Кажав дека имаше кола од спонзори и куќаво Злокуќани, па вајда нема во штала да спие. Ама дека се ставаше акцент на парите тоа нема да се сложам.
Истите работи кои ги кажа маркетиншки трик, хуманитарни концерти сето тоа е точно.
Тоше си имаше добри спонзори и менаџер и добар тим позади него без кој немаше да биде успешен. Но сите оние пејачи на кои се дивиме од странство го имаат истото тоа и истите тие да се родени во Македонија ќе бидат плукани од некоја причина.
Тоа и го потенцирам цело време.
Зашто за нас се што е странско е одлично, се што е наше е срање.
Зашто сите се дивиме на Кака, Меси, Кристијано Роналдо а не се радуваме доволно на успесите на Пандев и го навредуваме. Зашто не се радуваме на Браќата Тавитјан. На Влатко Стефановски. На Есма. На Борис Трајанов итн....
И секако на успесите на Тоше.
Тешки сме за своето добар збор да кажеме, а за странско па и најголема глупост да е ние со воодушевување ќе збориме.
Ќе ја пееме Umbrella на Ријана и ќе ја прогласуваме за хит и ќе се трескаме од земја на неа и на многу други слични изведувачи, а Тоше ќе го нарекуваме потпросечен пејач и обичен човек. И тоа само затоа што живее во Македонија.
А онаа група на Фб и сите оние што ѕвезди купуваат, го прогласуваат за светец, за ангел, приказни за него и секакви измислувања се за најголемо осудување. За да си во центарот на вниманието секаква глупост ќе измислиш.