Социјалниот феномен “Тоше“

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Знаете ја ич не сум патриот. Али патриотизам сега за сега у македонија може да подигне само некој како Пандев или покојни Тоше или било кој друг што ке направи повеќе надвор од рамките на нашава усерена држава. Политичар со ветувања не.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.776
Поени од реакции
12.239
Како што ве убеди дека е ангел, ве убеди и дека работи за Македонија.
Немам досега споменато дека е ангел или слично, ништо повеќе од човек. Но беше повеќе од просечен човек. Дали е до коцките, дали до судбината...може луѓе му завидуваат на убавината, може на она што повеќето од девојчиња (и не само девојчиња, милфици и постари од нив исто паѓаа на привлечноста и гласот на ова дете) се палеа по него.
Не ми е битно дали беше српски или македонски, битно дека успеа, пееше и на словенски и англиски, а во Словенија е доста тешко да успее некој -посебно од Македонија. Имало и други (да продолжам со набројување) лица кои ради комерцијализација, маркетинг машинерија или трета причина станале т.н. феномени во бувша Ју и после распадот. А од Македонија немаше ниеден музичар кој постигна толкав успех. Леб и Сол беа успешни на пример почетокот на 80-тите (уште кога не правеа комерцијални -Скопје има микроклима) во цела Ју само не во Македонија (додека во Белград се слушаа и купуваа нивни плочи, ние слушавме Рибља Чорба, Битлси и други странски музичари. Впрочем зошто тој можеше да ги испее или изведе повеќето музичари и популарни песни, а истите тие музичари делуваат бледо (и никако) кога го изведуваат Тоше? Народна, забавна, сериозна...изведуваше музика на Парни Ваљак, пееше заедно со Наум Петрески, ја изведе Зајди, зајди (да не ги редам, секој негов обид беше повеќе од просечна изведба)...неговите гласовни квалитети не беа вообичаени.

-можеби нашата завидливост и неприфаќање на македонските успеси е своевиден феномен...или нешто да мразиме колку да мразиме? :)
Во оваа баруштина каде Нокаут и слаткарите владеат...па и тие си имаат свој удел во македонската музика и општество (не може да ги негирам, колку и да не се квалитетни во изведбите-јас сум уште понеквалитетен за музика :) ), но сепак се мноогу скали подолу од гласот и она што знаеше Тоше да го изведе.
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Видиш ја исто толкав куп луѓе имав сретнато пред да се појави Тоше кои ја знаеја Зајди Зајди а особено Билјана платно белеше.

И, мене не ми пречи тоа што тебе те радува, супер ако сите се радосни, но неговата мисија беше кеш, а не културно обединување на народите.
Да баш беше кеш, затоа возеше ферари, имаше вила на Мајорка и приватен авион!

Се читаш ли само што пишуваш?
Му биле значајни парите на човекот кој секоја година правеше хуманитарни концерти, кој секогаш даваше на другите и преку кој многу луѓе научија да бидат малку повеќе хумани?

Али и она вришти културно обединување на народите бла бла. Да не Мадона и Мајкл Џексон културно го обединија светот?

Тоше си пееше комерцијална музика за своја душа, за сите оние слушатели кои поради неговата харизма ги имаше милиони низ целиот свет. Нормално повеќето балканци.
Али гордо се чуствувам кога ќе слушнам познати музичари и обични луѓе како Полско цвеќе и Тајно моја ја пејат на македонски. И како во Хрватска, Србија, Црна Гора ечи Тоше на радио и низ дискотеки сеедно дали на македонски или српски јазик.

Отворете хрватски, српски обичен форум таму луѓето повеќе и со поубави зборови пишуваат за Тоше, него на овој најдобра македонски форум.
Ми се лоши од некои грди коментари.
Знаете за сите бурек да јадете а вие не вредите ни 1% од тоа што тој вредеше како човек.
Стандардна македонска карактеристика, треси зелени за секој наш а за странците само златни зборови.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575

Не возеше ферари, сепак беше балканска ѕвезда, возеше Туарег, претходно некој Мерцедес, Рав4, не му беше лош возниот парк за наши услови и имаше куќа во Волково (или кај и да беше) :smir:
Да, факт е дека ги делеше своите пари со многу луѓе на кои им беа потребни, но исто така е факт дека и тој заработуваше. Сигурна сум дека пеел од љубов кон музиката, но и заработката е секако силен поттик.
Не велам дека не го почитувам, не велам дека не бил хуман, но исто така не можам да кажам дека вреди 99% повеќе од некој друг или дека бил ангел или светец.
Како и сите други, беше човек, пред се' со своите интереси, а кога тие му биле исполнети, им помагал и на другите. Исто е факт и дека можел и да не помогне, помогнал, и затоа го почитувам. Ама од оваа глорификација ми е веќе крајно смачено.
 
ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111

И ова е стандардно, не можи објективно да се коментира за некоја иконизирана личност, па се почнуват споредби и префрлање на вниманието на дискутантите.
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Не возеше ферари, сепак беше балканска ѕвезда, возеше Туарег, претходно некој Мерцедес, Рав4, не му беше лош возниот парк за наши услови и имаше куќа во Волково (или кај и да беше) :smir:
Да, факт е дека ги делеше своите пари со многу луѓе на кои им беа потребни, но исто така е факт дека и тој заработуваше. Сигурна сум дека пеел од љубов кон музиката, но и заработката е секако силен поттик.
Не велам дека не го почитувам, не велам дека не бил хуман, но исто така не можам да кажам дека вреди 99% повеќе од некој друг или дека бил ангел или светец.
Како и сите други, беше човек, пред се' со своите интереси, а кога тие му биле исполнети, им помагал и на другите. Исто е факт и дека можел и да не помогне, помогнал, и затоа го почитувам. Ама од оваа глорификација ми е веќе крајно смачено.
Па да возеше автомобили од спонзори секогаш, да има куќа нормално.
Ама дека кешот му бил многу битен тој лично да го има и да се бања во пари?
И јас сум против она светец и ангел дека е Тоше. Значи против тие работи сум кога се поистоветува со тоа Тоше.
Не и дека нема други добри луѓе.
Но, постојат толку луѓе кои стварно не вредат и кои немаат 1 добра работа направено во животот а плукаат по Тоше. И тоа секогаш се тоа Македонци. Јас лош збор за Тоше не сум слушнала во Хрватска, Србија и кога сум идела таму сите секогаш велеле ееееее од Македонија си, од земјата на Тоше и ќе споделат некој добар збор. А тука македонциве ах Тоше ваков бил таков бил, глупа музика бла бла.
Кај нас некој светец да живее па ќе биде каменуван од луѓето.
Ние во глобала не ги сакаме добрите луѓе, секогаш за секој знаеме лош збор да најдеме. Ама за добар збор... тешко. Први за критика, последни за убав збор.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Но, постојат толку луѓе кои стварно не вредат и кои немаат 1 добра работа направено во животот а плукаат по Тоше. И тоа секогаш се тоа Македонци. Јас лош збор за Тоше не сум слушнала во Хрватска, Србија и кога сум идела таму сите секогаш велеле ееееее од Македонија си, од земјата на Тоше и ќе споделат некој добар збор. А тука македонциве ах Тоше ваков бил таков бил, глупа музика бла бла.
Кај нас некој светец да живее па ќе биде каменуван од луѓето.
Ние во глобала не ги сакаме добрите луѓе, секогаш за секој знаеме лош збор да најдеме. Ама за добар збор... тешко. Први за критика, последни за убав збор.
Тука си во право, македонците се вечно незадоволни и речиси секогаш наоѓаат некоја фалинка. :)
Можам да кажам конкретно за Хрватска, сите го знаеја, а имаше и вакви и такви коментари, како и сите, нели, има луѓе што го сакаат и што не го сакаат.
Но, моментот кај кој се губи народов е што или оди на тоа дека е светец, или на тоа "па не е ништо посебно". Финтата е што Тоше беше огромен талент, хуман и приземјен, посебен како човек, но само човек. И мислам дека недоразбирањето токму таму се јавува. Јас никаде не прочитав Виктор да плука по него, тој само гледа на него како на пеач. Исто и јас, не ја намалувам неговата вредност, ниту велам дека не чини, но не можам емотивно да се поврзам и да плачам или да напишам "животот не ми е ист без тебе" и не можам да сфатам зошто луѓето го прават тоа :toe:
 
Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Многу постови напишав во врска со ова но ова е она што не сакав да се случува.

Од пролет во Крушево ќе може да се гледа ѕвездата на Тоше
По повод 29-тиот роденден на Тоше денеска во Крушево членовите на Интернационалниот фан клуб форум на семејството Проески му го подарија телескопот со кој во иднина од Крушево ќе може да се гледа ѕвездата која од лани го носи името на Тоше.

Повеќе... http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119081
 
ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Многу постови напишав во врска со ова но ова е она што не сакав да се случува.

Од пролет во Крушево ќе може да се гледа ѕвездата на Тоше
По повод 29-тиот роденден на Тоше денеска во Крушево членовите на Интернационалниот фан клуб форум на семејството Проески му го подарија телескопот со кој во иднина од Крушево ќе може да се гледа ѕвездата која од лани го носи името на Тоше.

Повеќе... http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119081
Крај :vozbud:
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
1.041
Поени од реакции
43
Темава е типичен застапник на македонскиот синдром....Плукај по своето, вака онака, ние сме вечни хејтери, сите имаме свое мислење, па макар и човек ко Тоше, не ни смете да го омаловажуваме и да си го искажеме своето мислење затоа што ние сме Македонци кои сме без влакна на јазикот...........

Ја ќе ви кажам искрено кога умре Тоше, земав пинг понг палица и топче и мавав по зид... Зашто??? Затоа што не сакав да плачам искрено, ми се скина срцето што еден таков човек, кој што даде многу, кој што не заслужи таква судбина, отиде на ваков начин....
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Немам досега споменато дека е ангел или слично, ништо повеќе од човек. Но беше повеќе од просечен човек. Дали е до коцките, дали до судбината...може луѓе му завидуваат на убавината, може на она што повеќето од девојчиња (и не само девојчиња, милфици и постари од нив исто паѓаа на привлечноста и гласот на ова дете) се палеа по него.
Не ми е битно дали беше српски или македонски, битно дека успеа, пееше и на словенски и англиски, а во Словенија е доста тешко да успее некој -посебно од Македонија. Имало и други (да продолжам со набројување) лица кои ради комерцијализација, маркетинг машинерија или трета причина станале т.н. феномени во бувша Ју и после распадот. А од Македонија немаше ниеден музичар кој постигна толкав успех. Леб и Сол беа успешни на пример почетокот на 80-тите (уште кога не правеа комерцијални -Скопје има микроклима) во цела Ју само не во Македонија (додека во Белград се слушаа и купуваа нивни плочи, ние слушавме Рибља Чорба, Битлси и други странски музичари. Впрочем зошто тој можеше да ги испее или изведе повеќето музичари и популарни песни, а истите тие музичари делуваат бледо (и никако) кога го изведуваат Тоше? Народна, забавна, сериозна...изведуваше музика на Парни Ваљак, пееше заедно со Наум Петрески, ја изведе Зајди, зајди (да не ги редам, секој негов обид беше повеќе од просечна изведба)...неговите гласовни квалитети не беа вообичаени.

-можеби нашата завидливост и неприфаќање на македонските успеси е своевиден феномен...или нешто да мразиме колку да мразиме? :)
Во оваа баруштина каде Нокаут и слаткарите владеат...па и тие си имаат свој удел во македонската музика и општество (не може да ги негирам, колку и да не се квалитетни во изведбите-јас сум уште понеквалитетен за музика :) ), но сепак се мноогу скали подолу од гласот и она што знаеше Тоше да го изведе.
Ти си многу чуден човек. Неговите гласовни квалитети беа невообичаени? :uvo: А оние на Пласидо Доминго какви се, од друга галаксија? Си ја слушнал Медеа наша што е способна да стори со гласот? Неговите гласовни квалитети секако беа вообичаени, неговиот тим ги промовираше на одличен начин.

И како да ти објаснам дека никој никого не мрази? Би било добро исто така и да знаеш дека никакви нокаути ниту слаткари не владеат но за тоа потоа...

Rossonerka напиша:
Да баш беше кеш, затоа возеше ферари, имаше вила на Мајорка и приватен авион!

Се читаш ли само што пишуваш?
Му биле значајни парите на човекот кој секоја година правеше хуманитарни концерти, кој секогаш даваше на другите и преку кој многу луѓе научија да бидат малку повеќе хумани?

Али и она вришти културно обединување на народите бла бла. Да не Мадона и Мајкл Џексон културно го обединија светот?

Тоше си пееше комерцијална музика за своја душа, за сите оние слушатели кои поради неговата харизма ги имаше милиони низ целиот свет. Нормално повеќето балканци.
Али гордо се чуствувам кога ќе слушнам познати музичари и обични луѓе како Полско цвеќе и Тајно моја ја пејат на македонски. И како во Хрватска, Србија, Црна Гора ечи Тоше на радио и низ дискотеки сеедно дали на македонски или српски јазик.

Отворете хрватски, српски обичен форум таму луѓето повеќе и со поубави зборови пишуваат за Тоше, него на овој најдобра македонски форум.
Ми се лоши од некои грди коментари.
Знаете за сите бурек да јадете а вие не вредите ни 1% од тоа што тој вредеше како човек.
Стандардна македонска карактеристика, треси зелени за секој наш а за странците само златни зборови.
Не можам да проценам дали си ти посмешна со муабетиве или твојата малолетна сестра и дали ти ми нудиш подобар доказ за сето она кое го пишувам или сестра ти.

Тоше Проески возеше Фоксваген Туарег до последниот миг кој чини околу 40 илјади евра, живееше во раскошна куќа во Злокуќани, уште познат како прибежиште на скопските богаташи и тоа сам... еве сликичка...

Значи, далеку од тоа дека беше испосник. Голема слава бара и големо прибежиште, тоа е факт, само немој да ми кенкаш дека пееше за ти да екстазираш на неговите песни. Не, туку пееше за слава и кеш.

Хуманитарните концерти речиси никогаш не се хуманитарни. Дали е хуман и Џон Траволта кој со својот личен авион слета во Хаити да подели пакети??? :nenene:
Како што се вели, советот кој некој ти го дава никогаш не е за твое добро, туку за негова себепромоција и подигање на егото.

Еве, да не се лутиш, ќе се сложам дека Тоше бил хуман и дека првичната цел му била да помогне колку може на оние на кои им треба помош, но тоа со себе повлекува илјадници нешта, наслови во весници и телевизии, промоција на своите песни, зголемување на рејтингот до немајкаде. Исто така, кога тој го објавува својот хуманитарен концерт, ти можеш само да ме излажеш дека одиш на тој концерт дека е хуманитарен, вистината е дека одиш да го слушаш Тоше бидејќи ти се допаѓа како пејач. Пред некој ден, беше затоа што е наменет за Тоше. И ќе биде се во ред и со овој концерт, ако девојчиња не плачеа како на погреб.

Тебе ти е понудена маркетиншка замка за која успешно се фаќаш. Ако Љиља одлучеше да го земе Маријан Стојановски под свое, ти ќе плачеше на неговиот грд сурат само што тогаш најверојатно ќе беше лепотанче. Рецептот за успех и за тинејџерска масовна хистерија е познат, проверен и функционира. Фала што ни го докажуваш тоа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.776
Поени од реакции
12.239
Ти си многу чуден човек. Неговите гласовни квалитети беа невообичаени? :uvo: А оние на Пласидо Доминго какви се, од друга галаксија? Си ја слушнал Медеа наша што е способна да стори со гласот? Неговите гласовни квалитети секако беа вообичаени, неговиот тим ги промовираше на одличен начин.
За Медеа имам слушнато, како и тоа дека е член на форумов. Сепак не сум музички образуван за да го оценам гласот на Медеа (нит сум повикан да оценувам, сепак тоа е за некој музичар, критичар или нејзини блиски), но верувам од повеќето позитивни реакции по форумов дека девојката си го знае занаетот, т.е. дека е одлична на тој план.
Истото се однесува и на Тоше, сепак тоа не се мои критики туку на музичари и музички критичари, уште додека беше жив (иако после неговата смрт сигурно дека се зголеми комерцијалната експлоатација и потенцирање на неговите вредности). Можеби јас сум чуден што не се сложувам слепо со нешто, но со ова...пошто е критика позајмена од тие музичари...можеби тие се чудни :)
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Не можам да проценам дали си ти посмешна со муабетиве или твојата малолетна сестра и дали ти ми нудиш подобар доказ за сето она кое го пишувам или сестра ти.

Тоше Проески возеше Фоксваген Туарег до последниот миг кој чини околу 40 илјади евра, живееше во раскошна куќа во Злокуќани, уште познат како прибежиште на скопските богаташи и тоа сам... еве сликичка...

Значи, далеку од тоа дека беше испосник. Голема слава бара и големо прибежиште, тоа е факт, само немој да ми кенкаш дека пееше за ти да екстазираш на неговите песни. Не, туку пееше за слава и кеш.

Хуманитарните концерти речиси никогаш не се хуманитарни. Дали е хуман и Џон Траволта кој со својот личен авион слета во Хаити да подели пакети??? :nenene:
Како што се вели, советот кој некој ти го дава никогаш не е за твое добро, туку за негова себепромоција и подигање на егото.

Еве, да не се лутиш, ќе се сложам дека Тоше бил хуман и дека првичната цел му била да помогне колку може на оние на кои им треба помош, но тоа со себе повлекува илјадници нешта, наслови во весници и телевизии, промоција на своите песни, зголемување на рејтингот до немајкаде. Исто така, кога тој го објавува својот хуманитарен концерт, ти можеш само да ме излажеш дека одиш на тој концерт дека е хуманитарен, вистината е дека одиш да го слушаш Тоше бидејќи ти се допаѓа како пејач. Пред некој ден, беше затоа што е наменет за Тоше. И ќе биде се во ред и со овој концерт, ако девојчиња не плачеа како на погреб.

Тебе ти е понудена маркетиншка замка за која успешно се фаќаш. Ако Љиља одлучеше да го земе Маријан Стојановски под свое, ти ќе плачеше на неговиот грд сурат само што тогаш најверојатно ќе беше лепотанче. Рецептот за успех и за тинејџерска масовна хистерија е познат, проверен и функционира. Фала што ни го докажуваш тоа.
Кажав дека имаше кола од спонзори и куќаво Злокуќани, па вајда нема во штала да спие. Ама дека се ставаше акцент на парите тоа нема да се сложам.

Истите работи кои ги кажа маркетиншки трик, хуманитарни концерти сето тоа е точно.
Тоше си имаше добри спонзори и менаџер и добар тим позади него без кој немаше да биде успешен. Но сите оние пејачи на кои се дивиме од странство го имаат истото тоа и истите тие да се родени во Македонија ќе бидат плукани од некоја причина.
Тоа и го потенцирам цело време.
Зашто за нас се што е странско е одлично, се што е наше е срање.
Зашто сите се дивиме на Кака, Меси, Кристијано Роналдо а не се радуваме доволно на успесите на Пандев и го навредуваме. Зашто не се радуваме на Браќата Тавитјан. На Влатко Стефановски. На Есма. На Борис Трајанов итн....
И секако на успесите на Тоше.
Тешки сме за своето добар збор да кажеме, а за странско па и најголема глупост да е ние со воодушевување ќе збориме.
Ќе ја пееме Umbrella на Ријана и ќе ја прогласуваме за хит и ќе се трескаме од земја на неа и на многу други слични изведувачи, а Тоше ќе го нарекуваме потпросечен пејач и обичен човек. И тоа само затоа што живее во Македонија.

А онаа група на Фб и сите оние што ѕвезди купуваат, го прогласуваат за светец, за ангел, приказни за него и секакви измислувања се за најголемо осудување. За да си во центарот на вниманието секаква глупост ќе измислиш.
 
noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Ти ја прочитав последната реченица и почна да ми ѕвони "Hallelujah" oд Leonard Cohen у уши.

Тоа е целата поента на нашите 7+ страни дискусија, карање, кубење коси, зеленки, црвенки и све остало. Никој не му го оспори талентот на Тоше. Ниту пак харизмата, хуманоста, натпросечноста и способноста да создаде феномен.

Темава служеше за конечно да се издиференцираат двете појави:

1. Плукање по Тодор Тоше Проески, неговата активност, неговиот лик, неговото дело и се што тој постигнал за време на неговиот 27 годишен живот. На ова З А Б О Р А В Е Т Е!!! - за да не помислам дека и вие си го користите како реферал за да покажете присуство на питај курцу какви морално-етички вредности во вашата персона. Демек, колку повеќе ги тупам луѓето дека го сакам Тоше, толку повеќе расте процентажата на Тошевиот карактер во мене?

2. Феноменот “Тоше Проески“. Како да им се објасни зборот “феномен“ на луѓе што го чуле само во песната Феноменоменално? Феноменот Тоше не е гласот на Тоше, не е неговата харизма, возниот парк или “бараката“ во Злокуќани. Тоа се сите оние затупени луѓе што ме прават мене да изгледам као највечи сноб само затоа што не се претопувам во масата на луѓе кои не сфаќаат дека на мртов човек роденден не се честита, дека не се искажува чест преку купување на ѕвезди и телескопи, организирање на скупи концерти, а за ОВА не ми се праи ни муабет. Тоше има само датум на раѓање?! Ау. Филозофија од највисок ранг. Сите овие луѓе да имаат барем 1% од Тоше во себе, а мислат дека имаат со самото тоа што го сакаат и него и неговите песни, со 250-те денари ке најадеа 4-члено семејство, а телескопот ќе купеше на пример, цитостатици за децата болни од рак. Ама бидејќи се што јас - богохулот ќе кажам се карактеризира како “хејт“ и глупа споредба и ме анатемизираат како анти-тоше пропагатор, не знам колку и како ова ќе биде разбрано.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom