- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Милошоски во писмо до Бан Ки Мун ги открива отстапките што Македонија ги направила во спорот
Македонија прифатила неколку предлози од медијаторот Нимиц – во писмо кое министерот Милошоски го испратил до Бан Ки Мун пред десет дена во обид да ја претстави македонската конструктивност во спорот со Грција,тој открива детали за отстапките кои досега ги направила македонската страна.
Прифатени се предлози кои требало да бидат основа за новото име и ставени на референдум.Меѓу нив и Република Македонија - во заграда Скопје, име што Македонија го прифати пред Самитот на НАТО во Букурешт во март 2008-ма.Ова е прв пат министер да признава дека вакво име било прифатено –Грција го одби....
Писмото на министерот објавено на официјалната страна на Обединетите Нации е контра реакција на писмото на грчкиот министер за надворешни работи Друацас кој во ноември минатата година го испрати до генералниот секретар Обединетите Нации.Друцас тогаш остро ја критикуваше Македонија за непопустливост и за ширење на антиквизација со што ја нарушува историјата на самите Грци.
Но, што друго нотирал Милошоски во писмото?
Македонија била принудена и прифатила, симболот сонце од Вергина да не биде изгравиран на лавовите поставени на мостот Гоце Делчев.Отстапката е направена по реакција на грчката канцеларија за врски во Скопје, во ноември лани.Нивниот аргумент бил дека со ова Македонија го крши членот 7 од привремената спогодба од 95- та. Тогаш лавовите уште не биле поставени, па симболот воопшто не бил поставен.
За разлика од Македонија, стои во ова писмо, Грција ниту еднаш не направила некаква отстапка, напротив стои на ставот дека има црвени линии во спорот, име со географска одредница.Милошоски разјаснува дека македонската страна е таа која иницирала повеќе средби и потегнува спорот на двете земји да биде што поскоро решен.
-Среќни сме што неодамна беше закажан состанок со вашиот личен пратеник кој се одржа на 9 февруари и со нетрпение го очекуваме следникот круг на разговори- пишува Милошоски во писмото.
Ѓорги Томиќ
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=71873
Браво, само тоа можам да го кажам.