Најавени измени во законот за увоз на автомобили

Член од
23 февруари 2010
Мислења
3
Поени од реакции
0
Епа супер. Ајде народе гргнете со прашања за секој модел посебно. И ќе испадни како на Јанко јади бурек кога беше Ставревски како гостин и место да се прашуваат прашања за цените за а-тест и разни бирократски трошоци, луѓе како тебе се јавуваат и прашуваат „Министре колку пари ќе ме кошта да увезам Опел Вектра?“

Мислам прст на чело? Не мислиш дека соодветно прашање би било „Некој да има искуство со увоз на коли од Бугарија?“.

Кај ќе е крајот на темата со вакви постови. Изгледате како луѓе што сакаат да добијат се на готово.
Ако веќе си го сватил прашањето и ако знаеш да одговориш одговори а не вака со безвредни споредби и глупости.
Јас реков дека ги видов пресметките што си ги напишал но тоа е од Германија и затоа прашав за автомобили од Бугарија до 600-700€ и до 1.3-1.5 зафатнина и тоа моделот го посочив како пример за да се знае дали и по каталог ќе биде отприлика на таа цена ддв а ти се понашаш токму како Јанко со такви одговори

80 за Тив Минхен
100 евра ако сакате со возење (Цол таблици, ако не на камион и правец Македонија)
40-50 евра за еколошка такса
Хомологација 100 евра
25 евра превод
200 евра регистрација и таблици

200+100+40+80+25+(100)=445 на приколка+100 евра за цол = 545 евра (отприлика)

Патни трошоци од 150-300 евра

845 евра со сите давачки на МК таблици. Најмногу до 1000 евра.
Ова и од Бугарија ли се овие давачки и од кај испадна Хомологоација 100€ и документи за Цол исто ли е како у Германија, затоа ако не ти се одговара подобро остави друг ако има да каже отколку одговор како на Јанко :nesvest:
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Дали може некој да ги каже сите пресметки колку би коштало нешто како ова да се увезе од Бугарија од градовите блиску до границата најдалеку до Софија? И ако може до последно со патни трошкови и сите давачки :nesum:


Suzuki Swift 1.3 GS

Цена 1 369 лв.
Дата на производство јули 1993 г.
Тип двигател Бензинов
Моштност 75 к.с.
Скоростна кутијаР'чна
КатегоријаКупе
Пробег 169000 км
Мислам дека во најповолна варијанта ќе имаш давачки од околу +-1000 евра, значи ќе те чини некаде 1800 може и 2000 еура комлет+ повеќе неделни малтретирања по бирократски процедури. Има во МК за 2000-2300 еура добри вакви количиња (сузуки сфивт) така да мислам дека не се испаќа да увезуваш.

Треба да се почека неколку месеци да се увезат доволно возила. Кога ќе се случи тоа, со самата конкуренција, цените ќе паднат. :wink:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ај ај... без расправии и натегања да не се бришиме џабе. Муабетот е што никој нема искуство со увоз, бидејќи законот официјално стапува на сила од 1 март 2010. Така да ќе треба да се стрпите некои 2-3 месеци за да се добијат некакви искуства од прва рака. Засега се е само на хартија.

Фала на вниманието чао пријатно.
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Точно, уште ништо не е стапено на сила. Пријател сега донеси автомобил од Германија, и сите давачки некаде околу 6-6500 евра излегле, не знам колку е точно. Најверојатно ќе стои колата до кај први, па ќе се царини по ново, ако воопшто нешто се промени.
 

VENOM

تعيش حياتك بالطريقة التي
Член од
5 октомври 2008
Мислења
1.664
Поени од реакции
535
Има ли некоја новина со законот што и како ќе бидат вкупните трошкови...
Како што е тргнато многу автомобили ќе завршат во отпад, цените на Пазар3 од ден на ден се топат :tv:
 
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
Да почекаме од 1ви март мислам дека ќе важат новите закони, па ќе зборуваме после :vozbud:
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99
Мислам дека во најповолна варијанта ќе имаш давачки од околу +-1000 евра, значи ќе те чини некаде 1800 може и 2000 еура комлет+ повеќе неделни малтретирања по бирократски процедури. Има во МК за 2000-2300 еура добри вакви количиња (сузуки сфивт) така да мислам дека не се испаќа да увезуваш.

Треба да се почека неколку месеци да се увезат доволно возила. Кога ќе се случи тоа, со самата конкуренција, цените ќе паднат. :wink:
Се исплаќа и тоа како. Друго е да купиш кола возена по патиштата на запад, друго е истата кола да е возена кај нас, па макар и да има помалку км.:nenene:
Во Бугарија на пример, една иста кола ако е ,,нов внос'' е доста поскапа одколку иста таква регистрирана и возена во БГ.
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.413
Поени од реакции
2.547
Абе тоа Корси4ките по странство со која цена се движат?
 

VENOM

تعيش حياتك بالطريقة التي
Член од
5 октомври 2008
Мислења
1.664
Поени од реакции
535
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Ми стои во Скопје, имам намера и да го продадам пошто не идам толку често за мк во последниве години.Дали знаете колку ке бидат давачките од прилика? Колата е 95 то годиште
http://pazar3.com.mk/ViewItem.aspx?itemId=416305
 

sanos_a

www.autobusi.net/
Член од
12 декември 2008
Мислења
554
Поени од реакции
83
вака да не настанат забуни. ако колата е пријавена за царинење пред 1 март кога и официјално стапува на сила новиот закон истата таа кола и да ја царинете во јуни ке ви ја царинат по стариот закон затоа што колата е пријавена за царинење во време кога важи друг закон. затоа почекајте до понеделник па после удри народе на коли од странство
 

sanos_a

www.autobusi.net/
Член од
12 декември 2008
Мислења
554
Поени од реакции
83
дали сега ко ке донесиш кола од странство мора колата да стое во царински склад до дека да помине целата процедура? до пред овој новиот закон мораше да стое таму и се плакаше 900 денари од ден. сега некој викаат дека не морало некои викаат дека мора да стои таму. ајде кажувајте оти одам по кола
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
дали сега ко ке донесиш кола од странство мора колата да стое во царински склад до дека да помине целата процедура? до пред овој новиот закон мораше да стое таму и се плакаше 900 денари од ден. сега некој викаат дека не морало некои викаат дека мора да стои таму. ајде кажувајте оти одам по кола
Укината е царинската лежарина :wink:
-Ако грешам нека ме поправи некој
 

sanos_a

www.autobusi.net/
Член од
12 декември 2008
Мислења
554
Поени од реакции
83
а сега разбрав дека од царина од земјата од каде се купува колата се вадело некој си еуро 1 документ. каков е тој документ дали знае некој?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom