дали си 100% сигурен? ако е така тогаш е повеќе од одлично
Акцизите паѓаат од март
Пазарот на половни и на нови возила стагнира додека се чека да стапат во сила новите вредности на акцизите
Акцизите за најголем дел од половните и новите возила ќе се намалат во почетокот на следниот месец, при што падот ќе се движи од 20 до 600 евра, во зависност од вредноста на возилото. Додека се чека новите вредности на акцизите официјално да стапат во сила, пазарот на стари и нови возила стагнира. Увозниците го чекаат намалувањето за да ги внесат возилата во земјава по пониска цена, а заинтересираните купувачи не брзаат, надевајќи се дека ќе се намалат цените на автомобилите.
Владата завчеравечер донесе одлука акцизите да се пресметуваат според вредноста на возилото, а не според работната зафатнина на моторот, како што беше досега. Моделот што го усвои Владата во одредени делови се разликува од предлогот што претходно го разгледуваше со увозниците на возила. Со новиот модел, возилата според вредноста се поделени во 13 категории, една помалку од првично предложените. Така, за возилата до 3.000 евра нема да се плаќа акциза, за тие од 3.000 до 14.000 евра акцизите ќе се движат од 0,5 до четири отсто од цената на возилото, а за најлуксузните возила од над 30.000 евра давачката ќе изнесува 18 отсто.
Измените во Законот за акцизите следната недела ќе бидат доставени во Собранието, по што се очекува за дваесетина дена да стапат во сила. Но, додека се случи тоа, увозниците на нови возила не увезуваат автомобили. Дел од нив објаснуваат дека и веќе нарачаните ги оставаат на царина додека не се намалат акцизите. Продавачите на половни возила велат дека досега немало толку слаба продажба и оти сите чекаат намалување на цените. Дури и тие што оставиле капар за возилото, не одат да го подигнат за да може цената да им се пресмета според новите акцизи. Официјалната статистика го потврдува падот на продажбата на нови возила. Минатиот месец биле продадени 626 нови патнички возила, за разлика од истиот период лани, кога се продале 670.
Според министерот за финансии, Зоран Ставрески, со новиот модел акцизите драстично ќе се намалат за сите половни и за околу 90 отсто од новите возила. Давачката единствено ќе се зголеми за автомобилите од најлуксузните класи.
- За 90 отсто од новите возила успеавме да направиме акцизите да се намалат за 20, 30, 50, а некаде и за 600 евра. За полуксузните, логично е да има повисоки акцизи. Кај половните возила има драстично намалување на акцизите. На пример, за „опел астра“ со набавна вредност од 4.000 евра и зафатнина од 1.400 кубни сантиметри досега се плаќаше акциза од 1.200 евра. Сега давачката за истото возило ќе биде 20 евра - рече Ставрески.
Акцизите за новите возила ќе се пресметуваат според влезната цена на возилото, а за половините автомобили ќе се користи каталошката вредност на возилото. Ставрески истакна дека минатите години само од акцизи во буџетот се прибирале меѓу 8,5 и 10 милиони евра, а се очекува приливите да останат исти и со новиот модел за пресметка.
ИЗВОР