Меѓународно движење против промена на името

Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Преведувачот на Гугл вака преведува
Nema nisto sporno vo prevodot, no toa go opfakja samo websajtot i nivnite imenuvanja na linkovite, koj ednas go pokazuvat stariot Dokument so EJRM aka FYROM i ednas so novata terminologija "mazedonische Regierung" "makedonska vlada"

nema priznavanje, i ako samiot bi sakal da e taka

eve original,

http://www.bundesrat.de/cln_152/SharedDocs/Drucksachen/2010/0501-600/523-10,templateId=raw,property=publicationFile.pdf/523-10.pdf

nitu Fyrom nitu R.Makedonija
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.759
Поени од реакции
12.220
МПЦ ДЕЦИДНО ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА

Поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан очекува Севселенскиот патријарх Вартоломеј да помогне во решавањето на спорот меѓу МПЦ и Српската православна црква. Во штипската населба Ново Село, каде што денеска се одржа Семакедонски црковно-народен собор по повод Празникот на македонските светители, тој за медиумите ја коментираше изјавата на патријархот Вартоломеј дека ќе дојде во Македонија кога ќе се реши „малиот спор на двете цркви МПЦ и СПЦ“.
- Верувам дека е така и очекуваме самиот вселенски патријарх Вартоломеј да помогне онака како што доликува на вселенски патријарх, зашто проблемот на едно место на црквата е проблем за сета православна црква, рече г. г Стефан.
Тој додаде дека односите помеѓу МПЦ и СПЦ не зависат од временските прилики, колку што зависат од меѓучовечките односи на раководните луѓе во двете цркви.
На новинарско прашање, г.г. Стефан одговори дека МПЦ не испратила делегација на устоличувањето на српскиот патријарх Иринеј, што денеска се одржува во храмот „Свети апостоли“ во Пеќката патријаршија.
Во врска со беседата на митрополитот на Повардаската епархија г. Агатангел на денешниот собор во Ново Село, во која тој бара од политичарите и граѓаните да не дозволат промена на името на државата, поглаварот на МПЦ г.г. Стефан рече дека е повторен ставот што Црквата го искажала и во други пригоди.
- Последниве неколку години нема послание на Синодот или пригода кога требало да се каже, секогаш се велело дека името на Македонија, името на Република Македонија, името на Македонската православна црква не треба да дозволиме да се менува, изјави г.г. Стефан.

- Јас не можам да кажам дека тоа е став на МПЦ, тоа е мој, личен став и како архипастир на нашата света македонска црква секојпат на сите божествени литургии го повикувам македонскиот народ, ги повикувам сите граѓани кои живеат во Македонија да не се откажуваат од светото македонско име. Доколку дојде до гласање, да кажат „не“, нема промена на името, на нашето древно македонско, рече г. Агатангел, надоврзувајќи се на истото прашање во врска со спорот со Грција.

Тој додаде дека должност е одбраната на земјата и името бидејќи, како што рече, името е дадено од Бога и над 70 пати во Библијата се спомнуваат Македонија, Македонец и македонски.
Агатангел нагласи дека за спорот помеѓу Грција и Македонија не било разговарано во Синодот на МПЦ и оти изјавата е негов личен став.
Колку што сум следел како Вартоломеј се однесува кон Македонија, не сум сигурен дали ќе помогне...тој не го изговара името на нашата Македонија.


Вартоломеј: Ќе дојдам кога ќе се реши спорот меѓу СПЦ и МПЦ

Во Истанбул Вељановски претходно имаше средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Пречекот беше срдечен, но патријархот воздржан во својот говор. Вашата земја, а не Македонија - вака им се обраќаше на своите гости.
Писмо на Бучковски до Вартоломеј
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
А за Вартоломеј... што папа да не е?

Нашата црква е укината со декрет од Муслиманска сила! Тоа значи дека ние како православни имаме право да си ја повратиме без некој да не признава.

Ако Вартоломеј сака да изиграва папа, нема проблем, ама има канони што не му го дозволуваат тоа.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Потатарената будала Антонио Милошоски дал интервју за Зидојче Цајтунг во кое зборува за можна промена на името.:uvo:


Но, што тогаш би било можен компромис за кој зборувате?

- Ова е и за нас многу емоционално прашање и за негово решавање мора да се добие согласност од јавноста на референдум. Според последните испитувања на јавноста, 67% од неселението отфрла било каква промена на името, а само 24% се флексибилни.

Значи изнаоѓањето на решение ќе биде многу тешко.
- Но, не и невозможно, кога политичките елити, Владата и опозицијата ќе бидат во таквото решение убедени. Ние ги плаќаме трошоците околу спорот и ние сакаме истиот да се надмине.

Од НАТО Самитот во ноември не очекувате некаков сигнал?
- Не, но имаме еден предлог. Кога ние би направиле голема национална отстапка со цел да ги отпочнеме преговорите со ЕУ, мораме да бидеме сигурни дека Грција нема повторно да не блокира по четвртото или десеттото поглавје. Затоа, треба двата процеси паралелно да се одвиваат, така што дури по официјалниот прием на РМ во ЕУ би важело новото име. На тој начин, можеме да ја надминеме недовербата во целиот случај. .......

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0F3AF40CEB710F4CBA130C72FE5104A8
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Misirkov: dali statijava na Vecer e povrzana so doagjanjeto na teta od Amerika utre vo Kosovo, Belgrad i Bosna , no ne i kaj nas ????/
po se izgleda deka E. Za ova pishuvaat gejcite - navodno oni ja imaat podrshkata od SAD, a tetkata treba da ne* pritisne nas okolu prifakjanje na prinudnoto ime koe gedaat po sekoja cena da ni go zalepat:

http://news.kathimerini.gr/4dcgi/_w_articles_politics_1_10/10/2010_418181
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Анкета :Мнозинството не поддржува промена на името






На барање на институтот Димитрија Чуповски, Институтот за политички истражувања спроведе анкета на јавното мислење во врска со повеќе актуелни политички прашања врз репрезентативен примерок од 1110 испитаници.

Резултатите од анкетата се :


1. Ако следната недела се одржи референдум за влез во НАТО како би гласале?

 За 81,4%
 Против 11,3%
 Не знам/ немам одговор 7,4%

Според етничката припадност:

Македонци:
 За 77,6%
 Против 13,4%
 Не знам/ немам одговор 9 %

Албанци:
 За 92,6%
 Против 5,2%
 Не знам/ немам одговор 2,2%

Други:
 За 81,6%
 Против 7,9 %
 Не знам/ немам одговор 10,5%




2. Ако следната недела се одржи референдум за влез во ЕУ како би гласале?

 За 81,5%
 Против 11,9%
 Не знам/ немам одговор 6,6%

Според етничката припадност:

Македонци:
 За 77,7%
 Против 14,3%
 Не знам/ немам одговор 8 %

Албанци:
 За 92,9%
 Против 5,2%
 Не знам/ немам одговор 1,9%

Други:
 За 81,6%
 Против 7,9%
 Не знам/ немам одговор 10,5%


3. Доколку сите парламентарни партии вклучувајќи ги СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ поддржат одреден предлог за промена на името со цел земјава да стане членка на НАТО и ЕУ, дали вие таквиот предлог би го поддржале на референдум?

 Да 14,5%
Не 72,7%
 Не знам/ немам одговор 12,8%

Според етничката припадност:

Македонци:
 Да 14,4%
 Не 73,6%
 Не знам/ немам одговор 12 %

Албанци:
 Да 25 %
 Не 50 %
 Не знам/ немам одговор 25 %

Други:
 Да 15 %
 Не 55 %
 Не знам/ немам одговор 30 %


http://alsat.mk/vesti/zemja/1397466.html



Ме изначуди Алсат што скоро и да се единствени со објективен поглед на анкетиве.Сите други се некако филтрирани.За Време А1 и остало имање на велија не треба да спомнувам.Еве дел како се извртуваат работите



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2141&ArticleID=149845
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=128429


Пазете го текстот на А1:


Резултатите го отвораат прашањето - дали ова значи дека граѓаните посакуваат брз компромис за името, ако се има предвид дека тоа е главниот услов за членство?


Е ајде како да не ги пцуеш сега.Каде го видоа тоа дека граѓаните посакувале промена на името!!!!!!!!!!!!!!!
Се гледа што одговараат граѓаните кога ќе ги запрашаат дали сте за промена на името:


Не 72,7%


Поради ова и се палат одма кога некој ќе рече - треба да се протераат ПРЕДАВНИЦИТЕ!!!!! (се наоѓаат во реченицата)

 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
3. Доколку сите парламентарни партии вклучувајќи ги СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ поддржат одреден предлог за промена на името со цел земјава да стане членка на НАТО и ЕУ, дали вие таквиот предлог би го поддржале на референдум?

 Да 14,5%
Не 72,7%
 Не знам/ немам одговор 12,8%

Според етничката припадност:

Македонци:
 Да 14,4%
 Не 73,6%
 Не знам/ немам одговор 12 %

Албанци:
 Да 25 %
 Не 50 %
 Не знам/ немам одговор 25 %

Други:
 Да 15 %
 Не 55 %
 Не знам/ немам одговор 30 %

http://alsat.mk/vesti/zemja/1397466.html
Ако е вистина второто болдирано е феноменално бидејќи би значело внатрешна фузија ама некако не ми се верува да е толку оптимистички :raz:.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Од ќор-сокаков може да се излезе само со наша офанзива


Треба недвосмислено да се стави на знаење максимумот до кој можеме да одиме и да се нагласи дека ако не сме прифатливи како Македонци за НАТО и за ЕУ, решение за проблемот нема и одговорноста не е наша




1. Апсурдно е кога си присилен свое да нудиш, без да знаеш дали и што ќе добиеш за возврат. Не е пријатно да се изложуваш на ризик нешто да загубиш, без сопствен избор. Во нашиов случај, правилото е: што еднаш ќе понудиш како концесија, станува појдовна линија за барање дополнителни отстапки... Така е кога (мора да) се избира меѓу две зла.

2. Многу елементи од ќор-сокакот, во кој сме доведени со блокадата на нашите евроинтеграции, говорат дека за промени во ставот на Брисел - мораме самите да се избориме. Нема реални изгледи ниту НАТО, а уште помалку ЕУ да се предомислат и да нé прифатат со референцата. Тоа би значело признавање пораз, што е наивно да се очекува. Добро е што инсистираме на Привремената спогодба, ама тоа е задоцнета реакција. Според ставовите на Вашингтон и Брисел, само презентирање на разработен модел за излез од ќор-сокакот, може да ги прекине блокадите.

3. Ако не се предложи конкретен, нов патоказ за излез, тој и понатака ќе се бара во рамките на грчката црвена линија. Како и досега. Грчката позиција има многу слабости кои ние не ги оспоруваме, а начелните критики кои им ги упатуваме се безвредни и дури контрапродуктивни (Василакис). Преку презентирање на конкретен предлог за излез, треба да се покаже дека (добар дел од) нивните ставови се - неосновани, нелегални... Неиздржани.

4. Како и во 1994 година, и со оваа блокада Грција направи пресврт и максимално ја зајакна својата позиција во спорот. Во споредба со сегашниве ултиматуми, Привремената спогодба, која ја прекина првата блокада, и не беше лоша.

5. Ние сме на потег и поради економската криза на југот. Атина долго нема да биде заинтересирана за затворање на спорот. И - барањата ќе бидат максималистички. Секое решение, освен наше откажување од македонскиот национален идентитет, ќе предизвика експлозија од незадоволство во Грција. Никој нормален политичар тоа доброволно не би го направил, вклучувајќи го и Папандреу.

6. Нашите обиди треба да се преземат само преку тајни дипломатски канали. Треба недвосмислено да се стави на знаење максимумот до кој можеме да одиме и да се нагласи дека ако не сме прифатливи како Македонци за НАТО и за ЕУ, решение за проблемот нема и одговорноста не е наша.

7. Во напорите за барање на излез од ќор-сокакот своја улога треба да имаат што поголем број политички субјекти и, особено - опозицијата. Таа треба да биде консултирана и по можност придобиена, согласно условите за тајност.

8. Решение што не нé доведува во прашање како народ, а тоа значи дека не ги загрозува нашите стратегиски интереси, а ги задоволува јавните грчки барања - има. „Јавни“, бидејќи зад нив има и скриени цели, кои се далеку од умот. Наша должност е да го афирмираме тоа што би можело да се проголта и да се избориме тоа да се реализира. Со презентирање на наш модел за излез би се игнорирале и вистинските грчки аспирации, кои се сведуваат на елиминирање на македонскиот национален идентитет, надвор од Грција. Затоа, одлучно мора да се одбие секаква додавка пред името Македонија. Моментот за една ваква офанзива е созреан, а моментумот нема уште долго да трае.

9. Излезот мора да се бара преку - додавка, која нема да влијае на името на државата и, преку него, на националниот идентитет на народот. Само да ја потврдува нашата географска локација, дека сме дел, а не целиот регион Македонија, на што инсистира другата страна.

10. Паралелно, мора да се одбегне севкупната употреба на решението, за која нема никаква основа во документите на ООН. Тоа беше измислица на Нимиц, која нé обврзува. Решението не би вклучувало ни некаков пакет, што би му дало поинаква, неприфатлива димензија на проблемот. Ваквиот наш приод во целост би ги исполнувал сите барања од документите на СБ на ООН и не би имало никаква легална основа да се бара што било повеќе.

11. Мора да се инсистира договореното решение да стапи во сила во моментот на нашиот прием во ЕУ. Оваа идеја на Европската иницијатива за стабилност од Виена е апсолутно релевантна. Тоа би го оневозможило понатамошното попречување на процесот за прием, кое другата страна може да го прави со секој сегмент од преговорите (кои ги има преку 30). Така би се гарантирала и ратификацијата на нашиот прием, во грчкиот парламент. Без тоа, сé друго би било залудно.

12. Ако ништо не преземеме, проблемот ќе се одолговлечи, со сите неизвесности што следат. Нашата подготвеност за одредени отстапки нема да гарантира успех, ама целосно ќе ни ја промени позицијата. Ако не се успее, веднаш ќе треба да се запознае светот со нашите тајни дипломатски напори, за да се види дека ги искористивме сите механизми да се дојде до решение. Потоа, логично, ќе мора да следат најрадикалните чекори - прекинување на учеството во мисиите на НАТО, излегување од процесот на Нимиц...

13. Тоа, сепак, нема да биде потребно бидејќи нашите обиди целосно ќе го променат односот на силите. Вашингтон и Брисел сигурно нема да дозволат радикализација на проблемот, бидејќи тоа би бил нивни неуспех. Тие ќе бараат прифатливо решение на нова основа, поволна за нас. Притисокот ќе се насочи према Атина.

14. Мораме да бидеме свесни дека решавањето на проблемот со името ќе бара наши концесии. Прашањето не е дали нешто ќе мораме да жртвуваме, туку што и колку. Наша задача е сето тоа да го намалиме на минимум и да не ги доведеме во прашање идентитетот на народот, неговиот јазик... Друг излез - нема! Правда ниту имало, ниту (наскоро) ќе има.

15. Според бројни показатели, дојден е моментот кога мораме сопствената судбина да ја земеме во свои раце и одлучно да тргнеме во офанзива. Ако сакаме да успееме.

Авторот е поранешен амбасадор

Автор: Ристо Никовски

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=101510107464&id=13&setIzdanie=22108

Vo pravo e Nikovski...potrebna e nasa inicijativa, osobeno sega, koga Grcite imat problemi od site strani...
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Движење?! :pos2:јас не гледам никакво движење кај нас
ова може да се нарече токму така - http://taxalia.blogspot.com/2010/10/blog-post_361.html - труење по телевизии, нет, форуми...
или ОВА- http://www.augoustinos-kantiotis.gr/?p=10693- читајте го посебно делот за АРАПИЦА - каде повеќе од 10 пати викаат НАШАТА МАКЕДОНИЈА :nerv::nerv: , а не ко овде негирање и плукање по самите себеси ....
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Измислицата "провинција Македонија" е производ на западните медиуми, а не реалноста, со цел да се опише егејскиот дел од Македонија (денешна северна Грција), кој беше анексиран од страна на Грција.

