направи Евгениј Плушенко вчера во уметничко лизгање - кратка програма? Јас го гледав настапот кој што беше СОВРШЕН, едноставно човекот е....:vozbud::vozbud::vozbud: Се враќа после долго годишно отсуство и оп - златен медал на Европското и сега го брани Олимпиското злато.
Е сега го гледав настапот и се, ама заспав после тоа и не догледав!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom