Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

апец

Јувентус фан
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.083
Поени од реакции
60
Задоволен сум од екипата како одигра во офанзива, но во дефанзивната линија бевме катастрофа, Дефинитивно бековите ни се најслаба алка во тимот, во јануари под итно треба да се ремонтираат и левата и десната бековска позиција. Де Зеље и Мота ни ја уништија денешната утакмица, сите голови беа заради нив примени. Напред со Кваљарела, Красич и Пепе добивме огромна брзина, но со Јакинта и Амаури би биле по опасни заради бројните центаршутеви кои не можеше да ги искористи Дел Пиеро .
 
F

FuckYouAll

Гостин
Не се изнервирав ама ич, има премногу нови играчи и нормално е дека треби некое време за да се уиграат и да се навикнат еден на друг, денеска се виде подобрување во играта и очекувам од натпревар во натпревар да биде све подобра. И помалце со пцуење и колнење. :smir:
 
Член од
13 април 2010
Мислења
368
Поени од реакции
219
Карање за кој лошо изиграл и кој не го заслужува дресот не не водат никаде..... тоа е тоа...
 

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.091
Поени од реакции
2.398
Секој неутрален гледач би сакал ваков натпревар полн со пресврти.Но за жал за нас тоа беше трагично.Првото полувреме игравме слабо без некоја игра,но сепак успеавме да израмниме и покрај водството на Сампдорија и да направиме плус некоја шанса.Во второто полувреме видовме далеку подобра игра на Јувентус со брзи пригрувања и продори по крилните позиции,Красич и Пепе беа на ниво.Многу ми е тешко што не успеавме да победиме,се надевам Дел Нери ги увиде грешките на одбраната и ќе ги исправи во скоро време.Се уште нашата одбрана не е уиграна и ве молам престанете да плукате по Бонучи иако имаше слаб ден сепак тоа се случува и верувам во неговите квалитети.Се надевам дека во скоро време Траоре ќе му земе местото на тоа дрвото Де Чеље,кога го гледам ми се плаче. Во врска со тоа што го пишат некои од форумот дека овој Јуве немал креативност и идеја во играта не се во право,овој Јуве за разлика од минатогодишниот е далеку подобар само прашање на време е и ќе почнат да бележат победи.Позитивно е што сепак има напредок во играта на Јувентус и сега следниот натпревар ни е од Лигата на Европа и добро е што поминаа сега репрезентациите и ќе можат играчите да се концентрираат на игрите во домашното првенство и ЛЕ.
 
С

сашенко

Гостин
Заслуживме многу повеќе од 1 бод.Екипата се подобрува, се гледа дека има работено дел нери со нив.Ама не ми јасно зашто кој тренер и да дојде кај нас мора да прави такви мега потези со измените?Имаме измени за крилните позиции а он ми мења формација во последни 10 минути...не иде тоа така.Следната утакмица очекувам траоре да стартува а за десната бековска позиција страв ме фаќа ако мотта (што го фалевме) не се подобри.Ама не е се до квалитетот на играчите.До вољата е.Како Чезена го победија милан?Да не се поквалитетни?Или херкулес барселона?Знаат да играат добро и мота и Де Чеље ама мора да работи Дел Нери напорно со нив зашто до нова година нема нови.....
 

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.091
Поени од реакции
2.398
За разлика од минатата утакмица играта е далеку подобра,можевме и да победиме на крајот но сепак кога не сака да влезе несака.За 5-6 утакмици ќе можеме да коментираме бидејќи тогаш ќе видиме како се движела формата на играчите,(оние кои имале добри утакмици дали почнале да забушаваат и оние кои имале лоши дали се подобриле).Во моментов треба само напорна работа на тренинзите и се ќе биде во ред,исто и Мота кој денес не се покажа ќе го видиме во следното негово издание,минатата утакмица беше меѓу најдобрите,сепак се случуваат валво флуктуации но да веруваме дека нема да се повтарат често.А и овој тим не е за Скудетото негова цел е да напредува да се подобрува да го оформи играчкиот костур и да заврши колку што може повисоко на табелата.За 2-3 години ќе зборуваме за Јувентус кој нема да биде меѓу фаворитите,туку ќе биде ГЛАВЕН ФАВОРИТ ЗА СКУДЕТОТО.
 

Juve-Fan

campione d'italia 36
Член од
23 март 2010
Мислења
841
Поени од реакции
1.469
За разлика од минатата утакмица играта е далеку подобра,можевме и да победиме на крајот но сепак кога не сака да влезе несака.За 5-6 утакмици ќе можеме да коментираме бидејќи тогаш ќе видиме како се движела формата на играчите,(оние кои имале добри утакмици дали почнале да забушаваат и оние кои имале лоши дали се подобриле).Во моментов треба само напорна работа на тренинзите и се ќе биде во ред,исто и Мота кој денес не се покажа ќе го видиме во следното негово издание,минатата утакмица беше меѓу најдобрите,сепак се случуваат валво флуктуации но да веруваме дека нема да се повтарат често.А и овој тим не е за Скудетото негова цел е да напредува да се подобрува да го оформи играчкиот костур и да заврши колку што може повисоко на табелата.За 2-3 години ќе зборуваме за Јувентус кој нема да биде меѓу фаворитите,туку ќе биде ГЛАВЕН ФАВОРИТ ЗА СКУДЕТОТО.
А зошто не создадоа тим за скудето туку за подобро место од она фамозното ланско 7мо?Алоооооооооооооооо не зборуваме тука за тим од Прдејци, ЈУВЕНТУС е во прашање.Ако сте навикнале новопечените навивачи од пред 2,3 сезони да го гледате ваков јас немам нерви веќе да си се тешам 3,4 години дека секој натпревар ќе ни тргне.Приказни за деца мали, овај тим навистина не е шампионски пред се заради неискусниот тренер и неколкуте чистки "засилувања" кои ги донесовме а за возврат дадовме на поклон еден Каморанези, Трезеге, Диего, Џовинко, Екдал.
Вчера ги гледав Барса и Херкулес и искрено да ви кажам сме премногу слепци што не го зедовме Дренте кој е многу подобар и поевтин од тој Траоре кој е трето сметало во Арсенал.Дренте имаше една асистенција за гол и неколку продори каде беше соборуван буквално од Маскерано.За Трезеге исто можам да кажам дека е грешка заминувањето затоа што 90 мин Трезе идеше напред назат и во одбрана имаше 6,7 интервенции, иако не постигна гол одлично одигра и како мал - можам да му го споменам зицерот на 2-0 за Херкулес.

И не заборавајте, пред 2 години бевме втори и се надевавме дека со неколкуте засилувања како Диего и Мело ќе го донесат тој потребен квалитет за 1 место, но со неискусниот Чиро отиде све у п.м.И тука почнавме со приказните дека Диего нечинел ,Мело бил камен, Гросо, Канаваро дрва,Амари труп и така сите барем по еднаш најмалку ги исплукавме а очигледно е дека не е до играчите туку дека смрди нешто внатре.Заврши што заврши сезоната на "одличното" 7мо место и наредната сезона побаравме драстични промени со надеж дека ќе бидеме барем место погоре од ланското :kesa: и го донесовме Дел Нери да не вади и реди успеси како со Киево:kesa:
Мое мислење е дека имаме слаб тренер како годинава така изминативе 3 сезони а Дешамп нормално како и Диего и компан. која ги наброив ги набркавме за да овие првите кои ги напоменав не направат подобри од она 7мо место, поточно бидеме како Киево и го освоиме одличното 4то место.

ОВА НЕ Е МОЈОТ ЈУВЕ!!!ГО САКАМ ОД СЕ СРЦЕ АМА ОЧИГЛЕДНО НЕКОЈ ГО ВОДИ ДО ПРОПАСТ А ЗА ТОА ИГРАЧИТЕ СЕ НАЈМАЛКУ ВИНОВНИ.
Поздрав Forza JUVE!!!
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.024
Поени од реакции
5.637
Красич и Мело имаат највисоки оценки за прикажаните перформанси на денешниот натпревар.
Milos Krasic 7.5
Man of the match for Juventus. His pace, passing, and dribbling were superb. Got one assist and started the move for the second goal.
Felipe Melo 7.0
The Brazilian was the main winner of the midfield battle for large portions on the contest. A couple lapses in concentration, but otherwise he did everything asked of him by Del Neri.
Дел Пиеро исто така го пофали Красич за денешните перформанси.линк

Марота:

You have to have patience because this is a year of renewal, we purchased twelve players and six of these were in the field today, so there is no magic wand that can solve a growth process. What I can guarantee,is the commitment and attachment to a shirt, a great sense of belonging that players need to have when they go on the field.
„Морате да имате трпение,бидејќи ова е година на обновување.Ние ангажиравме 12 играчи,а 6 од нив беа на теренот денеска, па нема магично стапче кое може да го прескокне процесот на растење.Она што можам да го гарантирам, тоа е припадноста и посветеноста на дресот,големо чувство на припадност кое играчите мора да го имаат кога ќе влезат на теренот.“
Yes, I am happy because I saw that the feeling among the people and players are really strong and this certainly bodes well for them and for us. I must also say that knowing you are not yet at the top. Krasic Above all, however, that today proved to be a great player, in my opinion is still 60-70% of its potential.
„Јас сум среќен бидејќи јас го видов тоа дека поврзаноста меѓу навивачите и играчите е вистински силна и ова сигурно е добар поттик за нив и за нас. Јас морам да дадам дознаење дека играчите сеуште не се во топ форма. Красич,покрај се, денеска прикажа дека е голем играч,но мое мислење е дека тоа е само 60-70% од неговиот потенцијал“
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom