Немам досега споменато дека е ангел или слично, ништо повеќе од човек. Но беше повеќе од просечен човек. Дали е до коцките, дали до судбината...може луѓе му завидуваат на убавината, може на она што повеќето од девојчиња (и не само девојчиња, милфици и постари од нив исто паѓаа на привлечноста и гласот на ова дете) се палеа по него.
Не ми е битно дали беше српски или македонски, битно дека успеа, пееше и на словенски и англиски, а во Словенија е доста тешко да успее некој -посебно од Македонија. Имало и други (да продолжам со набројување) лица кои ради комерцијализација, маркетинг машинерија или трета причина станале т.н. феномени во бувша Ју и после распадот. А од Македонија немаше ниеден музичар кој постигна толкав успех. Леб и Сол беа успешни на пример почетокот на 80-тите (уште кога не правеа комерцијални -Скопје има микроклима) во цела Ју само не во Македонија (додека во Белград се слушаа и купуваа нивни плочи, ние слушавме Рибља Чорба, Битлси и други странски музичари. Впрочем зошто тој можеше да ги испее или изведе повеќето музичари и популарни песни, а истите тие музичари делуваат бледо (и никако) кога го изведуваат Тоше? Народна, забавна, сериозна...изведуваше музика на Парни Ваљак, пееше заедно со Наум Петрески, ја изведе Зајди, зајди (да не ги редам, секој негов обид беше повеќе од просечна изведба)
...неговите гласовни квалитети не беа вообичаени.
-можеби нашата завидливост и неприфаќање на македонските успеси е своевиден феномен...или нешто да мразиме колку да мразиме?
Во оваа баруштина каде Нокаут и слаткарите владеат...па и тие си имаат свој удел во македонската музика и општество (не може да ги негирам, колку и да не се квалитетни во изведбите-јас сум уште понеквалитетен за музика
), но сепак се мноогу скали подолу од гласот и она што знаеше Тоше да го изведе.