Се што се модифицира, главно во Исламот, е не-Исламски!
За разлика од Христијанството кое претрпело многу промени, на крај победоносната кохезија меѓу карактерите на источњачкото мислење и дејствување, и на западњачкото, т.е. Римското и Грчкото, кулминација, денес Христијанство! Не им се промени начинот на живеење, туку само Богот, кој ако не се вика Дионис(распнатиот), ќе се вика Христос Распнатиот.
Тука е разликата, наметнувањето се сведува на минимум. Некои ќе кажат дека се менува суштината со тоа, јас викам се менува само формата! Подоцна се менуваат сите онтолошки постулати, но тоа е веќе нус појава на некои лоши интерпретатори.
За разлика од тоа, исламот, кога претрпувал измени, секогаш се анатемизирал, се екскомуницирал, се претоврал во ерес. Нешто што најмногу може да парира на христијанството и будизмот и на сите космички вредности, зборувам за позитивните, е Суфизмот, кој во себе ги интегрира сите останати позитивни елементи, било аксиолошки, било етички, морални, општествени, семејни итн. Но денес Муслиманите го нарекуваат суфизмот како плод на ХРИСТИЈАНСТВОТО!
Албанците па и Бошњаците во Балканот, го примиле Исламот, но не ја примиле неговата суштина, само формата! Така, албанците како потомци на
Илирите кои важеле за луѓе кои се тетовирале, продолжиле да се тетовираат, нешто што останало во колективната меморија, иако тоа е забрането според моралот и етиката на Исламот, и уште многу останати моменти... Едноставно не можеле да ги откажат тие стари, исконски, за нив генетски вбризгани културни вредности.