Меѓународно движење против промена на името

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Милошоски во писмо до Бан Ки Мун ги открива отстапките што Македонија ги направила во спорот
Македонија прифатила неколку предлози од медијаторот Нимиц – во писмо кое министерот Милошоски го испратил до Бан Ки Мун пред десет дена во обид да ја претстави македонската конструктивност во спорот со Грција,тој открива детали за отстапките кои досега ги направила македонската страна.

Прифатени се предлози кои требало да бидат основа за новото име и ставени на референдум.Меѓу нив и Република Македонија - во заграда Скопје, име што Македонија го прифати пред Самитот на НАТО во Букурешт во март 2008-ма.Ова е прв пат министер да признава дека вакво име било прифатено –Грција го одби....


Писмото на министерот објавено на официјалната страна на Обединетите Нации е контра реакција на писмото на грчкиот министер за надворешни работи Друацас кој во ноември минатата година го испрати до генералниот секретар Обединетите Нации.Друцас тогаш остро ја критикуваше Македонија за непопустливост и за ширење на антиквизација со што ја нарушува историјата на самите Грци.


Но, што друго нотирал Милошоски во писмото?

Македонија била принудена и прифатила, симболот сонце од Вергина да не биде изгравиран на лавовите поставени на мостот Гоце Делчев.Отстапката е направена по реакција на грчката канцеларија за врски во Скопје, во ноември лани.Нивниот аргумент бил дека со ова Македонија го крши членот 7 од привремената спогодба од 95- та. Тогаш лавовите уште не биле поставени, па симболот воопшто не бил поставен.

За разлика од Македонија, стои во ова писмо, Грција ниту еднаш не направила некаква отстапка, напротив стои на ставот дека има црвени линии во спорот, име со географска одредница.Милошоски разјаснува дека македонската страна е таа која иницирала повеќе средби и потегнува спорот на двете земји да биде што поскоро решен.

-Среќни сме што неодамна беше закажан состанок со вашиот личен пратеник кој се одржа на 9 февруари и со нетрпение го очекуваме следникот круг на разговори- пишува Милошоски во писмото.


Ѓорги Томиќ


http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=71873

Браво, само тоа можам да го кажам.
 
Браво, само тоа можам да го кажам.

За што браво ?
За писмото па сите знаеме дека ние од деведесет и некој само попуштаме што мислиш ти дека бан ки мун не знае или другите светски лидери
или браво што сме прифатели РМакедониа во заграда скопје ?
Море само да дочекаме пресудата во хаг и автоматски прекин на преговорите и барање пред ООН и крај
 
[video]http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=57&eventId=34301&page[/video]

[video]http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=57&eventId=34333&page=[/video]

Не е на арно работата :nenene:
 
[video]http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=57&eventId=34301&page[/video]

[video]http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=57&eventId=34333&page=[/video]

Не е на арно работата :nenene:

Не е на арно,лошо е... Ама подобро и има ли ?? Мора да се стави крај, не гази времето, во иднина можеме да добиваме само полоши предлози.. најбино е што РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА останува,едно до друго,лошо би било да има додавка измеѓу..
Да не ме сватиш грешно, секоја промена е лоша и боли, ама види што се дешава, колку Македонци у заграда Македонци зимаат бугарски пасош само ради таа проклета европска унија, и го продаваат својот идентитет.. Тоа е уште полошо
 
Ние одлучивме да го прифатиме и да го ставиме на референдум. Ние одговориме дека немаме мандат, ниту јас како премиер, ниту Владата, самите да донесеме одлука дали треба или не треба да се смени името. Одлучивме да го прифатиме тој предлог како предлог кој може да се стави на референдум за граѓаните да оценат дали тоа е или не е добар предлог - изјави Груевски.

Ова е клучното.
Се додека Македонскиот народ не одлучи за промена на името, ниедна власт нема право да го направи тоа во името на народот!
 
Македонската позиција околу последниот предлог на медијаторот Нимиц за името е усогласена и зад неа стојат сите политички фактори.


Сите партии застанале зад новата платформа што произлегува од неколкудневните консултации, но никој од државно-владиниот врв нема да изнесува детали кои прво ќе му бидат соопштени на медијаторот.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=90037


Премиерот Груевски ја отфрли можноста, која било политичка партија да решава за промена на уставното име.

„Кога е во прашање уставното име како цена на пазарење за влез во НАТО и ЕУ, не може самостојно да одлучуваат политичките партии, ниту тие што се на власт, ниту заедно со политиката опозиција“, изјавил Груевски во Битола.


Македонската позиција околу последниот предлог на медијаторот Нимиц за името е усогласена и зад неа стојат сите политички фактори.


Сите партии застанале зад новата платформа што произлегува од неколкудневните консултации, но никој од државно-владиниот врв нема да изнесува детали кои прво ќе му бидат соопштени на медијаторот.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=90037


Премиерот Груевски ја отфрли можноста, која било политичка партија да решава за промена на уставното име.

„Кога е во прашање уставното име како цена на пазарење за влез во НАТО и ЕУ, не може самостојно да одлучуваат политичките партии, ниту тие што се на власт, ниту заедно со политиката опозиција“, изјавил Груевски во Битола.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=0&EditionID=1352&ArticleID=87539
 
Абе многу чудна работа.Медиумиве на Велија цело време зборуваат дека ете патриотите прифатиле промена на името во 2008-ма.Никој не се прашува зошто Гејциве одбиле???
 
Не може да се двои името за меѓународна употреба од уставното име.

Тоа е фактички уставното име напишано на странскиот јазик кој е во службена употреба во дадена меѓународна организација или форум.

Со прифаќање на некакво „меѓународно“ име проблемот не се решава, туку се префрла на идните генерации.

Сé додека нема нова резолуција на СБ, референцата останува во сила за употреба во органите на ОН.
Прашањето за нејзината употреба конечно и формално правно ќе се затвори на начин на кој и се отвори - со нова резолуција, која ќе ја замени Резолуцијата 817 од 1993 година.

Но претходно, по окончувањето на разговорите за разликите околу името, ќе треба македонските државни власти да заземат став за името за меѓународна употреба што не може да биде различно од уставното. Такво овластување едноставно не поседуваат.

Што се однесува, пак, до СБ на ОН, и ова тело не утврдува имиња за меѓународна употреба на земјите-членки.

Со други зборови, Македонија не смее да си ја дозволи лажната дилема да преговара за „решение“ на прашањето за името, кое после нема да може институционално да го спроведе, без непосредни интервенции во Уставот, прашање за кое, се разбира, постои консензус во Македонија дека е апсолутно неприфатливо.

Авторот е универзитетски професор и поранешен амбасадор
Автор: Владимир Петковски
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=210101051305&id=13&setIzdanie=21906
 
Jas da bev Makedonec, a vo edno i znacaen politicar, odma ke gi prekinev pregovorite so Grcija...

Ama od druga strana pak znam deka Makedonija mora nekako da se integrira barem vo NATO...

Za Makedonija ne e tolku potrebno EU,kolku sto e potrebno NATO...

Prokletni Grci, barem vo NATO da ne bea....:tapp:

 
Протестно писмо до амбасадорот на Нивната Унија - Delegation-FYRMacedonia@ec.europa.eu

Господине амбасадор на Вашата Унија во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,

Ние граѓаните на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА забележавме дека во сите ваши обраќања за медиумите досега, упорно го избегнувате и НИТУ ЕДНАШ не го спомнавте името на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - земјата во којашто се наоѓате и во којашто ќе ја извршувате функцијата амбасадор на Вашата Унија. Доколку причината за тоа е поради проблеми со изговорот, тогаш ние граѓаните на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и сите МАКЕДОНЦИ ширум светот, ви порачуваме да побарате стручна помош кај логопед. Доколку пак причината за тоа е грчкиот платен список тогаш ви порачуваме дека порано или подоцна и вие ќе бидете откриени и разобличени исто како и вашите колеги од парламентот на Вашата Унија.

Сакаме да ви укажеме дека каков што ќе биде вашиот однос кон нас и кон нашата земја, исто таков ќе биде и односот на нас - граѓаните на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА кон вас и кон Вашата Унија. Колку што ќе ја почитувате РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, нејзиното име, историја, култура и идентитет исто толку и ние граѓаните на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ ширум светот, ќе ве почитуваме вас. За жал засега не успеавте да ја заслужите нашата почит, се надеваме дека во иднина ќе се потрудите повеќе. Во спротивно ќе бидеме приморани да се жалиме и на вашите претпоставени од Вашата Унија.

Без почит,
граѓанин на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 
^ Кај е ова со Тони?


Плоштад Пела 27.03.2008

makedonijazasekogas.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom