T
Tetro
Гостин
Бан Ки Мун повикува на искрен дијалог и побрзо решение за името
Спорот за името е долготраен и несреќно влијае врз билатералните односи и врз целиот регион и затоа треба да се раши што е можно побргу, изјави во Берлин генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун. Не oдговори на прашањето дали Метју Нимиц ќе стави на маса нов предлог и дали е време во преговорите да се вклучи и ЕУ, но истакна дека уште еднаш ќе разговара и ќе ги охрабри и медијаторот и страните во процесот искрено да се вклучат во дијалогот, јави Дојче веле на македонски јазик.
- За ова прашање се дискутира преку мојот личен застапник г. Нимиц, кој ги води разговорите со засегнатите страни. Овој спор со името е долготраен и несреќно влијае врз билатералните односи и секако врз целиот регион. Затоа сакам да подвлечам дека ова прашање треба да се разреши колку што е можно поскоро. Од моја страна ќе направам се’ што можам. Најпрво уште еднаш ќе разговарам и ќе го охрабрам мојот личен застапник, но и засегнатите страни, грчката и владата на ПЈРМ искрено да се вклучат во дијалогот, рече генералниот секретар Бан Ки-мун по синоќешната средба во Берлин со германскиот претседател Кристијан Вулф.
Македонско-грчките разговори за името под покровителство на ОН, по пауза од една година, треба да продолжат во Њујорк на 9 февруари, кога медијаторот Метју Нимиц ќе се сретне со претставниците на двете земји Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.
http://www.abctv.mk/aaaa/AB KANAL/stranici/VESTImakedonija5.html
Ако сака модератор нека ја спои веста со некоја тема каде ќе одговара.