Најавени измени во законот за увоз на автомобили

T

Tetro

Гостин
дали си 100% сигурен? ако е така тогаш е повеќе од одлично :vozbud:

Акцизите паѓаат од март

Пазарот на половни и на нови возила стагнира додека се чека да стапат во сила новите вредности на акцизите
Акцизите за најголем дел од половните и новите возила ќе се намалат во почетокот на следниот месец, при што падот ќе се движи од 20 до 600 евра, во зависност од вредноста на возилото. Додека се чека новите вредности на акцизите официјално да стапат во сила, пазарот на стари и нови возила стагнира. Увозниците го чекаат намалувањето за да ги внесат возилата во земјава по пониска цена, а заинтересираните купувачи не брзаат, надевајќи се дека ќе се намалат цените на автомобилите.

Владата завчеравечер донесе одлука акцизите да се пресметуваат според вредноста на возилото, а не според работната зафатнина на моторот, како што беше досега. Моделот што го усвои Владата во одредени делови се разликува од предлогот што претходно го разгледуваше со увозниците на возила. Со новиот модел, возилата според вредноста се поделени во 13 категории, една помалку од првично предложените. Така, за возилата до 3.000 евра нема да се плаќа акциза, за тие од 3.000 до 14.000 евра акцизите ќе се движат од 0,5 до четири отсто од цената на возилото, а за најлуксузните возила од над 30.000 евра давачката ќе изнесува 18 отсто.

Измените во Законот за акцизите следната недела ќе бидат доставени во Собранието, по што се очекува за дваесетина дена да стапат во сила. Но, додека се случи тоа, увозниците на нови возила не увезуваат автомобили. Дел од нив објаснуваат дека и веќе нарачаните ги оставаат на царина додека не се намалат акцизите. Продавачите на половни возила велат дека досега немало толку слаба продажба и оти сите чекаат намалување на цените. Дури и тие што оставиле капар за возилото, не одат да го подигнат за да може цената да им се пресмета според новите акцизи. Официјалната статистика го потврдува падот на продажбата на нови возила. Минатиот месец биле продадени 626 нови патнички возила, за разлика од истиот период лани, кога се продале 670.

Според министерот за финансии, Зоран Ставрески, со новиот модел акцизите драстично ќе се намалат за сите половни и за околу 90 отсто од новите возила. Давачката единствено ќе се зголеми за автомобилите од најлуксузните класи.

- За 90 отсто од новите возила успеавме да направиме акцизите да се намалат за 20, 30, 50, а некаде и за 600 евра. За полуксузните, логично е да има повисоки акцизи. Кај половните возила има драстично намалување на акцизите. На пример, за „опел астра“ со набавна вредност од 4.000 евра и зафатнина од 1.400 кубни сантиметри досега се плаќаше акциза од 1.200 евра. Сега давачката за истото возило ќе биде 20 евра - рече Ставрески.

Акцизите за новите возила ќе се пресметуваат според влезната цена на возилото, а за половините автомобили ќе се користи каталошката вредност на возилото. Ставрески истакна дека минатите години само од акцизи во буџетот се прибирале меѓу 8,5 и 10 милиони евра, а се очекува приливите да останат исти и со новиот модел за пресметка.

ИЗВОР
 
Член од
4 септември 2007
Мислења
106
Поени од реакции
6
од кај курац им е информацијава на дневник дека за половните возила ќе се гледа каталошката вредност на возилото кога скоро на сите медиуми слушнав дека фактурната вредност ќе се гледа? ебате новинарите ебате.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/vladata-odluchi-da-gi-namali-akcizite-za-vozilata-0
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279

Aко купиш кола од приватно лице во германија кој ќе ти даде фактура?
 
VENOM

تعيش حياتك بالطريقة التي
Член од
5 октомври 2008
Мислења
1.664
Поени од реакции
535
Aко купиш кола од приватно лице во германија кој ќе ти даде фактура?
Сигурно на нотар ќе се заведе по која цена ја купуваш :toe:( а можно е да се договориш да напише некое € помалку :tv: ) :toe:
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Сигурно на нотар ќе се заведе по која цена ја купуваш :toe:( а можно е да се договориш да напише некое € помалку :tv: ) :toe:
Tоа не е фактура.
Нотарот ќе напише колу и да му кажеш, тој не ги брои парите и нема да ти даде фискална како што ќе ти даде фирмата (плацот) кој ти дава и фактура.
Не сум сигурен дали таков договор на нотар ќе биди валиден за цена на колата без фискална.

Еве ти еден пример за тоа. Јас знам 2-3 овде во БТ кои имаат свои луѓе во германија и му бараат и купуваат коли па после ги носат во МК со камион. Тој што ги купил колите во германија (нашинецот) на својот партнер овде во Македонија може за секоја кола да му даде изјава од нотар дека или му ја поклонува или му ја продава за 100 евра.
Ете ти одма бизнис
 
Tommy1207

Појмааа немаммм
Член од
2 декември 2009
Мислења
64
Поени од реакции
4
Abe luge nemoze da bide po faktura zatoa sto od kade i da ja zemes kolata moze da se napise kolku sakas deka si ja platil, a na nekoi vozila da se napise duri realnata cena po koja si ja kupil pak nama da ti priznaat faktura.Na primer ja gledav Alfa Romeo 166 vo Germanija taa e okolu 1500-2000 evra koj tuka mene ke mi ja priznae taa faktur koga po katalog e 3500-4000 evra.
 
mamba

UNITED MACEDONIA
Член од
13 декември 2009
Мислења
93
Поени од реакции
3
Акцизите паѓаат од март

- За 90 отсто од новите возила успеавме да направиме акцизите да се намалат за 20, 30, 50, а некаде и за 600 евра. За полуксузните, логично е да има повисоки акцизи. Кај половните возила има драстично намалување на акцизите. На пример, за „опел астра“ со набавна вредност од 4.000 евра и зафатнина од 1.400 кубни сантиметри досега се плаќаше акциза од 1.200 евра. Сега давачката за истото возило ќе биде 20 евра - рече Ставрески.

ИЗВОР[/QUOTE

Akcizata za vozila do 1500 kubika bese 250 evra neznam od kaj 1200, tolku bese za vozila od 1500-2000 kubika, izgleda nekoj ja utnal matematikata.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Abe luge nemoze da bide po faktura zatoa sto od kade i da ja zemes kolata moze da se napise kolku sakas deka si ja platil, a na nekoi vozila da se napise duri realnata cena po koja si ja kupil pak nama da ti priznaat faktura.Na primer ja gledav Alfa Romeo 166 vo Germanija taa e okolu 1500-2000 evra koj tuka mene ke mi ja priznae taa faktur koga po katalog e 3500-4000 evra.
Фактура издадена од плац (фирма) со фискална би требало да се признае.
Германец кој работи со плац (фирма) нема да ризикува бизнисот и да ти куца фискална 400 евра а ти зема 1500 евра за некое ни чуено ни видено македонче,
ситна пара е тоа за нив за да си прави проблеми и да се мисли дал ќе го фатат и да прикрива после траги во каси во докумненти за набавки и продажби.
Зошто тогаш би признавале било што од странство. И да увезваш бела техника или градежни материјали или машини и алати а плаќаш на фактура.... Не би требало од некои да признаваат а од некои не ... иако овде во ова земја и то е можно.

Порано се признаваа фактурите ако се во рамки на каталошка цена, а ако е значително под (не знам за НАД) е тогаш царинеа и даночеа по каталог.
 
K

kaiser soze

Гостин
Фактура издадена од плац (фирма) со фискална би требало да се признае.
Порано се признаваа фактурите ако се во рамки на каталошка цена, а ако е значително под (не знам за НАД) е тогаш царинеа и даночеа по каталог.
Исто ќе биде и со измените кои се донесоа.Значи акцизите ќе се пресметуваат според цената на возилото,а тоа ќе се докажува со издадена фактура и фискална.Доколку постои сомневање за малверзација,може да ти пресметаат акциза според каталогот.
Од искуство знам оти во Бугарија на пример,во договор со сопственикот на плацот,цената на фактурата може да биде многу помала од реалната.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Од искуство знам оти во Бугарија на пример,во договор со сопственикот на плацот,цената на фактурата може да биде многу помала од реалната.
Toa го знат и овде во царина и финансии па кола донесена од Бугарија најверојатнбо ќе оди на каталог

Штом фактурата цена е доста под каталошката, одма каталого се применува.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Toa го знат и овде во царина и финансии па кола донесена од Бугарија најверојатнбо ќе оди на каталог

Штом фактурата цена е доста под каталошката, одма каталого се применува.
Мислам дека ке има толеранција до 10% од каталошката вредност
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.700
Поени од реакции
288
Знае некој кај можам да го разгледам/симнам тој швалке каталог?

Фала
 
Kajgana Shop

На врв Bottom