А што има везе за журка како функционираат другите денови ако на тоа мислеше. Кој сака да иде ќе иде. А плус за тоа што имаше без пари влез до 12 и карта у вредност на пијачки тоа беше супер. Ако нема народ на некој од журкиве тоа е зашто народов се пошабани. Мада на сите шо бев мене таман ми беше.
Друже, со тоа Бабура и Боби мислев на тоа дека ако вечерта пуштаат овие двајца или пак Сандер Ван Дорн клубот ќе го направи истиот промет, односно овие првиве се 50 пати поевтини, а ќе донесат иста пара како и вториов, капиш?
Оваа сезона е една од најслабите по посетеност на клубот, а тоа најверојатно се должи како што пишав пред некој пост на се поголемото сељачење односно шабанеризирање на младината.
Што мислиш зошто на 90% од журките влезот беше бесплатен од 23ч до 24ч? Бидејќи нема живо пиле друже, па бесплатниот влез е една од причините колку-толку да се покријат трошоците, односно секој што ќе влезе гага планира да испие барем една пијачка што не е случај ако истиот тој и си плати карта, немој да мислиш дека бесплатниот влез е бидејќи газдите многу не сакаат
Спореди ги журките на Dubfire од пред 3 години и од оваа година, тогаш немаше игла кај да падне, а сега комотно можеше фудбал да се игра. На SVD беше иста приказна, подиумот солидно пополнет, а од страна празно. Да не правам муабет за журките што беа годинава во зимскиот клуб, па на Jerome Isma-AE со бесплатен влез преку сила имаше 200 луѓе внатре, жално...
Да се разбереме, штета е што народот и младината како што кажав се пошабанеризираа, наместо да одат да слушаат квалитетна музика без разлика дали е тоа транс, техно, хаус, днб, рок или прогресив, тие се "венчаа" за Аца Лукас и цела слична српска бљувотерија.