Во 1993 година името на меѓународниот аеродром во Солун беше сменето од “Микра“ во аеродромот "Македонија“. Времето одбрано за менување на името на аеродромот не е случајност овде, тоа беше само една година откако Република Македонија ја прогласи својата независност.

А пред само две години, во 1990 година на Техничкиот факултет за индустриски науки во Солун беше преименуван во "Универзитет Македонија Економија и социјални науки".

Ова не’ носи кон заклучокот дека пред 1988 нема употреба на името Македонија како регион во Грција, дека ова е измислица, и дека Социјалистичката или НР Македонија беше прва официјална страна која го користи како официјално име - Македонија и македонски, не Грција.
Извор
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Харалд Кочи: Грција го крши меѓународното право и ги нарушува сите начела на добрососедски односи

Во согласност со меѓународното право, суверено право на една држава е да си го избере сопственото име. Ниедна држава нема право да се меша или да бара друга суверена држава да користи одредено име или да го измени постоечкото име. Оттаму, позицијата на Република Македонија да го задржи своето име е целосно подржана од меѓународното право.

Ова го истакнува Харалд Кочи, поранешен амбасадор на Австрија во Македонија и експерт за Балканот во интервју за програмата „Гласот на народот“.

Според него, со блокирањето на интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ, Грција јасно го крши меѓународното јавно право и ги нарушува сите начела на добрососедски односи.

- Зборувајќи во терминологија на национално право, според моето лично мислење, грчката политика кон Македонија може на некој начин да се спореди со уценување, вели Кочи.

Тој смета дека македонската дипломатија не ја искористила можноста да ги убеди останатите земји-членки да престанат да ја подржуваат Грција во спорот со името, кога речиси сите беа шокирани и лути од грчкото мамење во однос на еврото.

- Но, правната позиција е една работа, спроведувањето во реалноста е другата страна на медаљата. Ова е резултат на политика, посебни интереси и последно, но не и неважно, силата, изјави Кочи.

За аспирацијата на Макеоднија з ачленство во НАТО, авсрискиот амбасадор вели: - „Никогаш не ми беше јасно, што се крие зад амбицијата на македонското лидерство да се внесе Македонија во Алијансата. НАТО беше витална организација за меѓусебна заштита против комунистичкиот блок. Но, повеќе од 20 години по падот на Берлинскиот ѕид, оваа воена алијанса го изгуби ова едно и единствено право да постои. Дури и полошо, НАТО прерасна во алатка на САД за да и служи на нејзините интереси за голема моќ. Погледнете ги Ирак или Авганистан. Членството во НАТО е многу скапо. И што се однесува до материјалниот, но и до човечкиот фактор. Секоја членка мора да ги изгради и да ги одржува своите воени сили на ниво на НАТО, за што се потребни огромни финансиски средства“.

Во врска со приемот во ЕУ, тој смета деја треба да се земат сите позитивни и негативни аспекти кога ќе дојде денот на одлука за целосно членство. Според него, Македонија не треба да брза туку да чека да види што ќе се случи.

- Република Македонија живее во моментов во многу удобен свет – со Договорот за стабилизација и асоцијација на неодредено време и со неодамнешната визна либерализација Македонија ги ужива повеќето предности и позитивни страни на едно членство во ЕУ без да мора да се откаже од многу работи. Можеби како целосен член, државата ќе добие поголема финансиска поддршка за развој, но цената е загубата на суверенитетот. Загуба од многу повисок степен отколку загубата при менувањето на името на државата. Бидејќи во Европаленд сите важни одлуки се носат во Брисел, а малите држави имаат многу ограничени можности да направат нивните интереси да бидат земени предвид, вели Кочи.

Можеби еден ден, наведува Кочи, „ЕУ ќе сфати дека Република Македонија, поради нејзината геостратешка локација, им е многу важна на нив и обратно. И можеби тие 'ќе молат' да ве имаат како член. Под уставното име“.

- Но, дури и ако македонските граѓани одлучат дека тие ќе добијат повеќе поволности ако станат членки на НАТО и ЕУ сега во замена за жртвата да се промени името на државата, тоа не е крајот на светот, оценува амбасадорот Харалд Кочи.

http://www.novamakedonija.com.mk/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom