Не надевав на победа, ја заслуживме, но тоа е тоа.
Пред се сум задоволен од желбата за победа и за надигрување, одличниот настап на Красич и подобрата игра. Она на што мора да се работи е одбраната. Единствено што вреди е Киело и за него немам зборови. Бонучи е добар, но е далеку од класа. Добар е еден на еден, но кога маркира знае да се изгуби. Третиот гол колку што оди на душа на Де Чеље толку и на Бонучи. Мота денеска кататрофа, игра како да е крило, а не бек. Мислам дека Дел Нери треба да проба можеби и со Ринаудо, Траоре чисто колку да им даде на знаење на горенаведените дека не се незаменливи.
Средниот ред беше солиден. првото полувреме го изиграа лошо, но затоа второто беше фантастично. Се чувствуваше притисок во првиот дел, им „тежеа“ нозете, но во вториот дел се ослободија и го покажаа својот потенцијал. Красич пријатно ме изненади, иако сум негов голем фан не очекував толку добра партија од него, само мора да поработи на реалиазцијата. Пепе исто така изиградобро во второ и мртов озбилен сум дека Пепе има фантастични караткеристики да биде бек. Мело имаше две грешки од кои Сампдорија направија две контри, но за среќа не погодија. Маркизио....?? Голем талент, но неконстантноста му е огромен проблем и доколку не се свести сигурен сум дека Аквилани може комотно да му го земе местото.
Нашата најболна точка. Дел Пиеро денеска беше мизерија. Човекот нема сила во нозете за цел натпревар. Кваљарела изигра солиден натпревар.
Ни фалеше и среќа, промашивме премногу шанси и тоа не кошташе изгубени 2 бода. Се гледа подобрување на играта, но треба уште многу да се работи. Не ми се допадна тоа што во првото полувреме имавме неколку шанси, но и Кваљарела и Дел Пиеро беа себични. Играта ни се сведуваше на индивидуални обиди. За среќа во второто полувреме се сменија работите.
П.С Секоја чест за Касано. Мора да се искористи неговиот фантастичен однос со Дел Нери и да го донесеме во Јуве. Тој е единствениот играч што достојно може да го замени Але, а и стилот на игра е сличен на неговиот.