После вторава утакмица со Сампдорија почна да ми се враќа вербата во тимов. Се гледаат искри и знаци на живот (нешто што го немаше против Бари). Во врска со одбраната, се крстам во
Траоре да се погоди и да биде подобар од
Ештон Качер, кој е солиден во офанзива ама назад спие цело време. За
Мота - мислам дека ова денес беше само една лоша утакмица од него. Верувам дека ќе изигра на ниво веќе следната.
Мело откако заеба 2-3 топки на средина мислев дека ќе го фати нервоза и дека ќе збесне на терен, ама остатокот од утакмицата го изигра на одлично ниво (бонус од него на утакмицава:
БОКСОТ ШТО СИ ГО УДРИ кога утна шанса - ЛЕГЕНДА не сум се смеел одамна така!
)
Красич изигра фантастична утакмица и играч како него немавме одамна во составот, штета што ја утна таа шансата кога сам влечеше и го претрча цел терен - секоја чест мајсторе!
Гледам некои го критикуваат
Дел Нери за замената на Красич, имајте во предвид дека Красич денес претрча еден куп километри, а Јувентус има утакмица во Четврток.
Але малку ме изнервира кога изреагира себично на почетокот кога можеше да му ја подаде на
Кваљарела кој ќе имаше отворен гол за шут, ама ок сакаше да даде гол денеска па му се простува на Капитенот!
Oдамна немаме изиграно ваква утакмица со толку креирани акции и шанси за гол. Штета што резултатот заврши нерешено, со примени ефтини голови. Како и да е живот иде даље! Ако продолжиме да играме со ваков напад и корегирана одбрана верувајте дека резултатите ќе дојдат сами по себе. :wink:
FORZA JUVE!
p.s. Marchisio страшен гол!